МАКЕДОНИЈА-Иран 17.01. (33-31)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Со колку разлика ќе победи Македонија против Иран?


  • Вкупно гласачи
    87
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.366
Flag-Pins-Macedonia-Iran.jpg



Првиот натпревар на нашата репрезентација е зад нас, и е време своите погледи да ги насочиме кон следниот дуел на нашите лавови/рисови/животињи/борци.

Некои велат дека првиот е најтежок, па ако тоа е така вториот меч на нашата селекција би требало да биде мачкина кашлица. Играме против Иран, репрезентација која што е апсолутен аутсајдер во групава, и целта на првенството најверојатно им е да не бидат меѓу последните 2 места на првенството, нешто што е дијаметрално спортивно од македонската цел која што гласи пласман на Олимпијадата во РИО 2016.

Во првиот дуел се изгледаше перфектно за нашата репрезентација, но после освојувањето на битните стартни поени, треба да се насочиме сериозно и без потценување на Иран, репрезентација која што го намачи дебитантот БиХ но сепак го загуби мечот кои што за многумина беше меч за одбегнување на последното место во групата.


Дали и после второто коло Македонија ќе остане лидер на табелата ?

Дали граматички точно е ираН или ираК ?

Дали проблемот со коментаторите ќе биде решен ?

Дали ќе треба да одиме на финта ?

Дали за победа ќе ни биде потребно да дадеме повеќе голови од противниците ?

Одговорите на овие а и на многу други прашања ќе може да го дознаете утре во 17часот на МТВ1.

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:

 
Одговорите на овие а и на многу други прашања ќе може да го дознаете утре во 17часот на МТВ1.

Имам дојава. Од Торес-типс...

Дали и после второто коло Македонија ќе остане лидер на табелата ?
Да
Дали проблемот со коментаторите ќе биде решен ?
Да
Дали ќе треба да одиме на финта ?
Да
Дали за победа ќе ни биде потребно да дадеме повеќе голови од противниците ?
Да
Дали граматички точно е ираН или ираК ?
Да


Тепаме бе!
:oeoeoe: (смајливо уште колку пати има да се постира на првенствово)
 
Иранците има да ги решеме како равенка со две непознати !Нека се влажнат иранците (фановите)на нашите дами во Катар .
 
победа од минимун 5 гола
и после победата над Тунис си мислам дека можеме и полуфинале :)
 
Само да победиме и да не дојде до некоја повреда зошто ќе си пукам у колено.
 
Со втора постава да се почне натпреварот, нема што да бараат Наумче, Миркуловски, Кире и Столе во прв тим за овој натпревар.
Да набилдаат резултат на старт и после да одмараат.
Тоа би барале во прв тим :D
 
Утре мислам дека треба малце повеке да добијат шанса играчите како Неданоски,Вугринец,Ванчо,Диви утн колку да влезат во ритам малце ако се направи солидна предност на почеток затоа што сега колку толку иаме замени не е како порано и нема потреба да се трошат клучните играчи башка Иран ги гледав не ми изгледаат спремни за ова СП они и пред тоа беа аутсајдери ама па во второ полувреме изгледаа како аматерски тим со Босна
 
Абе овие знат да ја топкат топката правилно ?

Утре браќата ќе се распуцат :D
 
Иранците има да ги решеме како равенка со две непознати !Нека се влажнат иранците (фановите)на нашите дами во Катар .
Со една непозната е полесно и посоодветно.
Анкетата нека биди со колку разлика ќе ги тепаме. :zloo:
 
Да набилдаат резултат на старт и после да одмараат.
Тоа би барале во прв тим :D
Е де, не се сакати Вугринец, Димовски, Прибак и Филипче...
Ете барем еден од нив да биде во комбинација со тројца од овие... Нема потреба никој од нив да помине повеќе од 10 минути вкупно на натпреваров...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom