Mакедонија има само 450 000 вработени!

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
УЈП може само да каже колку работници зеле плата, т.е. на колкумина им се платени придонесите.

Нели може да каже колку работници се оданочени на платата. Оние кои не се оданочени значи не земаат плата. Да де и придонесите, во ред. Зборувам за легални вработувања, а не за црна економија.
 
Нели може да каже колку работници се оданочени на платата. Оние кои не се оданочени значи не земаат плата. Зборувам за легални вработувања, а не за црна економија.
Па и јас тоа го викам :) УЈП со овој закон има можност да каже колкумина легално земаат плата.
Според мене, најреално (колку е реално можно), податоци може да даде Агенцијата за вработување врз основ на сопствената евиденција, но и тоа не е баш релевантно, бидејќи има (пре)многу вработени на црно, а се пријавуваат за плави картони, луѓе кои заработуваат од некој занает на пр. а не се воопшто пријавени како вработени, земјоделци кои не се регистрирани на пр...
 
По мене воопшто не се релевантни податоците од агенцијата за вработување, бидејќи испаѓа дека таа пред се е агенција за евидентирање на невработени, а со податоците за евидентираните многу лесно се манипулира, лесно се бришат. А ако некого го избришалем, не значи дека тој сега е вработен, само значи дека не е евидентиран како невработен.

Друго, за мене секој кој е вработен на црно значи не е вработен, и не само за мене, така е, или така треба да биде.
 
Напротив!
Тој некој не бара работа, остварува приход. И, како таков не се брои како невработен.
Тоа што му се укинати некои права од работен однос (своеволно или не) е сосема друга работа.
 
добро, значи треба да се разликува бројка на легално вработени и бројка на невработени.

Додека бројката на легално вработени може сега многу лесно или релативно лесно да се утврди, бројката на невработени многу тешко може да се утврди, јас би рекол дури и мишн импосибл.

и уште нешто ако некој остварува приход т.е. не бара работа, треба ли да го сметаме дека е вработен затоа што не бара работа.
Тој фактички не е вработен бидејќи нема работодавач кој правно фигурира како работодавач, зема плата во кеш, платен промет кој не е регистриран, нема договор за работа, значи правно гледано тој е невработен.
Такви случаи има многу, барем досега ги имаше.
 
Се согласувам дека е тешко реално да се утврди вројката на вработени лица во Македонија.
Во право си дека правно гледано таквите лица се невработени, но сепак, ниту бараат активно работа, нити ништо слично. И, како таков, тој по никоја логика не би требало да се евидентира како невработен.
Ќе повторам: Невработен би требало да се смета само оној кој бара работа активно, и не остварува приход од сопствена работа, значи со труд.
Овде секако не ги сметам рентиерите на пр.
 
во ред. сакам да укажам уште на еден апсурд, бидејќи го спомна законот за работни односи. На пр. човек работи во некоја фирма која воопшто не е пријавена во УЈП како даночен обврзник. Ај да поедноставиме вака, се работи за фантомска фирма која воопшто ја нема во централен регистар. “Вработениот“ решава да си ги оствари правата што му следуваат од законот за работни односи, а впрочем и должен е да го пријави работодавачот, инаку и за него следува казна. Се јавува во трудова инспекција и тие му велат не можеме ништо да направиме, бидејќи се работи за непостоечка фирма. За да можеме нешто да превземеме фирмата треба да постои, а штом не постои како работодавач, значи нема нарушувања на работните односи, бидејќи фактички во случајот работни односи не постојат.

Е добро тогаш влегува во игра УЈП, ама тоа е веќе друго подрачје.
 
A dali se racunati mojte rodnini od Svicarska ? Da ne se tie , ovde ke pada sekoja vlada od nemanje pari.
 
УЈП секогаш влегува во игра само кај оние што се уредно регистрирани како работодавци,нерегистрираните воопшто не ги чепка,па тие за нив се “недопирливи“,како и за целокупната Македонска власт.Очигледно во оваа држава човек најдобро заработува доколку воопшто не е пријавен како стопанственик или даночен обврзник,без фирма или придонеси.Можат властите да му “пушат“.:toe:

A dali se racunati mojte rodnini od Svicarska ? Da ne se tie , ovde ke pada sekoja vlada od nemanje pari.

Па веројатно ќе падаат и тие твој роднини во Швицарска оти нема кој да им доставува “бела прашина“,барем не во толкави количини.:toe:
 
Izgleda golema kilazha nosat , posto koga se vrakat se zalat na bolki vo kicma. :)

Bez sali nesto ne e vo red tuka , samo 450.000 vraboteni , kolku ziteli ima makedonija ?
 
Некаде 2 милиони и 22 илјади жители сме (попис 2002), работоспособно (од 15-79 години) околу 1.600.000, активно 890.000, вработени 570.000, невработени 320.000 (вработени и невработени=економски активно). Од сајтот на статистика, ова за вработеноста се податоци за јули-септември 2008.
 
Денес,фактите се уште попоразителни:

324.117 вработени добиле јануарска плата

Четириесет и две илјади фирми во земјава исплатиле плата на своите вработени до последниот законски утврден рок. Според последните обработени податоци, заклучно со 16 февруари плати исплатиле 42.060 субјекти на 324.117 вработени. Вкупниот износ на исплатена бруто плата изнесува 7,5 милијарди денари, од кои вкупната нето плата изнесува пет милијарди денари, 1,2 милијарди одат на сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, 575 милиони денари за Фондот за здравствено осигурување, 87 милиони денари за Агенцијата за вработување, а 290 милиони денари се уплатени на име персонален данок од доход.
Заклучно со 16 февруари пресметки поднеле 56.211 субјекти за 430.938 вработени. Одобрени се пресметките на 55.234 субјекти, кои се однесуваат на вкупно 416.115 вработени.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D8B663C043EF8D408A1C721EEEED0A4F

Каде одат оние 87 милиони денари од Агенцијата за вработување која вработува само “агенти“ најверојатно никој не знае.:toe:
 
Zar smetash deka konceptot za Bruto Plata e taka donesen bez da kjari budzhetot i Gruevski?
 
Бидејќи кај нас се се сведува на провизии од тендери, провизии од купопродажба на туѓо земјиште и поинакви провизии и на познатата љубчова “ние крадевме ама остававме и за народот“ или така некако беше, сметам дека некој кој ќе донесе ред во хаосот со исплаќањето плати, со регистрирањето на платниот промет, со засилувањето на контролата на плаќање даноци и придонеси, па и “заслужува да ќари нешто“ ако се земе предвид дека користа од таквото средување на хаосот ќе биде долгорочна.
Иако “ќарувањето“ не го оправдувам само по себе, ама ако се гледа целокупниот контекст и не е некој многу голем грев.
 
Нема разлика,каква и да е платата тие ќе ќарат,мислам дека со бруто платата едноставно се согледа реалната состојба со вработеноста во Република Македонија која е поразителна,па мора веднаш да се дејствува.Доколку тоа не го направиме сега тогаш ќе го пропуштиме и последниот воз за управање на овој проблем,зошто владата ќе изнајде модалитет за да го излаже народот веќе следните неколку месеци па ќе продолжи да владее продавајќи му на народот “успешни приказни“ или “портокалови преродби“ кој само убаво звучат ама немаат никаков позитивен ефект.:toe:

Бидејќи кај нас се се сведува на провизии од тендери, провизии од купопродажба на туѓо земјиште и поинакви провизии и на познатата љубчова “ние крадевме ама остававме и за народот“ или така некако беше, сметам дека некој кој ќе донесе ред во хаосот со исплаќањето плати, со регистрирањето на платниот промет, со засилувањето на контролата на плаќање даноци и придонеси, па и “заслужува да ќари нешто“ ако се земе предвид дека користа од таквото средување на хаосот ќе биде долгорочна.
Иако “ќарувањето“ не го оправдувам само по себе, ама ако се гледа целокупниот контекст и не е некој многу голем грев.

Сето тоа е во ред доколку се изнајде реалната сума за плаќање придонеси која ќе биде еквивалент на овие простори и нема да има потреба 300 000 луѓе да работат за 2 милиони кој живеат на нивни грб.Само од придонесите на оние 300 000 не е фер да се провлекуваат другите.Токму затоа и од високата сума за придонеси Македонија е земја со голем коефициент на официјално невработени или толку малку реално вработени граѓани(кој во случајов испаѓаат будали).:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom