Македонија чека поддршка од Бугарија за НАТО и за ЕУ
Проблемите во односите меѓу Бугарија и Македонија треба да се решаваат со позитивен приод, изјави Груевски во Софија
Македонија ќе го гради ставот за Косово врз основа на сопствените интереси, изјави Никола Груевски по разговорите со својот бугарски колега Сергеј Станишев
Софија – „Република Македонија е во историски период во кој во следните месеци очекува покана за прием во НАТО, но и период во кој се соочува со проблеми за чие надминување очекува поддршка од своите пријатели“, изјави македонскиот премиер Никола Груевски по разговорите во Софија со бугарскиот колега Сергеј Станишев.
На заедничката прес-конференција по средбата Груевски нагласи дека Македонија очекува поддршка и „добар глас“ од Бугарија на патот за членство во НАТО и во ЕУ, за што особено значајна ќе биде размената на бугарските искуства во остварувањето на условите за членство во двете организации. Бугарија ќе може да ги докаже своето добрососедство и пријателството во овој историски момент за Македонија, потенцира шефот на македонската Влада.
Премиерот Груевски нагласи дека Македонија очекува во текот на 2008 година да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, за што смета на целосна поддршка од Бугарија.
Како главни приоритети во економската соработка македонскиот премиер ги наведе далноводот од Бугарија до Македонија, што се очекува да биде завршен до март или април 2008 година, како и изградбата на автопатот во рамките на Коридорот 8, што треба да почне кон крајот на идната или почетокот на 2009 година и кој би имал два крака - едниот од Крива Паланка, преку Куманово до Скопје и вториот од Делчево, преку Штип до Велес и натаму кон Битола.
Груевски истакна дека Македонија не се откажала ниту од железничката линија во овој коридор, но дека од македонска страна останува уште многу работа на тоа поле, при што изрази надеж дека во наредните години проектот ќе биде реализиран. Станишев изјави дека економската соработка меѓу Македонија и Бугарија последниве години бележи голем напредок, што го илустрира со обемот на трговската соработка, која од 147 милиони евра во 2001 година само во првите осум месеци од оваа година е зголемен на 355 милиони, со тенденција до крајот на годината да достигне до 400 милиони евра.
Тој потенцира дека треба да се даде дополнителен стимул во односите меѓу двете земји и да се заборават споровите од минатото и, наместо тоа, државите да се свртат кон соработката и заедничката иднина во евроатлантските организации.
Станишев потенцира дека Бугарија постојано ја поддржувала Македонија од стекнувањето на нејзината независност, како што се меѓународното признавање, помошта за време на грчкото ембарго и за време на кризата во 2001 година, и дека таа поддршка продолжува во процесот на приближувањето на Македонија кон европските и евроатлантските интеграции.
Една од темите на средбата Груевски - Станишев било и прашањето за статусот на Косово, кое е оценето како исклучително важно за двете земји и за стабилноста на регионот во целина.
„Косово е последното големо отворено прашање на Балканот“, нагласи Груевски, додавајќи дека со неговото решавање ќе се даде нов сигнал за странските инвеститори дека тензиите се смирени и дека постои можност за прилив на нови инвестиции. Тој рече дека Македонија внимателно ги следи случувањата околу Косово и сите можни опции, додавајќи дека својот став за ова прашање ќе го гради врз основа на сопствените интереси.
На новинарско прашање за појавата на антибугарски текстови во некои македонски медиуми, Груевски рече дека медиумите во Македонија се независни и Владата не може да влијае врз нив. Според него, проблемите треба да се решаваат со позитивен приод и да се гледа „големата слика“ на добри односи и соработка, а не да се истакнуваат ситни проблеми.
Станишев околу ова прашање потенцира дека на Балканот има многу историја, но дека ако државите сакаат да одат напред, треба да се свртат кон иднината и соработката.
Официјалната посета на Груевски на Бугарија почна претпладнето со полагање венец на Гробот на незнајниот јунак во Софија. Груевски се сретна и со шефот на бугарската држава, Георги Прванов, и со претседателот на Собранието, Георги Пирински.
Во состав на македонската делегација е и вицепремиерката за евроинтеграции, Габриела Конеска-Трајковска, која претпладнето имаше средба со бугарската министерка за европски прашања Гергана Грнчарова. (МИА)
http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F94F73E08EB4E54482A29FF8C0F7F8D9