Maкедонија - БиХ, 05.09.2011 20:00

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.134
Поени од реакции
16.811
{F9AF518D-0E1C-4D39-9FF2-FEB2ACD3BA19}flexible.jpg


И стигнавме до последниот меч за нашата репрезентација, ама само во оваа група, бидејќи со денешната победа против Финска нашите репрезентативци обезбедија пласман во 1/8 финалето, каде ќе вкрстат со трите најдобри репрезентации од Д групата...и ќе имаат уште најмалце три натпревари за одигрување.

Дуелот со БиХ не би сменил ништо кога се работи за нас, но само ако денеска Хрватска ја победа БиХ, така да, никакви амбиции ќе немаат босанците, и натпреварот ќе нема никакво значење.
Но ако победат босанците денеска против Хрватска ќе ги зголемат шансите за пласман во наредната фаза и утре со нас ќе одат на победа, а да се надеваат дека Грција ќе ја совлада Хрватска во нивниот меѓусебен дуел...кој пред почетокот на првенството требаше да одлучува за првата позиција во групата.

Значи денешниот дуел помеѓу БиХ и Хрватска би одговорил многу прашања и кога се работи за нивниот пласман, а и за нашите бодови во следната фаза...дали би оделе со четири или само со два...Хрватска ако ја совлада репрезентацијата на БиХ денеска, ние ќе одиме со четири бода во следна фаза, а ако биди поразена ние ќе треба утре да ја совладаме БиХ за да ги осигураме тие четири бода, ако не, ќе одиме со два бода, и сите три репрезентации ќе влезат изедначено во наредната фаза, Грција со два, Македонија со два и БиХ...

Ништо чудно и финците со победа над Црна Гора утре, да обезбедат пласман во 1/8 финалето...бидејќи ко ќе се направи круг од тие репрезентации Финска е во предност.

**ова е според моја математика, може и да грешам, бидејќи хаос е во групата кога се работи за другите репрезентации и нивниот пласман понатаму, битното е дека ние сме веќе во 1/8 финале, а за другите и помалце замарање..**

И чисто формалност, меѓусебните дуели на овие две репрезентации

bihmkd.jpg


Нека ни е честит пласманот во следната фаза, па со малце среќа да направиме историски резултат и да го подобриме пласманот од минатото ЕП кога бевме девети во Европа.
 
Засега води Босна на полувреме 43 - 36. Навивам за Хрвативе, за да можат нашиве да здивнат утре.

Честит пласман! Уште поголеми победи и успеси понатаму.

П.С. Само да надополнам дека се гордеам со нашите навивачи!
 
Ништо нема да направат хрватите ќе изгубат,се да им ебам чопаво.
 
Ќе треба нашите да стегнат заби уште еден натпревар.Ќе ги решиме и овие :))
 
Домеркант е добар играч утре ќе се јадат со Антиќ
 
ајде ајде, како па на аптекиве ќе им се зголеми продажбата на лекови за смирување :)
 
Барем да ги умореа :tapp:
 
Нашиве се изморени.Штета што не сме во полн состав па колку толку да се внесе свежина.Мора сеа да се стегне со Босна и да се надеваме не само на победа туку и нашиве да имаат сили за преостанатите 3 меча.
 
Какви се шансите нашите навивачи и на босна утре да се грабнат да се млатат.И ние сме добра бројка, а и они не се за потценување,плус некое пиво повеќе би било весело и на терен и на трибина:D
 
Ептен сум песимист за утре,незнам зошто. Дај боже да грешам!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom