Македонија чека поддршка од Бугарија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bore69
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 септември 2007
Мислења
160
Поени од реакции
1
Македонија чека поддршка од Бугарија за НАТО и за ЕУ
Проблемите во односите меѓу Бугарија и Македонија треба да се решаваат со позитивен приод, изјави Груевски во Софија
5BBA876737145C4181209E1EA8E21ABE.jpg

Македонија ќе го гради ставот за Косово врз основа на сопствените интереси, изјави Никола Груевски по разговорите со својот бугарски колега Сергеј Станишев



Софија – „Република Македонија е во историски период во кој во следните месеци очекува покана за прием во НАТО, но и период во кој се соочува со проблеми за чие надминување очекува поддршка од своите пријатели“, изјави македонскиот премиер Никола Груевски по разговорите во Софија со бугарскиот колега Сергеј Станишев.

На заедничката прес-конференција по средбата Груевски нагласи дека Македонија очекува поддршка и „добар глас“ од Бугарија на патот за членство во НАТО и во ЕУ, за што особено значајна ќе биде размената на бугарските искуства во остварувањето на условите за членство во двете организации. Бугарија ќе може да ги докаже своето добрососедство и пријателството во овој историски момент за Македонија, потенцира шефот на македонската Влада.

Премиерот Груевски нагласи дека Македонија очекува во текот на 2008 година да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, за што смета на целосна поддршка од Бугарија.

Како главни приоритети во економската соработка македонскиот премиер ги наведе далноводот од Бугарија до Македонија, што се очекува да биде завршен до март или април 2008 година, како и изградбата на автопатот во рамките на Коридорот 8, што треба да почне кон крајот на идната или почетокот на 2009 година и кој би имал два крака - едниот од Крива Паланка, преку Куманово до Скопје и вториот од Делчево, преку Штип до Велес и натаму кон Битола.

Груевски истакна дека Македонија не се откажала ниту од железничката линија во овој коридор, но дека од македонска страна останува уште многу работа на тоа поле, при што изрази надеж дека во наредните години проектот ќе биде реализиран. Станишев изјави дека економската соработка меѓу Македонија и Бугарија последниве години бележи голем напредок, што го илустрира со обемот на трговската соработка, која од 147 милиони евра во 2001 година само во првите осум месеци од оваа година е зголемен на 355 милиони, со тенденција до крајот на годината да достигне до 400 милиони евра.

Тој потенцира дека треба да се даде дополнителен стимул во односите меѓу двете земји и да се заборават споровите од минатото и, наместо тоа, државите да се свртат кон соработката и заедничката иднина во евроатлантските организации.

Станишев потенцира дека Бугарија постојано ја поддржувала Македонија од стекнувањето на нејзината независност, како што се меѓународното признавање, помошта за време на грчкото ембарго и за време на кризата во 2001 година, и дека таа поддршка продолжува во процесот на приближувањето на Македонија кон европските и евроатлантските интеграции.

Една од темите на средбата Груевски - Станишев било и прашањето за статусот на Косово, кое е оценето како исклучително важно за двете земји и за стабилноста на регионот во целина.

„Косово е последното големо отворено прашање на Балканот“, нагласи Груевски, додавајќи дека со неговото решавање ќе се даде нов сигнал за странските инвеститори дека тензиите се смирени и дека постои можност за прилив на нови инвестиции. Тој рече дека Македонија внимателно ги следи случувањата околу Косово и сите можни опции, додавајќи дека својот став за ова прашање ќе го гради врз основа на сопствените интереси.

На новинарско прашање за појавата на антибугарски текстови во некои македонски медиуми, Груевски рече дека медиумите во Македонија се независни и Владата не може да влијае врз нив. Според него, проблемите треба да се решаваат со позитивен приод и да се гледа „големата слика“ на добри односи и соработка, а не да се истакнуваат ситни проблеми.

Станишев околу ова прашање потенцира дека на Балканот има многу историја, но дека ако државите сакаат да одат напред, треба да се свртат кон иднината и соработката.

Официјалната посета на Груевски на Бугарија почна претпладнето со полагање венец на Гробот на незнајниот јунак во Софија. Груевски се сретна и со шефот на бугарската држава, Георги Прванов, и со претседателот на Собранието, Георги Пирински.

Во состав на македонската делегација е и вицепремиерката за евроинтеграции, Габриела Конеска-Трајковска, која претпладнето имаше средба со бугарската министерка за европски прашања Гергана Грнчарова. (МИА)
http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F94F73E08EB4E54482A29FF8C0F7F8D9
 
Добра дума чека Груевски. Македониjа и Бранко не чекат ништо.
 
Фала богу некој реши да биде активен и на тоа поле.

Подобрување на односите со Бугарија и решавање на отоворените прашања треба да стане еден од приоритетите на македонската надворешна политика.
 
.... решавање на отоворените прашања треба да стане еден од приоритетите на македонската надворешна политика.

Бугарија и бугарите немат ни едно отворено политичко прашање односно Македониja и македонците! Ни едно.:nenene: :nenene: :nenene:
 
Бугарија и бугарите немат ни едно отворено политичко прашање односно Македониja и македонците! Ни едно.:nenene: :nenene: :nenene:

СЕУШТЕ немаат ниту едно отворено (што ќе рече, гласно кажано и побарано) политичко прашање, а имаат многу НЕРЕШЕНИ.
 
Bottom line.... ovaa sorabotka treba da se razviva.
 
Бугарија и бугарите немат ни едно отворено политичко прашање односно Македониja и македонците! Ни едно.:nenene: :nenene: :nenene:

Јас каде спомнав политичко прашање?

Не ми го свати постот па мислиш нешто против Бугарија зборам што немаше врска.

Гледај по форумов какви се односите, ти се бендисува ли така?
 
Какво толкова политичко прашанье?

За име ли?
За ОМО ли?
За д'ржава ли?
За граница ли?

ја стига, не тражи нешто там дето го нема, поне от таја страна на границата.
 
Историјата на просторот на Балканот укажува на многу неправди. Илузорно е да се очекува сите тие да се корегираат. Единствен пат за иднината на сите балкански народи и држави е идна соработка, разбирање и толеранција. И помош од тие кои побргу влегоа во ЕУ. Тоа е единствениот прав пат. Се друго е рамно на деструкција и обострани штети. Затоа, ја поздравувам ова средба и сите други вакви средби и со другите балкански држави.
 
Јас каде спомнав политичко прашање?

Не ми го свати постот па мислиш нешто против Бугарија зборам што немаше врска.

Гледај по форумов какви се односите, ти се бендисува ли така?


Бугариjа нема ниту едно отворено прашање односно Македониja и македонците! Ниту едно.:nenene: :nenene: :nenene:



OK?
 
Бугариjа нема ниту едно отворено прашање односно Македониja и македонците! Ниту едно.:nenene: :nenene: :nenene:



OK?

Нема да се расправам со тебе, ако сакаш да си живееш во фантазија никој нема да те спречи.

Ако те бендисуваат сегашните односи и мислиш дека се одлични и не може да бидат подобри, повели мисли си така.

Јас мислам дека може да бидат многу подобри и на тоа треба да се работи од двете страни.

Не барај рачка каде ја нема (барем не во мојот пост).
 
Леле , немој само да се потпреме на тие гнаси од исток уште еднаш,зошто тоа ќе е фатално за нас. Со тие подмукли татари само мудро,никако да им падниме в раце .... не дај боже ...
 
Jас сметам дека за наште деца и иднината требува да се гледа напред. Да се соработува, да се прави бизнес, да си помагаме. Ако сме свратени назад, дека нито можеме да промениме историа, нито да се разбереме ништо нема да стане. Гледаики напред може да си направиме животот по арен. И наместо да си тераме повеке душмани, да си тераме приатели.
Сметам дека само глуп човек ке ми оспори овие сборови.
Лек и срекен ден на сите.:smir:
 
Jас сметам дека за наште деца и иднината требува да се гледа напред. Да се соработува, да се прави бизнес, да си помагаме. Ако сме свратени назад, дека нито можеме да промениме историа, нито да се разбереме ништо нема да стане. Гледаики напред може да си направиме животот по арен. И наместо да си тераме повеке душмани, да си тераме приатели.
Сметам дека само глуп човек ке ми оспори овие сборови.
Лек и срекен ден на сите.:smir:

Абе вие знаете како треба па почнете да го покажувате тоа на дело
http://paper.standartnews.com/bg/article.php?d=2008-09-25&article=249275
Почистването, за наш срам, се изв'рши в другата б'лгарска д'ржава, Македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom