Макарска

Местото е преубаво, кој има шанса нека отиде нема да зажали ни за момент.

Не слушајте муабети дека е скапо, нема врска...исто ко во Скопје да си. Ма да од сега ќе бидат во ЕУ и може да се сменат работите...
 
Сакам летово да одам во макарска,некој да ми каже како се движат цените за смештај,храна?Подобро е да се оди преку агенција или во сопствена режија,со кола или автобус?Какви се плажите и тн тн :)
 
avtobus za split ima li nekoj broj od nekoja agencija???
 
Бев летото 2010 во Макарска.Симпатично гратче со гостопримливи луѓе,па уште ако им кажете дека сте од Македонија :) .Јас бев крај на август така да цените беа нормални,скоро како во Мк.Има една гратска плажа која за време на викенди кога ќе навалат викендаши од Босна и не е баш нешто чиста,така да би препорачал да ги посетувате плажите што се малку настрана.Градот ви е поврзан со автобус со Сплит(90 мин.возење),Дубровник(2 и пол саати) и помали гратчиња блиску до Макарска.Мој совет обавезно да го посетите Сплит,а Дубровник е малку подалеку па не знам за таму.
За ноќниот живот има доста кафиќи и една дискотека во карпа.
Исто препорачувам да одите на крстарење Макарска-Брач-Хвар.Околу 25 евра мислам дека беше,цел ден ,со вклучен ручек.
Од туристите најбројни се Босанците и Италијанците.
Кој има можност да ја посети Макарска.

И јас бев 2009 во Макарска и да ви казам прекрасно иксуство. Не беше мн скапо, за нас цените беа ок, и крстарењето до Бол и Хвар, солидно.
Сега оваа година сакам пак да идам до Макарска но ме интересира дали некој знае или бил од вас преку Косово и Албанија, Црна Гора и Макарска? Помалку км има, побргу се стига, па ме интересира каков е патот, кај што треба да возиш, свртиш и сл.
;)
 
Ме интересира патот до Макарска преку Косово и Албанија? Дали има некој искуство, каде се вози, каков е патот, колку км и сл?
 
Ме интересира патот до Макарска преку Косово и Албанија? Дали има некој искуство, каде се вози, каков е патот, колку км и сл?

Дали имаш смартфон? Со GPS?
Ако да, тогаш можеш да инсталираш апликација за навигација кога ќе ти каже речиси се што сакаш да прашаш (растојание во километри, потребно време, рута и тн.). Пред месец дена бев во Дубровник преку Косово, Албанија и Црна Гора. Патот во Косово и Албанија беше одличен. Особено автопатот во Албанија.
 
Дали добро забележав од фотографиите - плажите не се песочни туку каменити?

Поголемиот дел се шљунак, има и троа песочни.

Макарска покрај Сплит и Дубровник ми е една од најомилените места на Далмација. Иако ја посетив пред околу 10 години, сеуште ми стои врежана онаа типична староградска архитектура изградена со бел брачки камен со ќепенците од дрво, широките тргови или „пиаци“ како ги викаат Далматинците.
 
Дали имаш смартфон? Со GPS?
Ако да, тогаш можеш да инсталираш апликација за навигација кога ќе ти каже речиси се што сакаш да прашаш (растојание во километри, потребно време, рута и тн.). Пред месец дена бев во Дубровник преку Косово, Албанија и Црна Гора. Патот во Косово и Албанија беше одличен. Особено автопатот во Албанија.
Фала. А мозес на кратко да напишеш што каде како? Имам смартфон . Ќе пробам со таа апликација за навигација ама добро би ми дошло и вака описно ;) мислам ако не ти е тешко
 
Фала. А мозес на кратко да напишеш што каде како? Имам смартфон . Ќе пробам со таа апликација за навигација ама добро би ми дошло и вака описно ;) мислам ако не ти е тешко

Значи одиш во Косово, преку Скопје или преку Тетово, подобар е патот од Скопје и возиш така до Призрен, влегуваш во Албанија и возиш по автопат и после се исклучуваш кај Скадар. Тука имаш две опции да одиш кон магистрала преку Муриќан или да одиш кон Подгорица. Јас одев кон Подгорица преку преминхот Хани и хотит и тука имаш 3-4 км лош пат одиш кон Подговрица, а Никшиќ па влегува во Република Српска и се спушташ во Дубровник, после тоа Макарска ти е на 2-3 саати еден е патот.. Другото ти е да си симнеш кон магистрала и да си продолжиш, ама во летниот период ти е доста оптоварен па во Хрватска ќе влезеш преку Херцег Нови и потоа одиш кон Макарска.
 
Спасибо большое (y)
 
Фала. А мозес на кратко да напишеш што каде како? Имам смартфон . Ќе пробам со таа апликација за навигација ама добро би ми дошло и вака описно ;) мислам ако не ти е тешко

Одиш преку Косово-Албанија автопатот и влегуваш некаде после Скадар во Црна гора. Оттаму фаќаш приморска рута Бар - будва и после тоа ако сакаш малку да кружиш можеш преку Котор за Херцег Нови, ако не, одиш до тиват и имаш траект да го сечеш заливот и пак до Херцег нови. Оттаму фаќаш граница ЦГ-Хрватска. Тука малку скршнува патот во континентален дел се` до Цафтат и Дубровник. Од Дубровник фаќаш патот за Плоче (отстана ќе почнат да се појавуваат островите, Мљет Корчула, Хвар, Брач. После некаде кај Брач ти е Макарска.

Некои 700 - 800 километри би требало све да фати. Се сеќаам од Котор коа идев за Брач (преку Сплит), патот беше малте не исто толку долг колку Скопје - Улцињ. За Макарска е сигурно пократок пошо временски се губи на траектот за брач по час.

Препораки, коа веќе го фаќаш овој пат, не е лошо да застанеш во Дубровник и Цафтат. Истотака ако идеш во Макарска на подолг престој посети го Сплит и некој од островите. Едно од најубавите патувачки искуства.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom