Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да не се лажиме дека лесно ќе ја тепаме Босна..
Ако одиме со таков став,лошо ќе поминиме...
Секогаш кога сме биле самоуверени во себе лошо сме врвеле...
Значи како прво,ќе мора да најдиме решение за грубата игра во одбрана на Босанците..
Не се тие толку брзи како Тунижаните,но не се ни толку наивни да не оставаат да влегуваме во 6метри како во петокот..
Играат многу згусната одбрана,нешто шо не ни одговара нас,доста се високи и груби..
За разлика од Тунижаните ова се играчи од нашата екс-југословенска школа,да речиме школовани и нема да се распаднат толку лесно како Ѓупците...
Предничат во одбрана Терзиќ,Врањеш...какво само пердашење им удрија на Австријците вчера,леле,леле,толку ќотек никогаш немаат изедено...
Одбраната им беше феноменална,исто и голманите скинаа доста топки,зицери...
Овде тешко дека ќе има топки и за пикер...
Да се надеваме дека брзо ќе ги решаваме на контри и полуконтри,па да се одмараме повеќе,да не се бориме за секој гол..
Ако го затворат Кире,и Наумче да нема ден,тешко нас ќе биди...како шо неаме шутери ќе се мачиме ептен..
Значи мора многу паметно да изиграме,пред се во одбрана,да искористиме тоа шо нивниот напад е послаб дел од тимот,па тука да го добиеме мечот,колку повеќе голови од контра и полуконтра толку повеќе време за одмор и насочување на силата кон одбраната...
Во напад не се ништо посебно,но ако се разиграат можат да бидат и тоа како опасни...
Челица и Прце се два леви бека кои ако имаат ден можат да ни направат големи проблеми,посебно ако не внимаваме да излегуваме на нив и со прекини на нападите да го умртвуваме нивниот напад..
Ако само излегуваат нашите колку да попречат без да спречат проток на топка ќе биди лошо...
Имаат опасни пикери,посебно Торомановиќ,дечкото е многу опасен,и ќе мора Ацо и Велко добро да го затвораат,ќе имаат мака со него,страшно силен играч,исто и Врањеш е слична градба....
На десен бек се поопасни,Дејан Малиновиќ е опасен бек,ако му оставаат простор можи да биди доста опасен,вчера даде доста голови,плус се повреди неговата резерва Коста Савиќ па ќе мора Малиновиќ да игра цело време..
Тука ќе мора некој подобар дефанзивец да се пушти на него,не ми се верува многу да игра Никола Маркоски,пред се зошто ќе ни треба Столе за напад,а ако игра Столе,ќе мора да игра и одбрана...
Тука ќе биди битката,да се задржи Малиновиќ,а посебно да се оневозможи проток на топка до десното крило Фарук Вражалиќ,опасно крило,еден од најдобрите играчи на Босна...
Заеабано е шо баш на таа страна со Манасков сме послаби во одбрана,уствари на двете крила сме дупка во одбрана,освен кога игра Бутино...
Ќе ни бидат заебани тие позиции на 2 и 5 во одбраната,ако таму изиграме како треба и ги запреме Челица,Прце Малиновиќ ќе завршиме лавовски дел од работата,и секако ако веќе ги запираме ќе мора да го заприме протокот на топки кон пикер....
На среден бек го имаат Иван Карачиќ,брат на Игор од Вардар...
Доста наликуваат во играта,и Иван има доста интересен стил на игра,многу добра игра без топка,опасен играч,кој знае да влези во дуел со далеку поснажни противници,да изнуди исклучувања,да не се повторувам,сличен играч како Игор...
Плус неверојатно борбен,ако успее да ги разигра другите ќе имаме проблеми....
Значи тоа се Босанците,јака одбрана,бавна досадна игра,и ако ние не изиграме солидно ќе имаме проблеми...
Треба да си ја играме нашата игра,без да прифаќаме нечиј стил,малце ме плаши ако прифатиме да играме како нив,со многу тепање,нервоза,доста технички грешки ќе имаме проблеми...
Можеби имаме искуство за вакви мечеви,посебно играчите на Металург,ама овие мечеви се заебани....
Значи најдобро сценарио е-да си ја играме нашата игра,посебно во одбраната,голманите да бидат во елемент и да и дадат сигурност на одбраната,а во напад,си ја играме нашата игра,нема дилема овде и постепено да го засилуваме темпото ,па некаде во второ да ги дотолчиме,како шо направи вчера Австрија...
Но сепак Австрија вчера ги доби во одбраната,и пред се со голманот..ќе мора одбраната да ни е на ниво...
Добро ќе биди да се изротираат повеќе бекови во напад,зошто целиот товар ќе биди на нив,а ако има тесен меч,ќе се истрошат доста...
Ќе мора Прибак и Ренато барем 15 ина минути да одиграат,за да се зачува свежината,посебно ако мечот е неизвесен....
Квалитетот е на наша страна,неспорно е ова,исто и искуството,далеку сме пред нив според искуство,но сепак не смее да се потценат,сепак се работи за селекција од екс СФРЈ,со голема ракометна историја зад себе...
Сепак мора да сме оптимисти,со победа си го отвараме патот кон 1/8 финале,не само кон нокаут фазата туку одиме со надеж дека ќе добиеме полесен противник...
Можеби клучен меч е утре,must win ситуација...иако и да изгубиме(не дај боже)... нема да е толку страшно,сепак како играат Хрватите и Австријците имаме големи шанси да тепаме и во наредните два меча..
Одиме на победа,победа за Македонија(како шо велеше лицето Б.Ц.во неговите славни победнички говори пред рајата)....
![]()
Не викаш дека прво Кирица им се удвараше.Почнаа да ни симињаат ѕвезди (мајнд гејмс)
Босанскиот селектор Драган Марковиќ ја гледа нашата селекција многу подалеку од осминафиналето.
Марковиќ за босанските медиуми вели дека уште пред почеток на СП тврдел дека Македонија има сила и задно со Шведска се тајни фаворити.
-Македонија и Шведска можат далеку до дотуркаат на овој Мундијал. Киро е сигурно голема звезда и најдобар играч во светот. Ми се допаѓа многу како игра Македонија, особено на првиот меч со Тунис, и сите нѐ воодушеви. Играше дисциплинирано и добро во одбрана, вели Марковиќ.
Златево да не планира у Катар да си остане, штом се привикнува на животот таму.Имаме слободен ден, полека се навикнуваме на ритамот на живот во Катар- Злате
...сепак се работи за селекција од екс СФРЈ,со голема ракометна историја зад себе...
..
Тешко дека Вугринец ќе добие минутажа,посебно ако е тесна утакмицата..@Tomasino зашто немаме шутери освен Кире и Мојсо?
Заборавате изгледа дека и Вугринец и Прибак ги имаме сега во тим.
Мислам дека имаме посилен тим од пред две години, поискусни Столе и Манасков, Недановски се покажа одлично сеа за сеа а замена за Кире е Вугринец, додека пред 2 години немаше никој.
Единствена слаба алка мислам дека ни е гопманската позиција, на Борко ако не му е денот незнам баш дали Диви може да не вади, не ме убеди во тоа против Иран каде низ уши му поминуваа шутевите.
Ако успеат дефанзивно да изиграат како што треба мислам дека ќе парираме и на Хрватска како што треба.
18:58 е главното...
Сума СумарУ![]()