МАКЕДОНИЈА-Иран 17.01. (33-31)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Со колку разлика ќе победи Македонија против Иран?


  • Вкупно гласачи
    87
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Значајно подобрена игра на одбраната во второ полувреме, бројот на примени голови залажува. Зошто? Затоа што скоро сите ги примивме од факинг девет метри!

А кога веќе одбраната ги изнудува противниците да шутираат од 9 метри, работа на голманот е тие да ги одбрани, лесно.

Ние немаме голман кој е „експерт“ за шутеви од далеку. Најмалку па тоа е Борко. Од овие тројца, верувале или не, Николче Митревски најдобро брани удраи од далечина.

Диви е подобар од Борко во оваа смилса. Тоа можевме да го увидиме на самиот почеток на мечот каде што фати неколку топки. Тоа беше одличен почеток на мечот, се одлепивме, можевме и да ги уништиме ако не се случеа две работи. Првата глупото исклучување заради погрешна измена. Втората, самото тоа што не искористивме две контри, една преку Манасков, друга преку Георгиевски.

Само ова беше грешка на Обрван, тоа што цело второ полувреме го остави Борко иако го бушеа од 11 метри. Другото беше поправено од прво полувреме. Како и да е, честито победа, идеме понатака! :roker:
 
Аман те бе луѓе,гледате дека игравме со пола сила,тесно било многу голови сме примиле:cool:.А што да речеме за една Шпанија која се мачеше со Бразил,Хрвативе го испотија гзот со Тунис,Данциве изгубија бод,мислам дај малку оладете.
 
Прогнозирам 10+ мада и со Тунис мислев деќа ќе е 10+ (еден момент имавме 10) и че го замолувам да не се прават толку технички грешки ОК вмро ?
Son, I disappoint.
 
31 примен гол од Иран? Одбраната денеска како да не постоеше, дегенерици. Леле па оној Златче кога го гледам ми иде да земам чартер лет и да го удрам од паркет. Па уште намигнува на почеток на утакмица... му ебам тоа полскиот глушец.
 
А шо че беше да играше прва постава 15-20 минути на почетокот и направеше 10-12 разлика и после си седнат на клупа. Вака одмориа 15 минути и после 45 мин ура. Тактика гешес шо би рекло со финта... катастрофа...

Абе, абе, абе !!!!!!!!!!!!!!!!!

Да му ебам мајакта па, ракомет е ова, го гледаме секоја година веќе 5-6 години по ред и уште пишуваме вакви работи ко да не сме глеале ни меч. :place:

Ништо немаше да биде! Проблемот во прво полувреме беше во ОДБРАНАТА. Одлично почнаа во тандем со Ангелов, али потоа омекнаа, им влегуваа прелесно овие, премлако, без контакт.

Во нападот, грешките ги направија токму двајцата кои останаа од ПРВАТА ПОСТАВА! Манасков и Георгиевски. Единствен од втората постава кој направи грешки, т.е. промаши лесни и непотребни шутеви беше Вугринец. Филип Лазаров не шутна ич тој период до душа, али не направи грешка. Никола Маркоски направи грешка во правење измена, на терен не.

Постигнавме 18 гола у прво полувреме, како може нападот да не чинел? Ние и со втора постава ќе направевме голема разлика да не се десеше она што го пишав, промашените два зицера и доколку во одбрана игравме добро.

Во второ одбраната се подобри, Борко ништо не фати, затоа не можевме да се одлепиме.

Тотално аматерски е за овој меч да се критикува Обрван, ебати експертската нација.
 
Победа!:vozbud:

Да бидам искрен, не очекував дека до олку ќе бидат јаки Иран. Како и да е добар натпревар беше ова.
:)
 
Јас сум сосема задоволен од овој натпревар, особено не можам да ја опишам радоста за голот на Недановски која ја заврте топката :icon_mrgr:
Со оглед на тоа што многумина се двоумеа дали требало да биде земен или не, се надевам дека со ова го сменија мислењето.
Како што кажав, ова не го прави подобар од Ојлески, верувам дека и Гоце добро ќе се покажеше, само како што реков Недановски е малце подруг играч од Манссков и Ојлески кои се ист тип на играчи и може да донесе некоја поголема разновидност. Не е до толку камен за да не може да одговори на предизвикот, штета што пошироката јавност не следи многу ракомет, па не го знае од порано...

Од нападот сум задоволен. Перфектен скор на Прибак 5/5, Вугринец добро почна, но потоа малце се заборави со избрзани шутеви и токму во тој период се направи мал пресврт по кој се крена непотребна паника на форумов :D
Фичо пикнат во ќош, никогаш нема да ја сфатам неговата игра. Потоа се созема малце и пикна два гола. Истотака погоди и една пречка. Има потенцијал во него да игра за репрезентација, ама пусти страв...
Ме изненади Обрван што го извади Прибак и му даде толкава минутажа на Миркуловски. Да не испадне дека го одмара Прибак за наредни кола? :icon_mrgr:
Миркуловски си одигра на ниво, изнуди пенали, даде гол, извади некое пробивање, сосема солидно. Добро е што и он и Прибак ќе бидат максимално свежи за наредните предизвици.

Кире не се изнамачи воопшто, а постигна 9 гола. Солидно си изигра, штета што ја погоди стативата на крај. Неколку одлични асистенции имаше. И на десната страна се заврши голема работа, Вугринец ги доби првите минути, ги постигна првите голови, Кире иако играше 40-тина минути, сепак не се истроши воопшто.

Мојсо исто изигра колку да не изгуби на кондиција. На пикер бевме добри, Столе изнуди неколку пенали, а даде 3 гола од 3 шута. Никола Маркоски веројатно е камен за во напад, али во одбрана не е толку лош во последно време. Георгиевски утна еден зицер на 4-1 и ако погодеше може подруг тек ќе добиеше мечот, но одново добро е што во остатокот од мечот беше одморен и со тоа не се ризикуваше негова повреда со оглед на тоа што на негова страна ќе останеме само на Козла, што реално би било погубно :D
Козла се трудеше, ама толку му е моменталниот капацитет.

Одбраната беше премногу лабава, ама истотака мора да се забележи дека Иранците имаа добар шутерски ден. Сепак голем дел од головите ги постигнуваа од доста тешки ситуации во кои голманите можеа и мораа многу подобро да реагираат. Добро е што баш против Иран имаа лош ден нашите голмани, иако комбинирано собраа 14 интервенции, па се надеваме дека во поважните дуели нема да примаат вакви голови.
Сум кажал и порано, одбраната не може да спречува голови од 10 метра, тука треба голманот да лови, а не оди на проценка...

Одат на момците на заслужен одмор, целта е остварена. Лагана победа со Иран со комбиниран состав во кој доста минутажа доби цел состав, и многу важна победа над Тунис изразена со огромна разлика што истотака е важно при правење на некои мини табели за второ место.
 
Шо сте се воспалиле сите? Сакавте +10 да тепаме? гледате вие воопшто ракомет бе ?
Па уште гледам некој пишал горе дека 2ра утакмица е па што да одморале одморени биле .S:S
Единствена замерка имам што играа апла слабо во одбраната,з атоа што тоа ќе ја олеснеше драстично работата.Знаете колку голови од (полу)контра ќе здрвевме одбраната да си одиграше на ниво ?
Мене ме плаши одбранава не само на овај меч туку и со тунис, значчително напредуваме во напад и играме поразновидно ама одбраната е ослабена.
 
Персијциве ни се стари познаници. Рутински и тогаш и сега. Не се напињајте зошто нашиве денес ако тепаа со 10 разлика ќе беше полошо пошто менталитетот наш ни е*ава матер на секое поле. Затоа keep calm.
 
На вакви мечеви се гледа разликата меѓу квалитетна, искусна и некоја си репрезентација како Иран или слично.
Со 60-70% од силите си ја завршија работата како што треба.
Незнам зашто многумина очекуваа да ги тепаме над 10 разлика, демек Тунис со 8, а овие ќе ги здробиме уште повеќе.
Битно сите играа, нема повреди.
Сега имаме одлична шанса да ги тепаме Босанците. Тие и вчера и сеа со Австрија ќе бидат поистрошени од нас.
Само малку ме нервира Никола Маркоски. Мора и може подобро дечкото. Прави без врска исклучувања и вчера еве и денес.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom