Лазаров...
-Одигравме голем меч, како за медал. Го имав последниот шут, жалам што не го погодив. Топката можеше да се одбие било каде во полето, но таа дојде кај Данците во раце и ни дадоа гол...Не знам, не знам што да кажам, со неверување за ситуацијата на паркетот во последните секунди од натпреварот кој Македонија го одигра со Данска, вели капитенот Кире Лазаров.
-Играме фантастично, не знам што е ова, кому сме згрешиле што вака ни се враќа. Во второто полувреме, наместо да се дигнеме, ние паднавме, но не физички. Не знаеме да се вратиме назад, а игравме фантастично во првиот дел. Тоа е за книга да напишеш. Три пати судиите ни креваа рака за пасивна игра, имаше уште 5-6 секунди. Голманот можеше да одбрани, можеше топката да отиде и зад гол, но не – таа се одби во терен доволно за да има време за контра и да примиме гол. Неверојатно е ова што ни се случува, разочаран вели Лазаров.
- Ќе има уште една непреспиена ноќ од жалење, ми е страв сега за психолошкиот момент, не за мене толку, колку за целиот тим, момците се во шок. Ова беше меч по кој можевме да се бориме за медал, гледате дека со сите сме егал, со сите се носиме – и со Германија и со Шведска и со Данска, изјави по мечот капитенот на македонските репрезентативци.