Мaкедонија - Исланд [ 20.01.2014 - 16.00 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Каков ќе биде конечниот исход?


  • Вкупно гласачи
    136
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Све што треба да се каже, све е кажано. Само ме чуди како може некој да ги фали крилата, а да го критикува толку Прибак и да го прави послаб и од Митков?? Па освен Лазаров, Прибак беше тој што ги проигруваше крилата и што им делеше асистенции. Главни асистенти денес беа Лазаров, Миркуловски и Прибак. Изнуди еден седмерец, не правеше технички грешки. Може беше дебилно тоа со измената, ама не мора до толку да се критикува, а успат да се бара Пецаковски да добие нешто повеќе од тие 10 минути кога истиот тој за 10 минути немаше ни шут, ни асистенција, ниту пак придонесуваше да се рашири одбраната. Кој ми ги читал моите постови знае дека во првата фаза секогаш го сакав Ангеловски како прва постава за лев бек, ама па и он сеа нека не се мисли дека е Палмарсон и дека ако имал 3/4 за шут, на крај ќе имал 8/9. Слабо асистира и е најсклон кон технички грешки. Факт е дека требаше Прибак повеќе да го уиграат и да добие повеќе минутажа на пријателските натпревари, ама сигурно целта им било првин да се обезбеди втора фаза па повеќе ги уигруваа Ангеловски, Стојчевски и Пецаковски.

Тоа со честата ротација не ми сметаше на овој натпревар, ама против Чешка ме извади од кожа. Едно време мислам дека баш поради таа ротација не знаеа нашиве што прават на теренот.

Кој го гледал Никола Маркоски оваа сезона во Металург знае дека не треба да добие ни минута да игра во напад. Во одбрана може требаше да добие шанса на двојка или петка, зошто Стоилов беше единствен од пикерите што можеше да придонесе во нападот и може требаше да биде посвеж. Димовски е готов, фалеше уште да го тапкаат по рамо кога ќе го наместеше противничката одбрана на пробив или грешка.
 
Хахахха кога ги читам муабетиве ми текнува во Србија кога игравме кога викаа дека ни ги пуштаат утакмиците пошто сме им ги пунеле салите. Која атмосфера ја имало тогаш еј, дефинитивно фали многу на утакмициве имам неколку клипови што сум ги зачувал од тогаш има многу работи што не се гледаат на камерите, пр. Кире после секој гол скоро идеше се дереше кај навивачите: ПОЈАКО МОМЦИ АЈДЕ! Или пред утакмица се фрлаа едно 10-15 дресови у публика сигурно.

Ајде да се избориме до крај барем со Шпанциве, ќе играме за гордост утре па чим ебаниве Австријци можеа со нив до крај да се држат можеме и ние!
 
Абе дечки тоа е тоа, освен што играта ние на пониско ниво од онаа игра што ја имавме во Србија на првенството, голманот ни е дрво невидено,а баш како што кажуваат дека голманот е половина екипа,тоа се покажува и во пракса, ете една Шпанија која според мене само таа има послаби голмани од нашата селекција стравуваа до сам крај против една Австрија, само што има подобри поединци од нас па тоа и не се осеќа многу.
А што да се каже за Борко, невидено дрво е цело првенство, најголемиот виновник е тој и притоа се понаша како невиден дебил, после секој примен гол се смее како некој недоветен наместо да ја земе топката да тргне брз центар, но и не е тој крив за тоа, толку му допуштаат, т.е му допуштаат да си игра курташак
Мислам дека редно време е да го одјебат и да земат некој помлад голман како на пример Митревски.
На крај краева испадна дека сепак Шундо бил во право :pos:
Треба некој да има каже дека кога имаш зицер треба да дадеш гол
Се на се потпросечен настап на нашите на ова првенство, се очекуваше повеќе , али тоа е тоа, ќе мора да се менува нешто, почнувајќи од голманската позиција, за другите позиции и да се смени нешто, мање-више квалитетот е тој, побитен е пристапот кон играта, тоа е тоа што после голманот ќе мора да се промени ;)
 
