Македонија - Данска [21.01.2012 - 18:15 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Поздрав од

Јован - абе доста до тое портали на кои најголемиот на дел пишуваат од дома гледајки пренос или уште полошо на нет само резултат ... имате изјави со видео материјал - сите гледавме натпревар ...
Ова важи генерално на сите /исто вака беше и по поразот на кошаркари од Ц.Гора/ ... ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО ДЕВАЛВИРАТЕ ТРУДОТ НА СЕ ОНА ШТО Е МАКЕДОНСКО ... И ДОСТА СО ТОА ДЕКА СТРАНСКОТО Е ПОДОБРО ... АБЕ ПРЕКУ ТАКОТО, ОД МОТОТО И ГИВНО ДА Е АМА Е ПОСЛАТКО ОД НАШЕТО ...
Е НЕМА ПОВЕЌЕ ... НАШЕ Е НАЈДОБРО Е ... САМО ТАКА МОЖЕМЕ ВО ПОДОБРО И ПОСРЕЌНО УТРЕ ....
пред 24 минути преку мобилен телефон

Игорче.....е најако чоече....коа го пуштија да коментира,губевме....а само ја урлав ко луд од радост коа му го слушнав гласот!!!:)
 
Веројатно јас сум еден од ретките што и не беше разочаран коа ја тргнаа контрата и знаев што следи. Така се кали челикот. За десетина години, ќе видиме до каде ни е силата, а верувам дека тогаш ќе имаме искуство денес и идните години(верувам во континуитет, барем на следното светско и европско) ќе го стекнеме. Најмногу ме полни тоа што играат со срце за државата. Тоа ни со победа, ни со медала не се купува:cuc:
 
Дури коментираше Игор во еден момент рече:
Најдобро во овој напад беше тоа што Данска постигна гол :pos::pos::pos: Каква будала човече :D

Овај денес сигурно имаше клаено пари за 1
Плус не беше некако расположен :)
 
394562_10150553842992072_722547071_8857606_471104_n.jpg

Оваа слика се вртеше кај неколку екс и сегашни ракометари.Пред да се запалите, имаа огромни пофалби за играчите, а забелешката беше искажана со сликава.
 
Ајде малу да се насмемо дали го чу некој игорче ко рече наместо спелеберг спилберг :facepalm:или само мене така ми се слушнало :vozbud:

Арно ти се слушнало , ама реченицата во која го искористи името Спилберг беше на право место и не мислеше на спелеберг. Е сега ти што си бил расеан и не си слушал што збори игорче тоа е друго :)
 
Еве и Шундовски го кажал тоа што и јас го забележав:

„Недозволиво е при 6 позитива да се прават егзебиции, не против Скандинавци и не на Европско првенство. Се надевам на идните средби ќе бидеме далеку попаметни“, заврши Шундовски.„
 
Арно ти се слушнало , ама реченицата во која го искористи името Спилберг беше на право место и не мислеше на спелеберг. Е сега ти што си бил расеан и не си слушал што збори игорче тоа е друго :)
Грешка си, коа се пушти во пренос поради пречките на неколку наврати Спелерберг го кажа Спилберг.
Али нај јако беше коа кажа.
Треба и нашите ракометари да треснат од земја некој од противниците за да им се даде до знаење дека нема лесно минување.
 
Што е најтрагично има право. Требаше некој да го тресне 2-3 пати Хансен од земја, а тие се плашеа да му се доближат.
 
Кога веќе муабетот е кај киксовите на Игорче не треба да се заборави дека којзнае колку пати наместо Данска викаше Шведска, сепак блиску беше :pos:
 
Арно ти се слушнало , ама реченицата во која го искористи името Спилберг беше на право место и не мислеше на спелеберг. Е сега ти што си бил расеан и не си слушал што збори игорче тоа е друго :)
Ја не знам што како било ама тоа го чув а ида сум бил расеан сум имал причина :) што ти демек не беше :)
 
Лазаров...
-Одигравме голем меч, како за медал. Го имав последниот шут, жалам што не го погодив. Топката можеше да се одбие било каде во полето, но таа дојде кај Данците во раце и ни дадоа гол...Не знам, не знам што да кажам, со неверување за ситуацијата на паркетот во последните секунди од натпреварот кој Македонија го одигра со Данска, вели капитенот Кире Лазаров.


-Играме фантастично, не знам што е ова, кому сме згрешиле што вака ни се враќа. Во второто полувреме, наместо да се дигнеме, ние паднавме, но не физички. Не знаеме да се вратиме назад, а игравме фантастично во првиот дел. Тоа е за книга да напишеш. Три пати судиите ни креваа рака за пасивна игра, имаше уште 5-6 секунди. Голманот можеше да одбрани, можеше топката да отиде и зад гол, но не – таа се одби во терен доволно за да има време за контра и да примиме гол. Неверојатно е ова што ни се случува, разочаран вели Лазаров.

- Ќе има уште една непреспиена ноќ од жалење, ми е страв сега за психолошкиот момент, не за мене толку, колку за целиот тим, момците се во шок. Ова беше меч по кој можевме да се бориме за медал, гледате дека со сите сме егал, со сите се носиме – и со Германија и со Шведска и со Данска, изјави по мечот капитенот на македонските репрезентативци.
 
Што е најтрагично има право. Требаше некој да го тресне 2-3 пати Хансен од земја, а тие се плашеа да му се доближат.

Велко го легна еднаш ама малку му беше а и Кире му акна шамар на еден
 
Од мака и од страв дека ќе налетам на некој глуп и навредлив коментар кон репрезентативците не ја прочитав темата. Ќе кажам само ако некој јадел бурек за Лазараов може слободно да оди да си го преиспита ракометното знаење и воопшто спортското разбирање.
 
Зошто мислиш дека некој ќе се прави слеп и ќе јаде бурек за Лазаров?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom