- Член од
- 2 март 2007
- Мислења
- 4.576
- Поени од реакции
- 3.773
- Возраст
- 34
Све што треба да се каже, све е кажано. Само ме чуди како може некој да ги фали крилата, а да го критикува толку Прибак и да го прави послаб и од Митков?? Па освен Лазаров, Прибак беше тој што ги проигруваше крилата и што им делеше асистенции. Главни асистенти денес беа Лазаров, Миркуловски и Прибак. Изнуди еден седмерец, не правеше технички грешки. Може беше дебилно тоа со измената, ама не мора до толку да се критикува, а успат да се бара Пецаковски да добие нешто повеќе од тие 10 минути кога истиот тој за 10 минути немаше ни шут, ни асистенција, ниту пак придонесуваше да се рашири одбраната. Кој ми ги читал моите постови знае дека во првата фаза секогаш го сакав Ангеловски како прва постава за лев бек, ама па и он сеа нека не се мисли дека е Палмарсон и дека ако имал 3/4 за шут, на крај ќе имал 8/9. Слабо асистира и е најсклон кон технички грешки. Факт е дека требаше Прибак повеќе да го уиграат и да добие повеќе минутажа на пријателските натпревари, ама сигурно целта им било првин да се обезбеди втора фаза па повеќе ги уигруваа Ангеловски, Стојчевски и Пецаковски.
Тоа со честата ротација не ми сметаше на овој натпревар, ама против Чешка ме извади од кожа. Едно време мислам дека баш поради таа ротација не знаеа нашиве што прават на теренот.
Кој го гледал Никола Маркоски оваа сезона во Металург знае дека не треба да добие ни минута да игра во напад. Во одбрана може требаше да добие шанса на двојка или петка, зошто Стоилов беше единствен од пикерите што можеше да придонесе во нападот и може требаше да биде посвеж. Димовски е готов, фалеше уште да го тапкаат по рамо кога ќе го наместеше противничката одбрана на пробив или грешка.