Никола Марковски,високо дете,суртук од над 195...да,вакви деца ни требаат....
Но не заборавајте,дечкото сезонава е тотално во аут во Металург,едноставно служи за бришење на прашината на клупата...
И во тие минути шо ги доби/ваше правеше почетнички грешки...
Можеби за одбрана би бркал работа,ете ја поминува школата на Лино,би требало да е изделкан колку толку за одбрана,но сепак за напад не би можел да јја врши работата на Ванчо и Столе,но сепак може да се доизделка,сеуште е доста млад,има време...но требаше да добие некоја минута,барем во одбрана ако ништо друго,макар и менувале по тројца на секоја транзиција напад/одбрана....
Но пак доаѓаме до тренерите..
Многу ми се допаѓаше Вујо кој знаеше да ископа играч,тој ги направи играчи Столе,кој беше заборавен од Лино,кариерата му ја поеба Лино,дојде во клуб каде шо доби минутажа и распали,Македонија доби класа пикер за наредните 10 години,Велко Маркоски,Никола Митревски во Вардар го имаше најдобриот дел од својата кариера....Пецако добиваше шанса пред да се повреди...
Тоа е големината на еден тренер,не е само земи странци и терај...
Но кај нас менталитетот на играчите е подруг,ќе добијат висока понуда,плата неколку пати поголема и заминуваат,со самото тоа прават стагнација во кариерата..
Замислете каде ќе беше сега со квалитетот еден Никола Митревски ако играше во прва постава во било кој друг(посолиден)клуб...
Овај проблем е подлабок,немањето квалитетна лига каде шанса ќе добиваат повеќе наши играчи..
Гледајте ја Хрватска,грото од квалитетните деца доаѓаат од провинциите,но таму се работи од најмали нозе,децата добиваат салам тренинзи,се вложува во академиите,кога ќе достигнат некое ниво ќе се пробаат во Загреб и оп,одма свежина во селекцијата,така излегоа сите тие таленти,но треба да им се дава шанса со време,на 17,18,19 години,не на 25...тогаш е џабе....
Еден Дувњак го памтам уште од времето кога играа со Вардар во 1/2 финале на КПК,детиште 16,17 години,уште тогаш го фрлаа во оган...затоа и прават играчи..
Еден Гајиќ во Цеље играше од 16 години,и тоа покрај играчи како Жикица Милосављевиќ,Роман Пумгартник итн...
Нашите тренери како да немаат храброст да уфрлат играч,освен ете Манасков и Џомба шо се заслуга на Лино...
Не мора по 3,4 наеднаш,по едно дете да вадиме годишно од било кој клуб ќе биди успех....
А ние немаме ништо извадено,за жал...
Зошто сега да не земеа едно од тие деца,Нелоски,Талески итн...високи деца,барем да беа на клупата ако ништо друго,да добиеја на искуство како е да се присуствува на едно големо натпреварување...
За оние шо не знаат Лазаров уште 16 години во Пелистер беше во прв ти,беше замена на една легенда како Новокмет,но се челичеше,добиваше минутажа...
И оп на 18 години,кога замина Новокмет Лазаров стана прв десен бек и главен играч на тогашниот шампион,играше ЛШ со еден Ковопетрол и беше најдобар стрелец....
На СП во Египет 99,Цревото му даде голема минутажа,на само 19 години,да игра со еден Пепи Манасков..
Не е само Лазаров многу се,создававме играчи,некаде до таа генерација на Борко која го освои 4тото место на ЕП во Полска за младинци...
Оттогаш стагнација,излегуваат рандом некои таленти,но и тие се губат во клубските лавиринти....
Зошто?зошто немаме стратегија,РФМ само пред баражи и првенства е во фокусот на вниманието...а тие треба да бидат иницијатор на многу работи,пред се да предложат на седница со клубовите како да одиме напред...
Не се седниците само за тоа кој платил котизација,или кој не успеал да се трансформира во АД...
Нас ни фали една национална кампања за спас на ракометот,да се побара помош од Владата ако треба,да се овозможат услови за децата,имаме такви ракометни расадници на кои можат да им подзавидат многу земји во светот но не знаеме да ги искористиме....
Гледајте од Струга какви деца излегоа,и сеуште излегуваат,иако ги нема одамна во Супер Лига....
Се додека не се вратат ракометните центри,тие да бидат базата на репрезентацијата ништо не правиме,од стара слава не се живее...
 
Клучен момент за поразот од Исланд беше почетокот на вториот дел кога направивме израмнување на резултатот и напад за водство Борко наместо да даде топка во контра на Горгиевски тој истрча дури до противничкиот го и прими гол речиси од другата статива...
 
Клучен момент за поразот од Исланд беше почетокот на вториот дел кога направивме израмнување на резултатот и напад за водство Борко наместо да даде топка во контра на Горгиевски тој истрча дури до противничкиот го и прими гол речиси од другата статива...
 
Никола Марковски,високо дете,суртук од над 195...да,вакви деца ни требаат....
Но не заборавајте,дечкото сезонава е тотално во аут во Металург,едноставно служи за бришење на прашината на клупата...

Зошто сега да не земеа едно од тие деца,Нелоски,Талески итн...високи деца,барем да беа на клупата ако ништо друго,да добиеја на искуство како е да се присуствува на едно големо натпреварување...

Генерално се согласувам со тоа што го спомена погоре за како треба да се гради репрезентација и да им се дава шанси на младите. Имам само 2 забелешки.


Ако не грешам, Никола Маркоски ја пропушти скоро цела сезона досега заради сипаници. Немам поим зошто е воопшто повикан искрено бидејќи е надвор од натпреварувачки ритам.

А инаку за Нелоски, Талески и компанија, децата (тие што се здрави) имаа други репрезентативни обврски и играа квалификации за кадетско првенство во истиот период. Искрено многу поважно е таму да играат отколку да добиваат по 5 минути за сениори. Мислам дека единствен кој беше слободен и можеше да биде повикан од помладите а кој покажал некаков посериозен талент е Мартин Манасков. Не велам не можеби можеше да се оди со Манасков место Прибак, Стојчевски или Ангеловски.
 
Генерално се согласувам со тоа што го спомена погоре за како треба да се гради репрезентација и да им се дава шанси на младите. Имам само 2 забелешки.


Ако не грешам, Никола Маркоски ја пропушти скоро цела сезона досега заради сипаници. Немам поим зошто е воопшто повикан искрено бидејќи е надвор од натпреварувачки ритам.

А инаку за Нелоски, Талески и компанија, децата (тие што се здрави) имаа други репрезентативни обврски и играа квалификации за кадетско првенство во истиот период. Искрено многу поважно е таму да играат отколку да добиваат по 5 минути за сениори. Мислам дека единствен кој беше слободен и можеше да биде повикан од помладите а кој покажал некаков посериозен талент е Мартин Манасков. Не велам не можеби можеше да се оди со Манасков место Прибак, Стојчевски или Ангеловски.

Маџовски во каква форма е ?
 
Маџовски во каква форма е ?


Немам поим, не ги знам толку тие младите, нека си кажат навивачите на Металург каде што се повеќето, ама јас малку што го имав видено тој Маџовски не ми изгледаше на којзнае каков талент. Мене ми изгледаше на иден специјалист за одбрана... Дај боже да грешам...
 
Немам поим, не ги знам толку тие младите, нека си кажат навивачите на Металург каде што се повеќето, ама јас малку што го имав видено тој Маџовски не ми изгледаше на којзнае каков талент. Мене ми изгледаше на иден специјалист за одбрана... Дај боже да грешам...

Дечкото има солиден скок шут, висок е, а брз. Добро игра одбрана. Не ми е јасно зошто не го земаа, мислев дека него ќе го земат место да натурализираат. Но незнам дали игра, колку игра, во каква форма е. Тоа е работа на РФМ, но пак сега имаше можност да го земат и така бевме многу лоши на таа позиција.
 
Го гледав Маџовски во Радовиш пред некое време кога играа Металург Ј и Радовиш. Според мене нема ништо да биде од тоа дете, корпулентен можеби за во одбрана ќе биде добар ама ништо повеќе. За разлика од него Мартин Манасков е многу подобар играч, тоа дете мора да успее само ќе му треба уште малку висина. Имаше и едно друго дете многу високо, слабо мислам дека Крстевски се вика, среден бек игра и беше со кадетите во Хрватска би требало и од него да излезе нешто.
 
Убаво си кажа Томазино се, нас ни требаат стрпливи клубови за форсирање на наша школа деца..но за жал не е така.
 
Јас сум повеќе од сигурен дека Н.Марковски ќе беше далеку покорисен од Митков...Можи не играше цела полузесона за Металург ама ги помина припремите со репрезентацијата и би го заменил Стојанче на по 5-6 мин во двете полувремиња и то одбрана напад односно без дополнителна измена...А Димовски на 5 утакмици има 6 шута на голот ,ефект во одбрана нула истото би го изиграл во нападот и Н.Марковски плус би добиле и играч за во одбрана...
А ако не бил воопшто физички спремен за 10 мин по утакмица тогаш јас не знам шо барал воопшто на првенството...
И се сложвам со Tomsino и Xsargo дека дефинитивно требаше да се земи некој од децата на Металург мора да им го даваме и потребното искуство на тие шо за 4-5 години треба да ни бидат носители на играта.Оти како шо е сега ситуацијата кога ќе се повлечи Лазаров не очекува ПОТОП.
 
Уште неможам да се помирам со поразот оти ништо посебно не изигра екипата на ГАЈТАН ВЕЃИ !
Убо почнавме 4:0 заводивме, добар старт се држевме до кај 15та минута негде после од ко ни напраја серија 7:1 како да пропаднаја сите надежи !

Боркооо :facepalm: Овај 1 брани 5 не брани. Незнам шо толку трга во напад, ќе земи топка и оди во нивната половина, истата приказна секогаш ! :mad: Толку сака гол да дај ? Па тебе професијата ти е голман и нема шо кур да бараш напред, ќе си седиш во твојата половина ! Ако сакаш толку голој да даваш шо не почна да тренираш пикер дебел еден !!! Па тргна уште ја еба акцијата со додавањето на Георгиевски ни дадоја гол од нивната половина и се смеј уште :notworthy: тогаш нерви искинав!
Па кога ќе имаме пенал нека му ја дај Лазаров него нека мава пенал нека му се напрај ќефо и нека не трга напред поќе свинчето!
Стоилов продолжува со слабите игри...
Конечно разработија крилата ! На Манасков му тргна со пеналите, Георгиевски со најдобра партија на Европското !
Ангеловски се подобар и подобар, сега читам Обрван дури бил тренер нема да сметал на него највероватно поради изјавата после мечот со Исланд, епа нека си игра сега Ивица со Прибак кој е изгубен германец во екипата, неможи да се вклопи уште и само е од штета моментално ! Ангеловски за Прибак за на европкото е измислен !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom