Макара што живот значи

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.653
Поени од реакции
14.624
9717195B232B064BBEAC6BA764479E16.jpg

Во 21 век, а како во камено време. Сами си го направивме пешачкиот мост од штици и од јажиња колку да може да се помине. Ограден е со жица присобрана од куќите, да не падне некој во водата и да се удави. Вака жителите на велешкото село Ногаевци го опишуваат животот откако Вардар им го урна единствениот мост

Примитивна дрвена кутија обесена на макара која ги поврзува двете страни на реката Вардар, полна со леб, млеко, пијалаци. Сајлите на кои виси кошницата се прицврстени за бетонска ограда на нешто што некогаш било мост, барем за тоа сведочат столбовите меѓу кои водите на Вардар брзаат накај Солун. Кошницата полна со храна е секојдневната слика што наутро ја гледаат жителите на велешкото село Ногаевци. Таа за нив значи живот и начин на прехрана бидејќи само така до локалната селска продавница може да стигнат потребните продукти. И тоа само три пати во неделата. Јадат бајат леб или месат дома бидејќи тазе леб може да се купи само во понеделник, петок и во сабота. Ако може да се каже дека е тазе откако ќе помине преку водата во дрвената кошница која буквално виси над матните води на Вардар, а ветрот ја дува од една на друга страна додека двајца соселани тегнејќи ги јажињата ја префрлаат храната од едниот до другиот брег.

E1FD318F0AE2B241B227731A089BCA54.jpg

- Во дваесет и први век, а како во камено време. Сами си го направивме пешачкиот мост од штици и од јажиња колку да може да се помине. Одвоивме по 50 евра од куќа. Ограден е со жица присобрана од куќите, да не падне некој во водата и да се удави. С` носиме на раце преку мостот, храна, пијалаци, децата на училиште одат од овде. Во ек е производството на пиперки под фолија, по мостот сега ги носиме и цревата за наводнување за системот капка по капка. Вака жителите на велешкото село Ногаевци го опишуваат животот во селото, пет месеци по уривањето на мостот на реката Вардар кој им беше единствена врска со цивилизацијата.

Секој месец нова надеж

Селото го посетивме на почетокот на уште еден месец со надеж дека токму тој 1-ви во месецот, на примитивното паркиралиште пред разурнатиот мост, ќе ја затекнеме механизацијата која треба да им го реновира мостот. Но, наместо тоа, наидовме на мост од јажиња кој е сместен на средината на некогашниот бетонски мост. Пешачката патека по која може да помине само еден човек се ниша над матните води на Вардар. На едната страна на брегот на Вардар на некогашниот влез во селото наидовме на возен парк постар од дваесет години. Автомобили главно од типот „лада“, „застава“, понекој стар „голф“ и три трактори. Целокупниот движен имот на тристате жители во селото беше сместен на калливиот паркинг. На другата страна, стотина куќи, но само кај половина од нив низ оџаците поминува чад. Селото е пусто.

- Живееме на само дваесетина километри од Велес по стариот пат за Неготино, а само десетина километри од општината Градско. Но, ако видите како го поминуваме денот, добивате слика дека сме илјадници километри од нормалниот живот - вели Будимка Лазова, која едвај зборува натоварена со стотина метри долго црево за вода.

AB7280B8FAA8524CA64EE4F988AF7A32.jpg

Радосна што некој се сетил дека постојат раскажува за голготата низ која минуваат таа, нејзиното семејство и соселаните.

- Н` посетуваа до пред Нова година. И власта и опозицијата, ветуваа мост, се најавуваше и почеток на изградба, но с` остана новогодишна желба - вели Лазова.

Нејзината сосетка Надежда Трајкова срамежливо н` гледа додека стои на дрвениот мост и лови риба.

Авантура која не мора да се доживее

- Поминете ако не се плашите. Ќе видите дека во селото нема надеж. Некои од соселаните се преселија кај роднини во околината, некои заминаа во Велес под кирија додека децата одат на училиште. Ние што останавме почнавме да ги обработуваме нивите покрај патот, зашто само така ќе може да го продадеме пиперот. Во селото нивите се пусти бидејќи нема начин како да се префрли производството преку разурнатиот мост - вели Трајкова.

Одењето по мостот што го правеле селаните без никаква помош од некој експерт е искуство само по себе. Уште на првиот чекор ви станува јасно дека ова е авантура која можеби не треба да се доживее. Меѓу облаците горе и студената вода долу во коритото единствени сме ние, ветрот и она што наликува на мост. Ветрот дополнително н` ниша додека правиме чекор по чекор и се надеваме дека за кратко ќе застанеме на цврста почва.

- Така ни беше и нам на почетокот, но сега се навикнавме, па можеме дури и да трчаме по мостот - се шегуваат двете дечиња Трајче и Ангел кои ги сретнавме на другиот брег.

Се движиме пеш по асфалтираниот пат низ селото до локалната продавница, која во моментот беше затворена. Преку прозорците може да се види дека во неа преовладуваат празни рафтови.

Старците што ги затекнавме во селото зачудено н` гледаа прашувајќи дали ќе им го направиме мостот.

- Отсечени сме од светот. Ако се разболиме, за да н` однесат на лекар со автомобил може само преку селото Кочилари, но тоа се цели 14 километри бидејќи таму е другиот мост - вели дедо Ангел.

Го оставивме со надеж дека лекар нема да му треба с` додека мостот не се изгради. Но, одговор не добивме од надлежните институции. Во Општината Градско ни рекоа дека жителите може да го користат обиколниот земјен пат. Тој е преку селото Кочилари, долг е околу 7 километри во еден правец, но бидејќи е во лоша состојба, треба да се вози околу половина час.

Надлежните велат дека според првичните процени, мостот е целосно уништен, а за изградба на нов потребни се околу 200.000 евра.

На жителите на Ногаевци засега им останува само надежта и вербата дека барем ќе го зачуваат мостот на јажиња. Ако не надојде Вардар повторно.

Извор
 
баце не ни пренесуј вакви комуњарски срања..сваќам дека сте желни за власт..ама барем ти знаеш како се живее таму! И се знаае дека мостот ќе почне да се гради некаде кога ќе се намали доволно нивото на водата..(барем така рекоа):tv:
 
дете ај бе порасни па расправај политика со твојте 16 години и испран мозок , што знаеш ти ?
како може да се градат 2 моста поред камени мост, значи не еден туку 2 моста ! а на секој 100 метри има мост на вардар, а овде неможе МОСТЧЕ да се изгради. Иди живеј тамо после да збориш.
 
Точно така, тука жителите се изложени на ризик од тоа мало мовче што го имаат а и преку него ги добиваат сите намирници кои им се неопходни. Недај боже некој сериозно да биде болен или повреден, прашање е дали ке стигне навреме во болница.
 
неправди во светот имало и ќе има, а ако сака било кој да најде некоја депресивна сторија, особено во Македонија ќе најде и тоа како, само приоритети си се приоритети, а буџет си е буџет, незнам на кого не му е јасно тоа...
 
баце не ни пренесуј вакви комуњарски срања..сваќам дека сте желни за власт..ама барем ти знаеш како се живее таму! И се знаае дека мостот ќе почне да се гради некаде кога ќе се намали доволно нивото на водата..(барем така рекоа):tv:

Чист пример како се живее таму, пред некое време некоја жена била болна тргнале да ја носат со кола а пред тоа врнело, на пола пат и застанала колата не можеле натаму, и тие рекле ќе ја вратиме дома, господ што ќе и даде тоа. А за тоа дека кога ќе се гради, отвори линкот и види најдоле градоначалникот што вика. :tv:

Во ова мовче што самите си го направија општината нема донирано ни еден денар, им бараа да им постават осветлување, и тоа не им го овозможија, да не мешам политика сеа, ама морам, една друга група од опозициската партија се собра и овозможи осветлување за тој мост, ама господата од општината не сакаат да го наместат тоа осветлување затоа што не е донирано од нив туку од опозицијата. А не сфаќаат дека тоа е неопходно, и колку е бедно навечер кога цел мост се ниша, прст пред око не се гледа, ти да минеш по него..

И арно викаат, еден мост чини колку опашката на лавот. :)
 
неправди во светот имало и ќе има, а ако сака било кој да најде некоја депресивна сторија, особено во Македонија ќе најде и тоа како, само приоритети си се приоритети, а буџет си е буџет, незнам на кого не му е јасно тоа...

Точно така и ова е една од тие неправди. Да има средства за секакви работи и проекти а да нема средства за важна неопходна работа како ова. Ако оваа не е приоритет незнам што е. А можеби имало средства само не биле искористени за оваа намена.
 
Чист пример како се живее таму, пред некое време некоја жена била болна тргнале да ја носат со кола а пред тоа врнело, на пола пат и застанала колата не можеле натаму, и тие рекле ќе ја вратиме дома, господ што ќе и даде тоа. А за тоа дека кога ќе се гради, отвори линкот и види најдоле градоначалникот што вика. :tv:

Во ова мовче што самите си го направија општината нема донирано ни еден денар, им бараа да им постават осветлување, и тоа не им го овозможија, да не мешам политика сеа, ама морам, една друга група од опозициската партија се собра и овозможи осветлување за тој мост, ама господата од општината не сакаат да го наместат тоа осветлување затоа што не е донирано од нив туку од опозицијата. А не сфаќаат дека тоа е неопходно, и колку е бедно навечер кога цел мост се ниша, прст пред око не се гледа, ти да минеш по него..

И арно викаат, еден мост чини колку опашката на лавот. :)
Вака ние што живееме во близина на овој мост ја знаеме ситуацијата и оваа работа е многу увеличена ...
Осветлување има за 2 моста , едното осветлување е донирано од Власта , додека другото е донирано од опозицијата ама како што гледам тука се спомува само донација од опозицијата што е лага ,мовчето се нишало додека одеш по него , а 90 % од луѓето кои имаат мотори го минат со мотор :pos2:исто така беше најавено градење на нов мост , но со тек на време додека нивото на водата се намали.
Нешто што најмногу мразам е да се карам за политика со деца кои ги познавам , но веќе кога ја видов темава што е премногу увеличена неможам , а да не искоментирам .Има уште многу работи да се кажуваат за овој мост али немора да навлегуваме толку :toe:
 
Точно така и ова е една од тие неправди. Да има средства за секакви работи и проекти а да нема средства за важна неопходна работа како ова. Ако оваа не е приоритет незнам што е. А можеби имало средства само не биле искористени за оваа намена.
se slozuvam deka e prioritet, ama nema sredstva za sekakvi raboti, ima samo za ona sto vleglo vo planot i strategijata za raspredelba na sredstva, sega tie treba da iznajdat novi za da ja pokrijat ovaa dupka, a toa preku nok ne odi, ni pa nekdae vo istorijata postoi deka nekoj gradel most zime ili naprolet koga se topi snegot, daj ne bidete kratkovidni
 
Некои немаат ни река преку која ќе преминуваат. :cry:

21 век алоо без река. С-Т-Р-А-М-О-Т-А!
 
а како тоа "не е сигурна" а преку неа минат со мотори?
 
а како тоа "не е сигурна" а преку неа минат со мотори?

За луѓе не е. Дека е дивоградба, не ја пеел попот. И може жртва да зема.
А сите знаеме дека моторите немаат душа.
 
За луѓе не е. Дека е дивоградба, не ја пеел попот. И може жртва да зема.
А сите знаеме дека моторите немаат душа.

човече..а моторите летаат ли бе? не викам дека е 100% сигурна или било што..само ти кажувам дека се лудуе со мотори по неа..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom