Македонија доби препорака за старт на преговорите

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Република Македонија и официјално доби препорака за старт на преговорите со Европската унија, иако и според сите досегашни нацрт верзии и дипломатски извори, беше речиси извесно дека Македонија ќе добие неусловена препорака за почеток за преговорите.

„Препорачано е отворање на преговори за членство на Македонија во Европската унија. Земјата оствари уверлив напредок и суштински се осврна на клучните приоритетите, кои во нивниот жаргон се нарекуваат 8 + 1 одредница“, рече Оли Рен, еврокомесар за прошурување.

„ЕК смета дека земјата ги задоволува политичките критериуми од Копенхаген и затоа препорача старт на преговорите. Верувам дека Владата во Скопје ќе го сфати ова како мошне силен поттик, охрабрување, конечно да го разреши прашањето на името, кое е тука веќе 18 години“, додаде Рен.

Претходно А1 дозна дека Европската комисија признава дека Македонија остварила напредок во европските интеграции, но сепак во извештајот има сериозни критики за независноста на судството, за имплементација на реформата за јавната администрација, критики за полициското насилство.

Не изостанаа ни критиката за етничките смени во училиштата, особено инцидентите во Струга.

Брисел исто така не е задоволен и од реформите за антидискриминација, последен акцент е ставен на правата на хомосексуалците.

Европската комисија упатува критики до Владата и медиумските сопственици, Брисел е загрижен и за автоцензурата на новинарите и недостатокот од слободата на изразување, особено кај печатените медиуми.

Не се поштедени ниту владините реклами. Медиумските бизниси остануваат легло за корупција, оценува ЕК.

Во извештајот влегоа и притисоците врз Уставниот суд по скандалот со веронауката. Брисел бара дополнителен напор во обезбедувањето независно судство.

Останува исто така да се види дали и како Брисел годинава ќе се осврне на проблемот со Грција.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114931
 
И? Што фајде ќе видиме ние обичните граѓани од ова?
 
Абе дај циркус ништо повеќе, пуштив тоа телевизорот и сите директен пренос даваат како репрезентација на Македонија да игра.

Како таа одлука ќе го промени мојот живот кон подобро?

Одговорот е: никако.

Кога бев војска и ќе објавеа таму нешто со фанфари имавме изрека "кур се тресе во ладна вода", ќе си го пополнат терминот за вестите нашите медиуми, нашите политичари модрици ќе имаат на нивните гради чукајќи се по нив кој повеќе придонесол за историската важна одлика, а народот ќе го крка затоа што мора да плаќа високи камати на кредитите ќе си трпи и гладува.
 
Абе дај циркус ништо повеќе, пуштив тоа телевизорот и сите директен пренос даваат како репрезентација на Македонија да игра.
Како таа одлука ќе го промени мојот живот кон подобро? Одговорот е никако.
Кога бев војска и ќе објавеа таму нешто со фанфари имавме изрека кур се тресе во ладна вода, ќе си го пополнат терминот за вестите нашите медиуми, нашите политичари модрици ќе имаат на нивните гради чукајќи се по нив кој повеќе придонесол за историската важна одлика, а народот ќе го крка затоа што мора да плаќа високи камати на кредитите ќе си трпи и гладува.

види вака сега...во најмала рака ова е признание од европската комисија дека Македонија треба да е дел од европското семејствои дека , секоја друга одлука која Македонија ќе ја блокира од сега натаму е едино Политичка блокада од соседите.
причина ја знаеме сите.....
 
Ова ти се вика ке ти дадам кога ке ти пројде меракот,дежа ву сценарио
 
Па добро не нападнале, таман каде што сме катастрофа, судството, јаното изразување и политизирање на медиумите.

Како и да нека е честито.:vozbud:
 
A tocen datum za zapocnuvanje na pregovorite? Ili toa posle se dava, kako ide procedurata? Ili pak ova e samo preporaka, a datumot moze da e i posle 10 godini?
 
A tocen datum za zapocnuvanje na pregovorite? Ili toa posle se dava, kako ide procedurata? Ili pak ova e samo preporaka, a datumot moze da e i posle 10 godini?
за тоа одлуцува совет на европа во декември....уствари за тоа одлучува новава влад ана папандреу во декември
 
Ова му доаѓа као некој да добие препорака за одредено работно место, и сега, кога ќе му прдне на сопственикот на фирмата да вработи некој нов или ако му треба, тогаш да го викне на разговор тој некој, што благо мени, може да се деси и никад!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom