Македонија - Австрија [ 16.01.2014 - 18:15 часот ]

Кој ќе победи?

  • Македонија

    Гласови: 79 60,8%
  • нерешено

    Гласови: 6 4,6%
  • Австрија

    Гласови: 45 34,6%

  • Вкупно гласачи
    130
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Сунѓерот Боб е обратниот Нострадамус. Од кога ќе каже дека ќе победиме, секад не победуваме.

Инаку 99 посто сум сигурна дека имаше еден пост во темата со Чешка каде рече дека му мириса на нерешно. У прво полувреме некаде.:icon_mrgr:
 

Ех да е жив и здрав Цревото и тој како мене предвидува дека ќе излезат фластер на Лазаров.....Дај ова емисијата пуштете му ја стрчниот штаб за да не се правдат после дека неспремни ги фатиле..:D
 
Ех да е жив и здрав Цревото и тој како мене предвидува дека ќе излезат фластер на Лазаров.....Дај ова емисијата пуштете му ја стрчниот штаб за да не се правдат после дека неспремни ги фатиле..:D


Баба Рада да е тренер ќе знајт дека на лазаров фластер ако му манат печени сме, едино ако не спроведат нешто слично на ова од цревото :icon_lol:
 
Сега ги прелистав претходните теми и се чудам какви луѓе пишат овде на форум o_O
Некој си мислел дека Македонија - Данска било фудбал :pos::pos: ДИВИ ништо не одбранил (тој кутрио ни секунда не влезе да избрани, сега за со Австрија карта ќе му наплатат за на трибина да седи :D ) Каков народ сме човече комедија :ROFLMAO:

Нека заврши побрзо Европското, сите се на бело гледам :D
 
Сега ги прелистав претходните теми и се чудам какви луѓе пишат овде на форум o_O
Некој си мислел дека Македонија - Данска било фудбал :pos::pos: ДИВИ ништо не одбранил (тој кутрио ни секунда не влезе да избрани, сега за со Австрија карта ќе му наплатат за на трибина да седи :D ) Каков народ сме човече комедија :ROFLMAO:

Нека заврши побрзо Европското, сите се на бело гледам :D
Ланското европско беше бетер. Ти текнува на "Кире не треба да игра", "Кире си го лади", "Му е стало на Кире за Македонија", кога ќе преземеше Кире одговорност и ќе промашеше "Кире не шитна".

Срамотилаци, сеа барем се актуелизираше ракометната ЛШ па сите горе доле видоа што е ракомет и како идат работите.
 
Јас зачудувачки сум оптимист. Мислам дека нашите ќе имаат сериозен пристап на натпреварот, а Австријците се тип на екипа која може да ни "легни".

Неколку клучни аспекти според мене:

1. Секоја екипа која стигнала до ЕП мора да има барем солидни бекови. Така и Австрија. Ама според мене нивната бековска линија е далеку послаба од онаа на Данска, а е послаба и од онаа на Чешка. Не мислам дека таму е опасноста кон нашата репрезентација. Верувам во Ацо, Велко и компанија дека можат да ги запрат нивните бекови.

2. Главната опасност на Австријците им се крилата (Сантос и Вебер), кои всушност мислам им се и најдобри играчи. Сантос ти е Манасков 2.0, освен што има памет во главата и е во далеку подобра форма, а Вебер е одлично стабилно крило. Никако не смее да им се остава простор на крилата, бидејќи ниту еден од нашите голмани не е добар од крилни позиции (како што е Станиќ, како што некој погоре спомна).

3. Главната опасност од Австријците доаѓа во тие контри и полуконтри од крилата. Губењето на топки мора да се сведи на минимум, и мора да се враќаат сите назад што побрзо. Поарно млак шут отколку изгубена топка.

4. Немаат толку добри одбранбени играчи за со одлично поставена зона, да го неутрализираат Лазаров заради што скоро сигурен сум дека ќе му играат фластер во најголем дел од средбата. Тоа значи дека Миркуловски ќе мора да е во елемент. Многу ќе фали Наумче тука, па дури и Стојчевски ќе се најдеше ама што е тук е. Пецаковски ќе мора да повлече на овој натпревар.

5. Јас би пробал 10-20 минути и со 2 пикери (само Лазаров и Миркуловски на бек) и тоа Стоилов и Марковски бидејќи играат и одбрана да парирам на фластерот на Лазаров. Ако се развлече одбраната со фластерот на една страна и добри блокови на пикерите може да се предизвика многу простор за Миркуловски за влезови и изнудување на пенали и 2 минути.

6. Кога се има играч повеќе секогаш треба да се оди на виок на крило!!!! Колку сака нека не знаат, Манасков/Ојлески или Георгиевски од крило ни се најдобра шанса за гол во ти ситуации.
 
Читам погоре Манасков изјавил демек можел подобро , бравооо Манасков бравооо Манасков бравооо , бравооооооооо
applause-gif.gif


незнам веќе и што можеш , изненадување стана :unsure:

Сунџерот напишал победа

Why.gif



Oд натпреварот со Чешка ( срцеви удари , инфаркт , разни болести , темепература , вирус , нервоза 2348489594939283495 во стотинка ... ) , против Австрија тешко според она што играат оти стварно добро и солидно играат . Сакам да тепаат нашиве не велам не и ајде ќе ги бодреме до крај .

М А К Е Д О Н И Ј А :love:
 
сепак се работи за 5 пласирана репрезентација, а вакви размислувања погоре ... ако беше заслужено тоа место, тогаш не треба да се плашиме од аутсајдер (како што се сметаше Австрија)
 
Нормално дека не смее да се потцени Австрија, тежок противник ќе биде, особено со нашите падови на игра. Само да не биде, сам себе го победил, пошто сите знаеме колку е тоа реална можност. Ама сепак некои ја прават Австрија Данска, да не ги прецениме па сеа. Не се лош тим, зајакнати се, сепак мислам дека можеме комотно да ги тепаме без око да ни трепне, АМА ќе биде македонската до самиот крај, вуци-потегни, а секако ако Борко не се разбрани, тогаш џабе блаботиме тука, може да си пишеме пропало.
 
Јас верувам во нашите момци дека можат да дојдат до посакуваниот резултат вечерва.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom