Мaкедонија - Исланд [ 20.01.2014 - 16.00 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Каков ќе биде конечниот исход?


  • Вкупно гласачи
    136
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Така е бе Бранче. Со Мите Стоилов и факинг Митков требаше да тргнеме на Европско (y)

Требаше Раде уште на времето да го земат али тоа е, сите знаеме како што е.
 
Премногу сум разочаран од исходот на овој меч, можевме и моравме подобро. Исклучувањето на Прибак поради погрешна замена мислам дека ја сврте средбата, ни ги запре добриот ритам. Евтино ја продаваме националната гордост, прелесно ги даваме местата во репрезентацијата. Ова мислам и на Вугринец и на Прибак, кои однапред ги имаа обезбедено местата во репрезентацијата, а играчи како Пецаковски и Митков беа на работ на отстранување уште од подготовките во Пореч. И, Господ како да не казни за сите овие постапки со повредата на Мојсовски. Криво ми е што лесно го продадовме петтото место на претходното првенство односно го девалвиравме со некои чудни потези. Сега би сакал да чујам како на српско-хрватски јазик звучи ’Клавајте голови’“, ја отвори душата Ангеловски по мечот со Исланд.

Бранче и општо било кои играчи, никогаш не бираат тренер. РФМ ќе анализира што и како и они ќе одлучат. Неам никакв став во однос на Обрван дали да остане или да си оди, имаше погрешни потези и за тоа РФМ ќе си анализира. Нешто што ми се допадна е што им даваше минутажа на сите играчи. Тоа треба да продолжи ако сакаме во иднина комплетна репрезентација, а не само од 7/8 играчи и вади им ја маста.
Вакви мешања од играчи во однос на тренери, е во најмала рака непрофесионално.
Никако да не им се попушта на суетите! Туку за светското да успеат и Вугринец да го земат за да се намали влијанието на суетните играчи у репрезентација.
Ја би напраил уште еден потег би го тргнал Кире од шутирање пенали. Ќе го растеретиме од одговорноста во тој дел. ќе му се даде мотив повеќе да допринесува за репрезентацијата во игра.
 
Нема врска тоа што 90% од играчите ни се дрва, па така лесно сме го прокоцкале 5тото место, па и уште господ ги казнил со повреда на Мојсоски :pos:

Абе може мајтап да си играме до 101 и назад, ама факт е дека местото во репрезентација има вредност колку кило пиперки на пазар...
 
Со таа логика што ја објаснуваш, Кина треба да е светска веле-сила, заедно со Индија, во Европа на врвот да е Велика Британија, а ние да не се пласираме никад на некое првенство.
Јас ко што го сфатив, тоа и му беше поентата. Увек се вадиме на тоа 2 милиони, па 2 милиони.
Као народ генерално имаме комплекс на нижа вредност и немаме победнички менталитет. Тоа е факт. Додека тоа не се промени, нема да не биде. Покрај други икс причини.
 
Look at the positives - Добро е да изгубиш само со 2 гола разлика, без Палмарсон во игра за Исланд. Повеќе понатаму, на некои други првенства, со некои други деца ..
 
Може некој да ми каже кој победи...?
Не ги догледав последните пет минути.
 
Мора да се менува менталитетот, а тоа е пак нешто најтешко.
После секое првенство го дрвам дека на секоја репрезентација и треба психолог кој ќе работи со играчите. Кога имаме пад ниту Чак Норис не може да ги врати во живот.
Давање шанса на млад кадар, по потреба и на време натурализација на играч, а не во 5 до 12.
Континуирано вложување во репрезентацијата.
Под итно да се престане со тие глупави помпезни реклами од типот на фаланга, ранет лав и добри бевме, а ние го јадеме.
Но за жал сум песимист. Не сме ние од оние кои учат на грешки па менуваат. Тоа е и најголемиот наш проблем.
Криво ми е за поединци кои имаат талент а не сакаат да го извадат најдоброто од себе, обично еднаш блескаат и толку од нив.
 
Ние сме единствената репрезентација шо одиме со еден голман на европско првентсво....Место Диви требаше да биди или Митревски или Даскаловски....А не да чекаме само на Борко да го годат противниците за да има одбрани...Од 5 утакмици на една беше екстра - Австрија и на една солиден-Данска...На останатите три потпросечен....Е за победи со јаки репрезентации треба мин 16,17 одбрани од голманите без тоа ништо...
п.с.А за тоа шо вика Бранче факт е дека нашето не си го цениме , а странците ги величаме ... не само во ракомет туку во сите спортови
 
Одличен почеток на натпреварот, катастрофално продолжување... Исто беше и во второто... Бранче може само г.мна да јаде за Обрван... Даваше совети, ја смени одбраната во клучен момент во 5-1 и почнавме да ги стигаме... Проблемот е во нападот... Промаши Гоце, Миркуловски и Прибак под ред мислам дека беа во првото полувреме три зицери... Голманот им ги одбрани на ист начин, со десната нога во вис... И што е сега Обрван крив кога во нападот незнаеме гол да дадеме... Да влезе Обрван да игра напад место другите... Друго го критикува изборот на играчи... Па единствено можеме да жалиме за два играчи... Тоа се Раде Стојановиќ кој беше во одлична форма во Струмица и Темелков кој со една нога е подобар од Златко Мојсовски... Но да кажеш дека појачувањето со Прибак е лош потег е рамно на лудост... Па Прибак играше одлично во Вардар и солидно на подготвителните натпревари... Од кај да знае Обрван дека толку лошо ке игра на ова ЕП... Митков па ништо не покажа до сега... Како дух ми е во овој тим... За овој натпревар мислам дека клучно беше промашувањето на Кире на пенал при нерешен резултат и две минути исклучување кај Исланд... Од тој момент бродот почна да тоне... На тоа се надоврза и грешката на Борко и толку беше од нашиот тим... На крајот дадовме знаци на живот, судиите не пресекоа, посебно со исклучувањето според мене пре престрого на Стоилов и толку... Но вината не треба да се бара кај судиите... Вината треба да се бара во одбраната... Не е можно 4-5 гола да примаме од втор обид... Топката ја брани Борко се одбива до нив... Од одбраната нема кој да ја прифати... Тоа е...Со Шпанија не очекувам ништо посебно... Успех ке биде да избегнеме дебакл...
 
Де бе кај може земја со 300.000 жители да биде сила во ракометот, како тоа малку луѓе а победија со земја со 2милиона, е ова ви е истото кога губиме од помали нации по бројност и кога викаат некои кај ние имаме ракомет земја од 2милиона и толку било, еми Исланд медали има носено дома....и доста со такви дефетизми
Абе само добра огранизација и добра мрежа на контакти да имаме ... имаме супер лига со супер домашни клубови,но и тоа не знаеме да користиме ... форсираме странци цело време ... цела Србија ти е у Металург и Вардар , ќе си отиде еден , морало од Србија .... Пецаковски супер играше .... Моја основна критика е поставеноста на формацијата на одбраната на ова Европско ... цело време се форсира 6-0 ,па очекуваш да ти брани после добро ,кога у глава ти шибаат 100 км/ч топки ... видете Унгарија,Исланд, Австрија ,сите 5-1 одбрана .... голманот цело време со најмногу одбрани ,па кукаме ,добар ден имал ,пички дим .... како добар ден , кога цело време форсираш избрзани шутеви благодарение на пресинг од противниот играч .... башка не само тоа , на почеток од првите натпревари,се забораваа крилата да се користат .... денеска не заборавија ,супер ги користеа ... уште една потврда зш требаше 5-1 е кога почнавме да користиме ние 5-1 отприлика 20 минути при крај ,даде голем резултат , Исланд цело време беше приморано поради пресинг брзи шутеви ....После сум ти замарал , Вори престани :cautious:
 
ЛОШООООООО. Нема игра бе , само Кире ли да игра без подршка макар што и он не усра со пеналите , без голман , е тука странец да натурализираме. Миркуловски не се држи на нозе , лоша реализација , 5-6 лоши додавања 2 пати се лизна , 2 исклучувања за џабе , и Столе лош. Ме разочараа на првенствово Пецаковски(кој имаше 1 добар натпревар , ама головите ги даде кога беше решен мечот без многу пресинг и игра од противникот) и Стојчевски. Не знам колку и Мојсовски може да помогне кога нема уште барем еден другиграч. Играме и без крила ни лево ни десно асално , барем во Манасков ако не за игра барем за пенали ке го имаме .Здравје натака со уште 2 странци и некое ново наше име , ама нема кое , најверојатно ова ке биде ракометниот врв за многу години, евентуално светско нешто следната година а понатаму без Кире и Мојсо и без асален голман толку.
 
Што се глупира бе Бранче?
Или бара алиби за неуспехот со тоа шо ќе им наметне вина на "странците" кои играа за нас, иако реално ова не може да се нарече неуспех со оглед на ростерот на играчи со кои располагавме и никој не ни очекуваше нешто повеќе од поминување на група.
Ако му сметало нешто, требало да каже на почеток на подготовки и вакви несогласувања да си решаваат интерно, а не вака ко пичкица да квичи по медиуми.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom