ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34
Ќе ни ебат матер Австријциве, прашање е само со колку разлика... Ако играат како на првите 2 меча имаат сериозни шанси и нас да ни го земат скалпот. Играат пргаво, без респект, агресивно, нешто што нас не ни одговара. 
Колку што ги гледав на овие 2 меча (бидејќи пред тоа ги немав гледано од баражот со нас прехлани) форсираат „измешан“ ракомет, иако имаат Исланѓанец за тренер мене ми наликуваат ко да имаат Шпанец. Форсираат вишок на крило, а познавајќи ја нашата одбрана и нејзината склоност на (не)бранење на таквите напади, лошо ни се пише.
Или посликовито, во даден момент ние имаме и 5 играчи од Металург во одбраната.
Џомба - „странецот“ - Ацо - Велко - Миркуловски - Манасков.
Таа одбрана е погодна за тим како Чешка (затоа и е голема штета што не ги победивме) но е многу ранлива против ваков тип на игра каков што форсираат Австријциве. Особено тоа се должи на слабата игра на крилата во одбрана, кои се општо слаби дефанзивци но во Металург го имаат Станиќ, кој е јак во бранење такви шутеви од крило. Е сеа ние ќе треба да се крстиме во Борко, кој па и не е така лош за крилни удари.
Но знаат опасно да шутнат и од бековска позиција. Воглавно Силаѓи им е алфа и омега, ко Кире кај нас, прва виолина и за голови и за асистенции. Но опасен е и младиот Максимилијан Херман на десен бек, вчера ги испука јако Данците од 9 метри неколку пати. А ние сме особено ранливи на такви удари на првенството заради Борко (кој речиси секогаш не бил најдобар во бранење такви удари) и заради слабата форма на Велко Марковски кој нит излага навремено на играч, нит крева блок ко што треба.
Бонус работа која може да ни оди во прилог е „наивноста“ на нивното лево крило - Санотс, кој е со паметот ко Манасков. Често знае да улета на бек и да направи пробивање. А искрено на првенствово ваљда нема некој што подобро изнудува пробивања од Митков. За друго е тапа, ама за ова не знам како толку го бива.
Во поглед на одбраната на Австрија, имаат една голема дупка заради која Данците ги избушија вчера. Тоа е нивната десна одбранбена страна, каде што Хансен и Мадс вчера си поигруваа ко со деца. Али ко за беља ние баш таму сме најтенки нели. Да беше Номче сигурен сум дека даваше 7+ гола тука. Сепак, мора да се проба да се искористи таа слабост на противникот. Пецаковски можеби не е таков тип, но Миркуловски би требало да има полза, па зошто не и Бранче? Може дури и Кире таму да отиде и да проба со „обратен“ шут, нешто што Вугринец на пример често го применува (да беше и тој достапен ќе му легнеа овие).
За разлика од тоа, на средина и на левата страна мислам дека се солидни, а тоа е баш онаму кај Кире, т.е. од кај што ние најмногу даваме голови (после седмерците нормално).
На мечов мора да се искористат и крилата. Какви и да се, треба повеќе да се „вработуваат“. И мора Олјески да игра место Манасков. Реков за Обрван, дека нема да му судам доколку пробува нешто ново во напад макар и изгубиле. Но очигледно ништо ново нема. Пак онаа стара и досадна игра „на мускули“, неинвентивен напад со обично подавање на бековите место комбинирање. Сеа делумно има право да се правда заради „фондот на играчи“, но и со овие мора да проба да изработи вишок на крило, за тоа не ти требаат Балиќ и Јиха во тимот. Јас никаква новост не гледам во нападот искрено...
Треба да се напомене и дека овој Мариновиќ не е голман за фрлање, но дека ужасно брани пенали, а ние најмногу голови даваме од пенали па може да сме во предност.
Така да, против Австријциве сме во предност во поглед на искуство. Во се друго моментално сме во најмала рака изедначени. Јас сум песимист за мечот. Лесно можат да се добијат, но за да се добијат мора минимум 50% подобра одбрана и 20% подобар напад. Дали ќе биде тоа, видечемо.