МАКЕДОНИЈА ОД НЕРВОЗА СЕ НАВЛЕЧЕ НА АПЧИЊА

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Шокот од недобивањето покана за влез во НАТО, македонските граѓани го ублажуваат со седативи и антидепресиви. Од трети април кога Македонија од Самитот во Букурешт ги доби првите навестувања за лошата вест дека нема да добие покана за членство, во аптеките почна да се зголемува побарувачката на седативи. Најмногу се бара диазепамот, лек кој и така лекарите најчесто го препишуваат за заштита на срцевата мускулатура од стрес.

Дека грчкото вето ги погоди Македонците, потврдуваат и од Клиниката за неврологија во Скопје. Од оваа клиника кажуваат дека последната недела е забележана поголема фреквенција на пациенти. Посебно на лица кои се жалат на главоболки, а има и такви со анксиозно - депресивни синдроми.
"Слободно може да се каже дека зголемениот број на пациенти се должи на напнатата политичка ситуација, посебно за време на НАТО самитот во Букурешт. Сигурна сум дека и по другите болници и аптеки имало пациенти со вакви симптоми, оти целата ситуација не погоди сите", вели д-р Вера Петрова, директорка на Клиниката за неврологија во Скопје.

Во другите болници низ Македонија кои третираат вакви или слични состојби официјално не одбиваат да соопштат дали им е зголемен бројот на пациенти, но неофицијално признаваат дека им се вжештиле телефоните од повици на граѓани кои барале лекарски совети како да си го симнат високиот крвен притисок, како да престане да им чука забрзано срцето од нервоза, или со кој лек побрзо да заспијат. Нивна проценка е дека најавата за предвремени избори во јуни само ја продолжува неизвесноста за судбината на земјата и преговорите за името, па веројатно седативите и антидеприсивите и во наредните месеци ќе бидат најбарани лекови.

"Пациентите најчесто се жалат на вознемиреност, но има и такви кои тврдат дека се во депресија од големото разочарување по политичкиот удар од Грција и веќе со денови не можат да се смират", вели еден доктор по општа медицина.

И од аптеките, кои ги прошетавме изминативе два дена, потврдуваат дека засилено им се трошат седативите и антидепресивите. Бидејќи може да се издаваат и без лекарски рецепт, велат фармацевтите, поголемиот број граѓани овие лекови си ги купуваат на своја рака, без препорака од лекар. (И.С.)

извор
[/FONT]
 
Хмм, не ми се верува дека е од НАТО самитот, да им беше до тоа, немаше да прават редици пред гејска амбасада.
 
абе овие од вест се уби боже... темава им е лудница...
поради невлегување во нато... еве сега ќе се самоубивам...:toe:
и на насловна дан ја имет ставено вестВа на годината...:tapp:
 
A временскава состојба како фактор за главоболките никој ли не ја гледа ?
 
абе овие од вест се уби боже... темава им е лудница...
поради невлегување во нато... еве сега ќе се самоубивам...:toe:
и на насловна дан ја имет ставено вестВа на годината...:tapp:

Ќе се сложев со тебе 100% да не беше во мој случај апсолутна вистина. Татко ми 2-3 дена беше сериозно вознемирен со целава Нато работа, меѓутоа сметам дека како и татко ми, сите тие шо се вознемирија и почнаја да се дрогират...ерр да се смируваат, се луѓе на кои само им треба некоја причина (не особено добра) за тоа да го направат...

Најчесто се луѓе кои немаат ништо попаметно да прават....:nesum:
 
можда... не велам не ама...
не дека јас не се изнервирав со грчиштава ама... да влијајт то на здравјево... мислам... :nenene:
пак можда ко ќе пораснам поинаку ќе размислувам:pos:
 
Ајдааааа и со седативи почнавме.., се сомневам дека е поради не влегувањето во нато, туку луѓето си имааат финансиски проблеми, времето е катастрофа, се поскапува...

Едно прашање, Дали хаваријата во Албанија, со пожарот експлозивите, не се испуштија во атмосферата штетни и отровни гасови, хаваријата во србија со галеника што беше пред една недела, дали и таму не се испуштија феноли во воздух, ацетон, растворувачи.., зар не може ова полуција од соседните држави делумно да премине и кај нас, можеби и ова се причините од зголемените главоболки и нестабилни психички состојби...
 
Јас значи ич не се вознемирих од таа одлука, а и шо ќе се возбудувам некак знајаах оти така ќе биде. А низ мојта маала гледам стари човеци очите си копат за таа работа, се им е тај маабето. Одаш си низ улицата слушаш си музика и ќе ти дооо некој старуљ : - „ Синчее, не не примаа, ах тии грци бетер од ѓавол се. Од грк синче беги како од огин...“ дрн дрн дрн дрн дрн да не смее човек да си седне негде на мира. Саа знам оти им е мака ама до толку да се опседнани тва нешо невозможно.
 
Мене најголем стрес ми предизвикуваше можноста дека некој ќе се осмели да чепне по името, а напротив, како седатив ми дојде тоа што не не примија не поради што не ги исполнуваме условите, туку поради тоа што сме Македонци.
 
Imam povazni raboti otkolku da se klokam so sedativi za dali ne primile vo NATO , ve molam za toj problem treba da se razmisluva so "trezna" glava a ne izdrogirani.
 
:pos2: gluposti zivi.Najveke se iznasmeav na vestite na Sitel imase anketa za toa sto mislat graganite za naseto "nevleguvanje" vo NATO.
Dve babi placea ejjj kao lelelele mnogu tazno sto ke pravime sega smrk smrk:pos2: :pos2:
Ne zezajte ako ne pa site od utre na diezapami ili leksiliumi...
 
Проблемот кај нас е што мноооогу голем дел од лековите, меѓу кои и јаките опиоди, антидепресивата и слични можат да се купат слободно во секоја аптека без рецепта за доста ниски цени, што значи дека се многу лесно достапни за широката народна маса, и доаѓа до невероватна злоупотреба на истите и во одредени случаи и тоа често до завист. Треба да се легулира тоа, на начин што такви лекови треба да се достапни само со рецепта, значи после лекарски преглед и утврдена медицинска индикација за истите. Е сеа коа ќе им текне на дотичните власти тоа да го средат не се знае.
 
Проблемот кај нас е што мноооогу голем дел од лековите, меѓу кои и јаките опиоди, антидепресивата и слични можат да се купат слободно во секоја аптека без рецепта за доста ниски цени, што значи дека се многу лесно достапни за широката народна маса, и доаѓа до невероватна злоупотреба на истите и во одредени случаи и тоа често до завист. Треба да се легулира тоа, на начин што такви лекови треба да се достапни само со рецепта, значи после лекарски преглед и утврдена медицинска индикација за истите. Е сеа коа ќе им текне на дотичните власти тоа да го средат не се знае.
Многу убаво напишано.
Ама знаеш коа ке им текне....НИКОГАШ!!!
Битна е ганџата да се истреби,а шо се навлекуат млади луге на апчиња секојдневно,тоа...не претставуе некој проблем.Има време за тоа прашања,на некоја нова седница на влада ќе се реши.Идиоти.
Ова го праат сите влади шо досега биле на власт у Македонија,немој да помислите дека зборуам за сегашнава.Не е битно кој е на власт,кога оваа тема ке се стави на маса,сите добиваат пролив изглеа и треба да одат....
 
А бе овие од ВЕСТ значи,само некој безвеза теми на насловна ставаат.И само измислуваат нешто.Ц ц ц ц......
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom