Премногу сум разочаран од исходот на овој меч, можевме и моравме подобро. Исклучувањето на Прибак поради погрешна замена мислам дека ја сврте средбата, ни ги запре добриот ритам. Евтино ја продаваме националната гордост, прелесно ги даваме местата во репрезентацијата. Ова мислам и на Вугринец и на Прибак, кои однапред ги имаа обезбедено местата во репрезентацијата, а играчи како Пецаковски и Митков беа на работ на отстранување уште од подготовките во Пореч. И, Господ како да не казни за сите овие постапки со повредата на Мојсовски. Криво ми е што лесно го продадовме петтото место на претходното првенство односно го девалвиравме со некои чудни потези. Сега би сакал да чујам како на српско-хрватски јазик звучи ’Клавајте голови’“, ја отвори душата Ангеловски по мечот со Исланд.