Штета штета, огромна штета. Срцево ми плаче, а највеќе ми е криво за ракометариве.
После утакмицава да можам гзот би им го бацил.
Момците одиграа одлично, али ете, како никогаш досега спортската среќа ни го сврте грбот. Тоа што се случи во последните 10 секунди за мене е само немање спортска среќа.
У никој случај не треба да се плука по ракометарите. Тој што не заслужува да е на ова Европско е селекторот Шундовски.
Изгледав доста натпревари од ова Европско, што у Ниш, што утакмици на тв од другите групи, и тоа што го видов е дека моментално само Хрватска, Шпанија па донекаде и Унгарија и Франција, иако Французиве одиграа слабо у прва фаза, значи само овие 4 репрезентации моментално одскокнуваат од нас.
Буквално со сите други репрезентации можеме да се надигруваме. До сега ниту една ртепрезентација не успеа да не надигра.
Кога ќе се сумира се до сега...ептен малце фалеше за Македонија да игра у 1/2 финале. Само малце спортска среќа.
Видете ја Германија, они не одиграа ништо повеќе или подобро од нас, а еве веќе се 99% у 1/2 финале.
Ставрно е голема штета што оваа генерација нема да се најде помеѓу четирите најдобри репрезентации во Европа, а веќе беа доволно зрели и искусни за тоа.