Bratot
Стоик и Машкртник!
Само те молам за тие западните Славјани (Чесите и Пољаците) да ми објасниш, дали се тие истите кои ги бараа македонските просветители да им ја засилат словенската култура и писменост од налетот на агресивните Германи ?
Па Ватикан што направаи нив.
Истото што и отоманска Турицја со Босанците.
Денеска спомни му на Босанец, Турција во несвест паѓа.
И ?
Моето славјанство е против империјализмот на било која земја вклучувајќи ја и Русија.
Славјанството треба да пружи шанса на народите кои делат исти цивилизациски вредности и кои се многу сродни по дух да почнат нормално да општат, да комуницираат помеѓу себе, како што комуницраат со сите останати.
Времињата се менуваат, светот станува глобално село и ако не си дел од една целина ќе бидеш дел од ништото, ветрушка која ја дува и најслабото ветренце.
Земјите се делат на Мали и Големи, секогаш ќе постои тенденција за предност на вторите, затоа мешањето на малите со големите никогаш нема да произведе рамноправни односи, пред се’ од историскиот менталитет на тие Големи земји кои никогаш не почувствувале опасност од губење на идентитетот ниту ги поминале филтрите на монархо-империјалистичките окупации.
Малите земји се соочени со овој предизвик катадневно, поаѓајќи од притисокот за глобализација, во кој постепено се губат нивните традиционални вредности, престануваат да се сметаат за наследници на претходните поколенија и насилно се обидуваат да се ослободат од товарот на наследството.
На пример земајќи го јазикот - кој за малите народи како нас претставува незаменливо добро кое пак за големите земји претставува најголема опасност - бидејќи токму со него му е дадена можноста на човекот да сведочи за сето она, кое го наследил, поради коешто денеска е токму тоа што е.
Малите народи за разлика од Големите, ја зачуваа “вештината“ за пренесување на наследството и ги поврзуваат универзалниот европски идентитет со локалниот народносен идентитет.
Проповедањето на “славјанство“ има позитивна цел доколку тоа се употребува меѓу малите народи во вертикала од Полска - Чешка - Словачка - Словенија - Хрватска - БиХ - Украина - Србија - Македонија - Бугарија, но има и поголема реална опасност од “славјанизација“ по теркот на руските интереси, односно своевидна делумна глобализација со претопување во една деформирана маса “Словени“ кои ќе бидат ставени под апсолутна контрола на Русија како ГОЛЕМА земја.
Така стојат работите и секогаш ќе го имаат истиот курс. Со прокламирање на приврзаност кон Русија(Москва) како своевидна опсесија е еднакво на прокламирањето радикална демократија и неутрализација на етничкиот идентитет за сметка на “европеизација“, со еден или неколку европски јазици и едни исти центри на контрола на пр. Лондон, Париз, Берлин.
Фактички имаш две крајни точки, со приближување до нив го постигнуваш истиот (непосакуван) резултат.
Пример за тоа е токму Белорусија, каде автентичниот белоруски јазик е скоро мртов јазик, каде е вршена силна русификација и контрола, за која сите го имаат впечатокот дека претставува вештачка политичка форма која се одржува благодарение на државна диктатура.
Шансите да наидеш на некој Белорусин кој ќе збори чист белоруски јазик се 1:1000, и тоа поскоро во Западниот дел на земјата, додека на истокот одамна не постојат Белорусци.
Интересот на Македонија и останатите земји од наш ранг е да се поврземе меѓусебно и да ја минимизираме зависноста од двете крајни точки на влијание.