Македонија пред банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
Те разбирам, очигледно убаво си живеете.
Овие цифри не значат дека секој убаво живее (ниту цифрите се нешто посебно добри), но се живее. Како и пред 10, 20, 30 години. Се турка :)
 
а демек оваа опозиција што ја имаме многу убаво ја работеше економијата
не е далечно минато рајтеон навратсе види



не му верувам ни јас во двата случаи
кризата е очигледна
но не банкрот




не се обидувај политика да внесиш на ваква тема

добро де не го спориме фината приватизација..ама налет тука е и окта и телеком..па се офајдија сите Елитисти ама народот никако..:helou:

мене ме мачи што сега со кризава,имено смената на министерот на крај краеви кажува дека нешто не е како што треба да биде....ама ај надежта последна умира:toe:
 
Довчерашниот министер Славевски го изјави тоа, не јас. :tv:
Очигледно бродот тоне, тоа ми стана јасно кога аналфабета туриле за министер за Образование.


една паметна работа не кажа досега
отвори тема незнаеш да ја браниш

единствено нешто ти е сизјавата на Славевски

иако многу дискисии заминаа подлабоко, ти бидејќи незнаеш како да се вклопиш се навраќаш на неа
 
Добро, така нека биде. Јас не се вклопувам. Но само сети се кога бев со ник Branko is Back, што ти кажав, тоа веќе се остварува.:smir:
 
Може малку податоци,колку да знаеме дека за Македонија зборуваме,а не за друга земја:smir:

Предлог буџет на Р.М. за 2009 година,планиран на крајот на 2008:

-Буџетот на Република Македонија за 2009 година е 164 милијарди и 215 милиони денари. Приходите се проектирани на 153 милијарди и 215 милиони денари, а дефицитот е 11 милијарди и 584 милиони денари што е2,8 отсто во однос на планираниот БДП.
Во вкупните приходи најголемиот дел 59 проценти се планирани од даночните приходи кои се предвидени на повисоко ниво од 9,3 проценти. Во рамки на расходите предвидени се 4,2 милијарди денари за исплата на субвенции на земјоделците, 20 милиони евра дополнителни средства за изградба на повеќе патни правци, 18,2 милиони евра за образованието... Проектираниот дефицит ќе се финансира со странско задолжување.

И дојде Јануари месец,па февруари,па март...Состојбата одеше вака во бројки
- Македонија со БДП од -0,9 во првото тромесечие.Доколку и второто е негативно,влегуваме во рецесија.

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=09.04&rbs=1

-Трговски дефицит за 5 месеци е близу милијарда евра
http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=13.01&rbs=1
-Покриеност на увозот со извоз е 50%

-Нето приливи во капитална сметка се намалени за 40%,што доведе до топење на девизните резерво на милијарда и сто осумдесет и четири илјади
http://www.nbrm.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=92B6702FA0069A4FB835ABE385656206

-Извозот е намален за 34,5%,а увозот за 16,7%.најголем пад во металургија и текстил
http://www.nbrm.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=92B6702FA0069A4FB835ABE385656206

-Пад на индустриското производство од 15,3%
http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.01&rbs=1

Следеше ребаланс на буџет во Април:
http://forum.com.mk/_tools/pdf/2059/article
Во кој се наведува:
Пад на извозот од истите месеци лани за 44% и дефицит од 12% од БДП,наместо проектираниот од 2,8%

Бидејќи се створи огромна дупка,приливите се намалија за 10% само во првите три месеци,дојде ред на записите од Славески за кој се знаеше дека се издаваат за да не дојде до клуч на влада.И он им писна,до 9,4%:

http://www.nbrm.gov.mk/default-mk.asp?pmenu=dz2

И како што гледате има рок на достасување и сума која треба да се плати на тој и тој датум.Сигурно на овие крахови мислеле кога панично се задолжуваа.

На тоа НБРМ му одговори со дигање на каматите на благајничките записи од 9% и задолжителна резерва од 10% на 20%.Домино ефектот донесе каматни стапки кај банките до 15,9% и стоп за кредитирање на стопанството кое е неликвидно и има проблем во рефининасирањето.
И доаѓаме до извештајот од 1 јули во кој дава убав опис на макроекономските случувања од мај до јули и моментот за кој се фаќаат вечните оптимисти е пораст на девизните резерви за 41,8 милиони евра!!!Без разлика што сега се само милјарда сто шеесет и шест и загуба на пола милијарда во одбрана на девизен курс.:)Потоа и делот:
Иако ваквите движења даваат позитивен сигнал за постепено стабилизирање на очекувањата и позитивни поместувања во надворешниот сектор, сепак с¢ уште е рано да се оцени дали станува збор за промена во трендовите или пак за краткорочни промени

И само во април рекоа:
Дефицит од 2,8%,ама ништо од оптимизмот:)
http://www.vicepremier.gov.mk/?q=node/447

И ја издадовме обврзницата од 175 милиони долари со 9,8%.Значи три години ќе плаќаме камата од скоро 10%,а третата година треба да ја дадеме главнината или 175 милионки.
Освен тоа овие записи треба некој да ги врати,како што гледам инвестиции во 2009 нема,приходите намалени само во првито квартал за 10%,во вториот ребаланс чекаме уште нови 15%.Расходите исти,дефицитот милијарда.

И да,најлоши сме од соседите,да ги пребарам споредбите и ќе оставам линк.
И немојте да ми споредувате Македонија и Германија или Македонија и Грција или Словенија,аман!може само со Србија,Босна,Албанија,Хрватска,Полска која патем има економски раст и слични земји.
Повелете:
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2663110&postcount=332
Ги барам податоците на јавниот долг кој треба да се сервисира редовно.И намалениот рејтинг на степен од ризична земја.

Мислам дека сме пред банкрот ако продолжиме со политика на расипништво,зголемување на увоз и зголемување државна администрација секојдневно!Бидејќи вака веќе одиме две и пол години,ни фали уште пола година да го допреме дното со оваа динамика.


 
Никој нема нешто да реплицира ?

:tv:
 
е сега не не погоди ама влеговме како последица на кризата во САД??

не ти го разбирам одговорот - нешто ми наоѓаш замерка дека напишав дека не не погоди ФИНАНСИСКА криза (како САД), но влегуваме во ЕКОНОМСКА криза (како последица на светската, предводена од САД).

и не го гледам линкот, па да го повторам прашањето:
дали може некој линк да пратиш кои се ТИЕ и што велеа?

значи - кои се тие што рекле дека нема да има криза во македонија и каква?
 
Никој нема нешто да реплицира ?

:tv:
Што да се каже, не ни е првпат со обврзници да се бафта Македонија. Но за жал сеуште не сме банкротирале (барем не оние БизМисмените). Идејата вели е стара, од 1996 година, али тога било друго време, рејтинг -0.
Идејата за еврообврзници е задоцнета, сметаат експертите


25.04.2005 00:00 Одбра ли Владата модел за тивка девалвација на денарот, преку воведувањето на еврообврзниците? Експертите сметаат дека идејата за државни обврзници кои би котирале на странските пазари е дури и задоцнета.
А1 објави дека дел од советничкиот тим на Бучковски предлага многу скоро да се издадат еврообврзници, на минимум сто милиони евра.
Интересот на странските банки и компании за обврзниците ќе биде во каматата што Македонија ќе ја плаќа за нив, а македонскиот ќар е свежи пари.
Првите македонски еврообврзници ќе бидат издадени во декември

28/11/2005
Македонија ќе ги издаде своите први еврообврзници до крајот на оваа година, како дел од својата целокупна стратегија за зголемување на својот капацитет за позајмување и привлекување на инвеститори. Средствата од издавањето на обврзниците ќе бидат наменети за рефинансирање на долгот на земјата.​
Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје – 28/11/05
ЉУБЕ ТРПЕСКИ СО КОНТРА УДАР
Владата на Бучковски изгубила 20 милиони долари од државни обврзници Поранешната Влада изгубила 20 милиони долари затоа што јавно обелодени дека со обврзници ќе го откупува долгот кон Парискиот клуб на доверители, обвини вчера поранешниот гувернер Љубе Трпески.
И банкарите против еврообврзници


05.05.2005 00:00 Уште едно „не“ за проектот еврообврзници предложен од советничкиот тим на премиерот Бучковски. Денеска против ваквиот начин за заживување на економската состојба во државава се изјаснија банкарите.
Но и првиот човек на Централната банка незаинтересирано одби да ја коментира идејата за еврообврзници.
„Не е на Централната банка. Централната банка од аспект на монетарна политика може да оценува како тоа ќе влијае, не ако се одлучи Владата за таква работа“, изјави Петар Гошев, гувернер на Народна банка на РМ.
За главниот човек на Охридска банка проектот еврообврзници е избрзан, недоволно осмислен предлог кој нема да внесе конкуренција во банкарството и да ја стимулира инвестициската клима, туку ќе ги задолжи идните генерации.
„Мислам дека е тоа пребрзо формулирана политика, без да биде целосно проучена и да бидат согледани последиците. Нека извршната власт ги смалува каматите со создавање на услови за активирање на реалниот сектор во делот на производството и јакнење на нашата економија, а не само со внес на капитал, кој ќе ја зголеми задолженоста. Идните генерации треба тоа да го враќаат“, рече Најденко Поповски, Охридска банка.
Директорот на Стопанска банка, кој истовремено е и еден од бројните советници на Бучковски, одби да се изјасни дали е „за“ или „против“ воведување на еврообврзниците. Можеби како банкар размислува поинаку отколку како советник.
„Па добро, доколку ме праша Владата, одговор ќе биде према Владата“, вели Глигор Бишев, Стопанска банка Скопје.
Во владиниот економски тим расте судирот на различни економски концепти што околу себе ги собира Бучковски. Освен за советниците кои го предложија, проектот е вреден и за министерот за економија, Фатмир Бесими, но уште од стартот отфрлен од министерот за финансии, Поповски.
Некои аналитичари тврдат дека преку еврообврзниците луѓето околу Бучковски, особено советниците бизнисмени, бараат модел за ослободување на монетарните стеги и тивка девалвација на денарот.
За Бучковски пак, проектот е примамлив, оти во услови на катастрофални економски резултати е единствена шанса за влез на свежи пари во пресрет на идната изборна година.
Сеуште мрдаме?

Еве ја и сегашноста
Македонија продаде еврообврзници за 175 милиони евра


На 8 јули на сметката на НБМ ќе стигнат 175 – те милиони евра што државата ги обезбеди со вчерашната продажба на евробврзниците во Лондон.
Државата ќе треба да им ги врати парите на купувачите на обврзниците на 8 јули 2013 година со годишна камата од 9,8 насто. Ова значи дека освен целата сума од 175 милиони која ќе се врати по три и пол години, ќе треба годишно од државниот буџет да се плаќаат по 17 милиони евра или за три години 51 милион на име камата. Готовите пари, според министерот за финансии Трајко Славевски ќе се наменат за покривање на буџетскиот дефицит и за сервисирање на долгот кон странство. Според Славевски, продажбата на еврообрзниците е по барање на стопанствениците во земјава која барала буџетскиот дефицит да се покрие од надворешен извор.
Историјата (пардон, економијата) се повторува, се менуваат само играчите.

Да не беше гугл, ќе заборавиме дека економијата до 1995-1996 година практично банкротираше :)

Еве нешто и за големината на администрацијата и постојаниот пораст на буџетот (тешко со вакви реформи)

Никола Поповски: „Немаме голем буџет, туку лошо структуиран“


Се добива впечаток дека министрите за финансии се менуваат но буџетската политика останува иста. Омилена реченица на СДСМ пред изборите беше буџетот е полн џебовите на граѓаните празни, сега тоа го вели опозицијата?
Не сум сигурен дека е така. Буџетот во оваа година ќе биде значително помал од минатата за 10%, а тоа во буџетски рамки е многу голема работа.
Меѓутоа намалувањето не е знак на некоја промена во буџетската политика туку тоа е одраз на намалувањето на воениот данок. Ќе се согласите со оценката дека Македонија има преголем буџет?
Ако разговараме објективно немаме голем буџет имаме лошо структуиран буџет. Вкупната јавна потрошувачка во Македонија е 32% од бруто домашниот производ. Буџетот е две третини од вкупната јавна потрошувачка. Но разните закони кои ги превземал буџетот години наназад создаде структура на буџет која е тешко менлива. Моја приоритетна цел е да се смени таа структура, но преку ноќ не се менува.
Во ’98 година како последна година на СДСМ буџетот тежел 746 милиони евра сега тежи милијарда и 86 милиони? Не мислите ли дека кога платите се исти државата зема се повеќе да ги финансира своите потреби?
Да тоа е точно но не за свои потреби. Да кажеме дека во критичните години што содржи буџетот 2004 а што не содржел 98. Заради структурни реформи и прифаќање на ставот дека загубарите не можат вечно да бидат на товар на буџетот ние ги затвораме со ФЕСАЛ или ги продаваме на приватни сопственици.
Сите работници кои ги губат работните места така ние им ги плаќаме пензиските и социјалните издатоци. Второ ’98 и 2004 се разликуваат по 2 вида на обврзници, обврзниците за старото девизно штедење, обврзниците за денационализацијата коштаат неколку милијарди во буџетот. Ние сега од буџетот финансираме плаќање на 4 милијарди обврзници од буџетот.
Да но сите овие трошења не можат да бидат повеќе од 10% од буџетот во 2004 година?
Јас набројав само пример. Сите нови политики кои ги создавале владите лесно влегуваат буџетот и создаваат кумулативни трошоци. Во јануари 2004 ќе почнам со реструктуирање на буџетот онаму каде што тоа е можно. Можеме делот на платите за администрацијата да го намалуваме.
Но еве за буџетот во 2004 не го правите тоа, најавувате реформи во јавната администрација а за 2004 нивото на платите е пак поголемо за 3 милиони евра од годинешното?
Ако споредите колку е фондот во буџетот тоа е огромна бројка 21 милијарда 3 милиони евра се занемарлива големина. Меѓутоа бројот на вработени порасна поради рамковниот договор, и ние ќе мораме да го намалуваме бројот на вработени за да го задржиме истото ниво на плати.
Дали не ве загрижува тоа што 120.000 се под капа на државата?
Морам да ве исправам дека само 70.000 се под капа на државата и 25.000 во здравството и другите фондови. Јавните претпријатија сами си обезбедуваат плата. Ние оваа бројка од некаде 100.000 ќе се обидеме да ја намалиме за 4% но немојте да очекувате дека која било влада ќе ја намали администрацијата веднаш за 20% пример.
Мора да ги зачуваме функциите на државата и мора одиме постапно. Ако од периодот кога стекнавме независност кога имавме 60.000 администрација ја задржевме сега ќе имавме супер структуирана администрација за нашето стопанство. Сега мора да се враќаме назад и да ја намалуваме.
Со оглед на лошите перформанси на стопанството од каде оптимизам дека догодина даночните приходи ќе бидат поголеми а царинските приближно на годишните. Бидејќи во Управата за јавни приходи се изненадени од вашата прогноза?
Нашите прогнози се точни. Ако зборуваме конкретно за ДДВ прогнозите се влечат врз методологија која не е македонска таа е меѓународна.
А зошто во Управата за јавни приходи биле изненадени прашале какви корекции ќе направите во ДДВ за да ја зголемите наплатата?
Анонимни експерти од управата не познавам таа има колегиум, ние комуницираме со управата службено таа е во наш состав. Значи наплатите на ДДВ ќе се зголемат и тоа е точно. Прво имаме 4% раст, наплатите се по ДДВ се зголемуваат по тој основ.
Второ кај еден од приходите на ДДВ настанува промена на стапката уште пред 8 месеци од 5 оди на 18%. Кај царините имаме предвидено намалување и тоа значајно, и е предвидено на ниво од 10% и тоа е многу јак удар.
Правиме заеднички проценки со нашиот сектор за даноци и царинската управа, тука соработуваме и со меѓународната методологија, тие еднаш ја успорија но се увиде дека нашата проценка е точна.
Намалувањето на царините доаѓа од тоа што македонската економија се либерализира, само царините кон Словенија се зголемуваат зашто влегува под режимот кој го имаме за ЕУ.
Некои договори за слободна трговија се либерализираат што значи сплетот на сите тие дава помала стапка. Македонија има пондерирана царинска стапка од 3,5%, значи царината што се наплаќа на вкупниот увоз е 3,5%. Значи имаме многу либерализирана економија.
Уживајте, за макроекономијата имало и ќе има кој да се грижи. Курсот не е променет од 1995 навака, така да...

Посебно радува фактот дека голем број граѓани заминаат на ефтин одмор во Грција, тоа значи добар стандард :smir:
банкрот блуз бенд :)
 
Треба да си имаш некој проблем со себе да неќеш некој да ти даде 3 милијарди евра. Денес живееме во свет на кредити, кој незнае да искористи ќе стои во место и ќе си се теши.
Користат луѓево и државите кредити, ама знаеш како вели поштарот мој: Извадов пари од о.к. кредит едно три пати сега не можам да го вратам ме врзаа начисто.
 
Никој од овие оптимистичките александровци не писна после Леандра......да не отидоа да се опијанат??? :)
 
да почнам од овде:


Многу ја сакам НБРМ. Толку прави податоци на едно место, само да знае некој да ги чита... Гледај што има последниот месец:
Број на аукција--Датум на одржување--Понуда--Побарувачка--Реализација
DZ2009/15-91 --- 07.07.2009---500.000.000---806.810.000--- 500.000.000
DZ2009/07-182dk-07.07.2009---600.000.000---1.225.600.000--600.010.000
DZ2009/03-357dk-23.06.2009-1.000.000.000--1.453.350.000--1.000.000.000
... (ми ја распиа форумов табелата, ама види ја понатаму на сајтот)...

Тука гледаш дека РМ (Трајко?) бара 500.000, и се нудат 806.810, РМ бара 600.000, и се нудат 1.225.600....

За ваша жал НЕ СЕ СИТЕ ПЕСИМИСТИ ВО ОВАА ДРЖАВА. Напротив. Има повеќе кои „и' веруваат“ (дека нема да биде банкрот). Дупло повеќе отколку што и' треба во моментот. Ќе си заработат луѓето 10%, зошто да не? Ќе им ги вратиме (ние - РМ), како и до сега што сме си го сервисирале долгот. Може да се вратиш 2 години назад на истиот линк кон НБРМ, ќе видиш дека износите не се нешто поголеми сега од порано (а и нормално е да се зголемуваат постепено?). Се враќале и ќе се враќаат.


Можам речиси сите работи да ти ги коментирам дека НЕ ВОДАТ КОН БАНКРОТ, или во твоите „медицински“ споредби дека не водат кон смрт. Да Македонија е болна (од кризата), ама се бори и не е така лошо. Да, прима лекови, па црниот дроб е оптоварен, ама нема да умре (банкрот). Ме разбра ли?

Сигурно дека кога си болен и кога примаш лекови не треба да пиеш алкохол и други активности... :-)
 
Што да се каже, не ни е првпат со обврзници да се бафта Македонија. Но за жал сеуште не сме банкротирале (барем не оние БизМисмените). Идејата вели е стара, од 1996 година, али тога било друго време, рејтинг -0.

Сеуште мрдаме?

Еве ја и сегашноста
Историјата (пардон, економијата) се повторува, се менуваат само играчите.

Да не беше гугл, ќе заборавиме дека економијата до 1995-1996 година практично банкротираше :)

Еве нешто и за големината на администрацијата и постојаниот пораст на буџетот (тешко со вакви реформи)


Уживајте, за макроекономијата имало и ќе има кој да се грижи. Курсот не е променет од 1995 навака, така да...

Посебно радува фактот дека голем број граѓани заминаат на ефтин одмор во Грција, тоа значи добар стандард :smir:
банкрот блуз бенд :)

Ти ова озбилно го сметаш за факт дека сме ликвдини?

alek34 напиша:
Ме разбра ли?

Алек економија се брани со податоци.Ако ги немаш,не продавај празна слама низ 5 страници.Ме разбра ли?:)
 
Никој од овие оптимистичките александровци не писна после Леандра......да не отидоа да се опијанат??? :)
Трезен сум сеуште ама не ја читав Леандра многу црни прогнози има ќе ми го расипи расположението пред Пивофестов :).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom