Македонија и западната заедница

  • Креатор на темата Креатор на темата Славјански
  • Време на започнување Време на започнување
Значи ретерираш во ставот, а гледаш тоа што ти одговара. Не верувам дека на Славјански потребен му е соучесник во заблудата меѓутоа повели слободно по својот дел.

Не ми одговори на прашањето под кое корисничко име членуваше пред година дена на форумов?
 
Не ми одговори на прашањето под кое корисничко име членуваше пред година дена на форумов?
Абе пред година дена воопшто не бев зачленет, само го посетував како гостин форумов.
 
Западот прави лажна историја за и околу Грција, го откинува тој дел од историјата на великата пелазгиско словенска култура, го дава во наследство на римската империја и врз тоа го гради континуитетот на денешната западна цивилизација и полага право врз истата.
Спорот на Македонија со името Македонија произлегува од ова.
Велиме Европа е растеретена од историја.
Која демагошка флоскула ти е тоа.
Денеска Грција поради таквата позиција во европското опшество е привилегирана до тој степен да Грција диктира име на суверена држава под кое ќе влезе во ООН а кое е суверено право на секој народ.
И сега, врз база на што ја гради Грција својата позиција.
Почнува со историјата, продолжува со стратешките интереси на западната заедница.

Нешто што пред години и години сум го кажувал, а кое денеска гледам дека доаѓа до промени во македонската надворешна политика е дека со истокот треба да развиваме подеднакво односи како со западот.
Значи немора тоа да биде незнам какво братство, или незнам каков сојуз, едноставно да се отворат сите каналаи за соработка.
И сега некоја исфрустрирана антиславјанска амеба вришти на сето тоа удирајќи ти етикети за русофилство, дека писмото, јазикот, културата, цивилизацијата, ти е универзална со секого и дека ти си како сите други, ама основното право да бидеш Македонец токму поради таа историја не ти е дозволено.
Аферим на науката.
 
Славјански Грција не е привилегирана НИЕ моментално(по распадот СФРЈ) бевме во расчекор па Грција искористи...инаку никој не може да ти Смени име:)

Или никој нема да те по*бе ако не потпишеш,а според ООН има доволно држави кои не признаа под уставно и реално гледано ЗНАМ кој сум...

Да се вратиме на темата со "цивилизацииве" и НАТО па и Русите.

Имај предвид дека како прво САД ја Призна Русија т.е Руската федерација како респектабилна воена и нуклеарна сила па дури и одредени кредити:)

Се надевам најсимплифицирано и најдобар показател нели за долгорочната политика на една држава од тип на Русија е Воената доктрина и знаеш Славјански во Претходните имаше дефиниран непријател.

Значи во 2000 година Рускиот совет за безбедност ја усвои новата воена доктрина,истата поткрепена со случувањата од распадот на СССР,Чеченија,С.Р Југославија,случувањата во кавказот јасано се знае кој која улога ја има.

Како и да е многу важен и очекуван дел е истиот кој тврди Воената безбедност на Русија ќе се остварува со СИТЕ расположливи средства(значи и нуклеарни),меѓутоа овде ДЕЦИДНО стои дека русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку претходно не биде мета на Агресија(се разбира нуклеарна),и притоа експлицитно се тврди дека русија ќе употреби нуклеарно вооружување само во случај кога веќе со конвенционално оружје нема да биде возможно одржување на Русија како држава.

Е сега кога немаме дефинирано потенцијални непријатели остануваат....Пријатели,или поточно јасно пишува дека Русија сите држави во Светот ги смета за пријателски,и сака соработка со Истите....фактички непријател би била држава која не ги почитува повелбите на ООН.

Исто ново во новата доктрина е и фактот за намален Ризик од Нуклеарен Напад врз русија за разлика од совјетската Ера.

Сега со оваа доктрина Русија успеа да создаде Пријатели и кај Франција,Германија,Кина...

Генерално речено од Политичко економски аспект WELL DONE за Русите.И Еве за разлика од доктрината на САД и НАТО Руската веќе не се фокусира на влијание во Светски Рамки туку повеќе оди кон безбедноста на сојузниците,и конкретни прашања во врска со одбраната...и многу важно првпат во Руска историја имаме термин единствена воена организација на државата.

Како и да е На Русија и се признава статусот на суперсила(ова е важно)..

Нејсе на крај краеви и намалувањето на нуклеарниот арсенал е секако обостран бенефит...америте годишно трошат негде околу 4 милијарди долари САМО за одржување на нуклеарниот арсенал...бројката со Русија е Слична.

Всушност фокусот на Руската доктрина не завзема светски рамки-гајле им е за балканот во превод,но ако има простор за соработка и обостран бенефит Бујрум па и на полето на одбраната-посебно овде оти некако Економика на одбрана укажува на Неекономичност во купување западни воени системи:)

Епа овде нема непријателство,овде има САМО Соработка
 
Славјански Грција не е привилегирана НИЕ моментално(по распадот СФРЈ) бевме во расчекор па Грција искористи...инаку никој не може да ти Смени име:)

Или никој нема да те по*бе ако не потпишеш,а според ООН има доволно држави кои не признаа под уставно и реално гледано ЗНАМ кој сум...

Сите држави на балканскиот полуостров кои имаат потенцијал на идни сојузници на Русија мора да бидат од внатре разбиени и слаби.
Колку и да сакаме да избегаме од тој знак ние сме жигосани како такви и ни стои на челото и тоа тежи.
А апсурдот е што го носиме тој товар а во исто време се правиме поголеми енглези од англичаните.
Нас ќе ни се раздени кога на западот ќе му се стемни.

За Русија и НАТО.
Крајната цел на НАТО бандата се богатствата на Русија.
Ирак, Сауди, Авганистан да не е демократијата на НАТО ?
Зошто Русија рапидно ги модернизираше сите балистички ракети од среден и долг дострел, интезивно работи на модернизирање на руската армија.
Планот на западот е Русија да се подели на 5 региони кои ќе се дадат на различни големи сили под влијание.
Дрогата од Авганистан го преплави рускиот пазар и го подрива руското опшество на што руското раководство остро реагираше со тонови дека тоа може да биде повод за војна.
Не значи ако се поздравуваат и си миавтаат дека се партнери.
Не.
Тоа е предигра за нешто поголемо.
За ракетниот штит да не објаснувам зошто мора да биде во Полска, кога јужното крило е прво на удар од иранскиот нуклеарен потенцијал.

Каде ние сме тука нормално ќе се праша човек.
Славјанството братство не ти е гаранција за ништо.
Прво, свеста на сите славјански народи е толку ниска да тешко ни е да бидеме пријатели камо ли браќа.
Но интересно е во сите општења кога ќе стане збор за славјанските народи, сите па си се ословуваат како браќа, од каде тој порив.
Јас одам од познатите вредности во формулата.
НАТО и ЕУ > Рамковен и територијална поделба.
Тие два вируси ја јадат македонската држава од внатре.
Во моментот процесите кои се случуваат во неа се федерализација.
Грција само купува време до моментот на пукање по шавовите на федералните единици.
Ако НАТО и ЕУ сум ги детерминирал како пазачи на процесот на распадот на мојата држава, тогаш логично е да барам спас кај тие кои се опозит НАТО.
И кој прв ти паѓа на ум а со кого делиш цивилизациски вредности ?
 
Значи имаме претпоставка т.е

Јас одам од познатите вредности во формулата.
НАТО и ЕУ > Рамковен и територијална поделба.
Тие два вируси ја јадат македонската држава од внатре.
Во моментот процесите кои се случуваат во неа се федерализација.

Грција само купува време до моментот на пукање по шавовите на федералните единици.
Ако НАТО и ЕУ сум ги детерминирал како пазачи на процесот на распадот на мојата држава, тогаш логично е да барам спас кај тие кои се опозит НАТО.

Тогаш Мора Јакнење на односи со Кина и Русија,ама објасни ми како тоа ОНИ ја направија 2001ва,како заземаа третина територија без никој да зуцне собраа оружје,муниција залихи..каде беа МВР,Разузнавањето...како?

?((нели имаше прислушување-ефект??!!??)

Јбг Телекомчето...700 милиона,Окта..мораше некако да се бајпасува Уште една транзициона Утка-проблемот е што продукт на крајната несовесност и алчност на Политичкиот(тогашен) естаблишмент остана САМО безцелна ОМРАЗА.

Изјави на Натовци и ЕУ-овци се "перцепираа" како божји закони:tapp::tapp:..АБРЕ АРМИЈА штити УСТАВ= ДРЖАВА.....тој таму од п.м нека шлапа што сака,моја држава,мој двор си средувам како што сакам-ама неее...друго е...заткулисна работа е.

Мислам сум јасен.

Сами се опериравме и сами си шибнавме стент,се разбира има удел тука и Господинот Екс премиер со наводно Бугарско потекло(И ВРСКИ) а кој беше поет,филозоф,гение и.т.н но сепак за Рамковен одговорот е КАЈ НАС-не во НАТО или пак ЕУ.
 
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко нареди целосен прекин на испораката на руски гас кон Европа преку територијата на Белорусија. Причина за ваквата одлука е што изјавите на руските челници го понижувале белорускиот народ.

Рускиот гигант „Газпром“ вчера поради неплатените долгови на Белорусија од 192 милиони долари, ја намали испораката за 15 отсто, денеска за 30 отсто за конечно да стави апсолутен прекин.
Европската унија закажа итен состанок поради страв да не се повтори кризата за гас која настана меѓу Русија и Украина, во текот на јануари минатата година.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124502


Eдна иста монета, со две лица Запад и Исток.
 
Да, скроз исто, во моментов и исток и запад те гледа само како ПАРА.

После Србите, сега и Белорусиве ги наденаа на стапот...
 
Двете земји се во пазарна економија, што да прават ?
Нема подобро братство од чисти сметки.
Дали Белорусија поседува најсовремени руски системи ?
Дали НАТО може да ја бомбардира ?
 
Хаха.. ова е посмешно него што мислев, Славјански се тумачи со “пазарни економии“, а бре море... не ми е јасно кого мислиш дека лажеш со муабетиве, себе или ние што те читаме?

Има еден израз, карактеристичен за Западот, се нарекува Радикална Демократија, ама не верувам дека ќе го разбереш поимот, но подеднакво е суров со реалноста со која се соочуваме. Транснационализација на идентитетот и топење во масата на мали народи од централна и југоисточна европа, за сметка на бизнис релациите Исток-Запад на пр. Германија -Русија. Можеби фразата “Економска окупација“ повеќе кажува, во практична смисла тоа означува суптилно ропство, виртуелна слобода и постојана зависност од една од страните.
 
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко нареди целосен прекин на испораката на руски гас кон Европа преку територијата на Белорусија. Причина за ваквата одлука е што изјавите на руските челници го понижувале белорускиот народ.

Рускиот гигант „Газпром“ вчера поради неплатените долгови на Белорусија од 192 милиони долари, ја намали испораката за 15 отсто, денеска за 30 отсто за конечно да стави апсолутен прекин.
Европската унија закажа итен состанок поради страв да не се повтори кризата за гас која настана меѓу Русија и Украина, во текот на јануари минатата година.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124502


Eдна иста монета, со две лица Запад и Исток.

Брат за брат , сирење за пари .

Така ли е ,Bratot.

Колеги форумци ,не трошете џабе енергија , навистина нема потреба да одиме во крајност за да бираме ‘страна‘.

Како беше онаа....
Кога си во Рим , однесувај се како римјанин.:icon_mrgr
 
Хаха.. ова е посмешно него што мислев, Славјански се тумачи со “пазарни економии“, а бре море... не ми е јасно кого мислиш дека лажеш со муабетиве, себе или ние што те читаме?

Има еден израз, карактеристичен за Западот, се нарекува Радикална Демократија, ама не верувам дека ќе го разбереш поимот, но подеднакво е суров со реалноста со која се соочуваме. Транснационализација на идентитетот и топење во масата на мали народи од централна и југоисточна европа, за сметка на бизнис релациите Исток-Запад на пр. Германија -Русија. Можеби фразата “Економска окупација“ повеќе кажува, во практична смисла тоа означува суптилно ропство, виртуелна слобода и постојана зависност од една од страните.

Идеализираш.
Несакам да ја бранам Русија во своите империјалистички цели врз своите помали браќа.
Сум за односи на една поинаква основа.
НО дека треба да се плаќаат сметките, треба.
 
Несакам да ја бранам Русија во своите империјалистички цели врз своите помали браќа.
.
??????

Ајјјјјјј какво признание, го закопа сега Заптија, а полна му беше муцката со империјалистичка Америка.
 
Идеализираш.
Несакам да ја бранам Русија во своите империјалистички цели врз своите помали браќа.
Сум за односи на една поинаква основа.
НО дека треба да се плаќаат сметките, треба.

За момент ќе се обидам да го игнорирам тоа “помали браќа“, а ќе ти го цитирам големиот чешкиот писател Карел Хавличек од 1844 година :
„Ги предупредувам моите сонародници пред нивното глупо и нереалистичко русофилство. Нереалистично, затоа што во својата 1000 годишна историја Чесите никогаш немале директен контакт со Русија. И покрај јазичната сродност ние немавме со Русите никаков заеднички свет, никаква заедничка историја, никаква заедничка култура, затоа пак односите меѓу Полјаците и Русите секогаш претставуваа борба за живот или смрт“.

Понатаму, опишувајќи ги народите од средна и југоисточна Европа во споредба со Русија, тој истакнува дека постои сосема посебен менталитет во однос на Истокот -Русија и Западот - Германија, каде го употребува терминот: „Некомпатибилност на карактерите“

Тебе Славјански тешко ќе ти биде да го свариш тоа, особено вистинитоста на погорниот цитат, каде во целост може да се примени и за нас Македонците.
 
Само те молам за тие западните Славјани (Чесите и Пољаците) да ми објасниш, дали се тие истите кои ги бараа македонските просветители да им ја засилат словенската култура и писменост од налетот на агресивните Германи ?

Па Ватикан што направаи нив.
Истото што и отоманска Турицја со Босанците.
Денеска спомни му на Босанец, Турција во несвест паѓа.
И?

Моето славјанство е против империјализмот на било која земја вклучувајќи ја и Русија.
Славјанството треба да пружи шанса на народите кои делат исти цивилизациски вредности и кои се многу сродни по дух да почнат нормално да општат, да комуницираат помеѓу себе, како што комуницраат со сите останати.
Времињата се менуваат, светот станува глобално село и ако не си дел од една целина ќе бидеш дел од ништото, ветрушка која ја дува и најслабото ветренце.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom