Мајката на Едо Маајка изврши самоубиство

  • Креатор на темата Креатор на темата blaster1
  • Време на започнување Време на започнување

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Мајката на популарниот босански хип-хоп пејач Едо Мaајка вчера изврши самоубиство, соопшти босанската полиција.

Портпаролот на полицијата во Брчко, Халид Емкиќ изјави дека 59 годишната Аземина Осмиќ била пронајдена од нејзиниот сопруг Фехим Осмиќ, а сите напори на лекарите во Медицинскиот центар во Брчко да ја оживеат биле безуспешни.
Мајката на познатиот пејач долго време патела од депресија и нејзината психичка состојба била сериозно нарушена.
Фехим Осмиќ по пронаоѓањето на сопругата ги информирал соседите, кои му помогнале да ја префрлат Аземина во Медицинскиот центар во Брчко. Лекарите се обиделе со реанимација да ја вратат Аземина во живот, но било предоцна.
Емкиќ изјави дека по направениот увид може да се заклучи дека најверојатно станува збор за самоубиство со бесење.
Телото на Аземина се наоѓа на одделот за патологија во Медицинскиот центар во Брчко, а се уште не се знае дали е донесена одлука за извршување на обдукција.
Сараевските медиуми јавуваат дека Едо Мaајка во моментов се наоѓа во Израел во посета на неговата девојка Лилах.
Датумот на погребот се уште не се знае, бидејќи тоа зависи од враќањето на Едо Мaајка од Израел.:nesum:
Сочувство до Едо Мaајка,Фехим Осмиќ и до роднините...
 
Нека почива во мир..

едит:
Едо Маајка треба, ако можи мала корекција во насловот...
 
леле, кутриот тој, не ни сакам да се замислам на негово место..:nesvest:

дефинитивно нема нешто пострашно од депресијата, и овој случај е пример за тоа:nesum:

нека почива во мир
 
Сочувство до Едо и роднините, нека почива во мир жената.
 
Сочуство до Едо...Нека почива во мир мајка му..
 
Сега 100% ќе напраи некој добри рап стихови за мајка му.
Нека почива во мир.
 
Сочувство до Едо. Нека почива во мир
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom