Маде ин Југославија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Идеално производство,па за штекерите и прекинувачите низ дома немам што да кажам,незаменливи,турските и останатите немаат никаков квалитет во споредба со Југословенскиот стандард.
 
Микрон е Прилепска фирма, кој во првиот бран на транзиција отиде под стечај. Миксери, фемови и такви ствари произведуваа. Беше лидер во Југославија и врвен квалитет.

А дека се произведувале квалитетни производи, се произведувале, затоа и пропадна економијата на Југославија. Купуваш една ламба и забораваш кога си ја променил. Ем така нема обрт, капут фирма.
 
Идеално производство,па за штекерите и прекинувачите низ дома немам што да кажам,незаменливи,турските и останатите немаат никаков квалитет во споредба со Југословенскиот стандард.

егзекли, споредбено со старите, иначе има нови турски (работам со струја значи) и држат многу добро за разлика од Контакт Загреб, кој го изгубија квалитетот после Југославија.

иначе онтопик: Баба ми има еден шпорет и еден фрижидер сигурно се преку 40 години пошо мајка ми не се сеќавала кога ги купиле, Грамофон, иам Тесла радио од тие лампашите, па колку работи од Борис Кидрич струга има низ куќава неам појма и сам, телевизорот уште работи само од време на време црка каскадата, едно Видео, уште си крцка :D па штознам што уште не :)
 
Микрон е Прилепска фирма, кој во првиот бран на транзиција отиде под стечај. Миксери, фемови и такви ствари произведуваа. Беше лидер во Југославија и врвен квалитет.

А дека се произведувале квалитетни производи, се произведувале, затоа и пропадна економијата на Југославија. Купуваш една ламба и забораваш кога си ја променил. Ем така нема обрт, капут фирма.

Ама баш затоа ги поставив оние жилети,стари 30-40 години,а сега отворени,
поквалитетни не може да се најде било каде,само се сомневам дека се од нашиот Микрон, се е внатре на латиница и има упаство за употреба и чистење.
Ајде прилепчани дајте решение.
 
Ј.U.S EP 02 10 или
Јебем уторак,среду евентуално петак два пута по десет минута 22 милиона људи!
--- надополнето: 29 јули 2013 во 20:08 ---
се е голо маде , само ако не е маде ин џермани ;)
Сега е Made in PRC,уствари нас не прца цела европа!
 
Мебел од Треска, оние будилници на навивање со иритирачко ѕвонење кога треба да станеш, метални тањири ( пајнци ) за јадење чинам од Струга беа., телевизор од Ниш, системи итннн...
 
Која глупава споредба ми е со тие јус производи и сега. Порано немаше избор, се знаеше, пр. пегли само 2-3 од Југославија, фрижидери исто итн... сите некоја средна калса на квалитет

Сега имаш од крш до високо квалитетни кои нормално коштаат, и кога ќе речат ее во југославија се занеше се што ќе купиш е квалитет, па и сега имаш квалитет само треба да го платиш, нормално дека пегла за 200 денари мадето од кина нема да истера ни 1 месец, додека пак ако купиш филипс или самсунг за некојси 100е ќе си турка генерации.


Не е глупава споредбата, навистина ако беа 200 денари пеглите ќе беше во ред. А проблемот е се продаваат кинеските производи како екстра-нови и модерни, по високи цени, а додека квалитетното што треба да го иа секое домаќинство се продава како луксузно.

Anco сеуште ние ја користиме југословенската правосмукалка,може повеќе брчи но гледав на гаранцијата, произведена 82-3 година некаде,фрижидер горење кој сеуште добро лади и еден за длабоко замрзнување, градинарски сетови кројачки ножици и еден куп такви работи се наоѓаат.
 
Тоа што беше Југославија пред 20 години сите ех републики за уште 20 години нема да го постигнат

--- надополнето: 30 јули 2013 во 11:43 ---
 
Picture 1733.jpg Мде ин Југославија,внатре во кутијата внатре 48 капачиња и еден супер затварач.----------------------------

Picture 1734.jpg упуство за употреба на сите „наши“ јазици , практични совети и рецепти за правење зимница.------------

Picture 1732.jpg јас само што завршив со компот за 14 тегли потребно: 2кгр сливи и 2 кгр праски = 70 ден + шеќер.
-----------------------------------------
овие капаци ги нема сега во трговија,а некој се уште ги бараат, тоа се оние за тегли без навој-без навртување на капакот.
 
Маде ин Југославија - Синоним за квалитет.

Имам јас Фрижидер горење од 1982. Цели 32 години ништо не е расипано.
Бојлер од 1986 исто така ништо не е расипано.
Греалка за во купатило ни траеше цели 26 години, а 2010 зедов нова греалка после 2 години рикна.
Зградите од пред 30 и кусур години се далеку поквалитетно градени од сегашниве.
Има уште многу работи да набројувам но не ми текнува во моментов.
 
^
Мех, тоа не е ништо :icon_mrgr:

Јас имам фрижидер, шпорет, болјар, машина за перење алишта, пегла, регали... купени негде 1977 година од страна на мајка ми. Еве после 35-36 години ништо не им фали. Добро нормално, шпоретот е отваран 2-3 пати заради менување на прегорени жици, ама вака се на се како денес да е купено.
Само едно ќе потенцирам, дека ми е жал за Искра телевизорот што ми беше во боја купен негде почетоците на 80-те, ми рокна пред неколку години... ама сепак 25 години не се малце за еден телевизор :coffee:
 
Не е толку до југословенското производство, колку е до времињата.
Денес, глобализацијата го прошири до крајни граници потрошувачкото општество и квантитативно и квалитативно (заради се поголем профит). Безмилосен конзумеризам владее и се шири (Маркс шо збореше, а ние му се смеевме)

Земете Најк патика од осумдес втора и денешна Најк патика. Која ќе трае повеќе?

Производите (во случајов патики), се повеќе добиваа на удобност, дизајн, перформанси, а се помалку на квалитет. За да се трошат побрзо. Тоа е општ тренд во светов.
Зарем на се побогатите граѓани на западот (на нив отпаѓа најголемиот процент на продадени стоки и услуги) им требаат патики кои траат две години, кога он сака секој месец нови да има? Секако, овие приоритети не се баш вакви кај сиромашните источноевропејци и остали светски шљам, али нив кој ги ебе, коа потрошњата на патики (производи и услуги) кај целата таа популација, е далеку од пола од вкупната потрошња (у пари секако, не у парови патики).
Денес глобализацијата напраи, тие со своите бедни примања да мораат да трошат/купуваат повеќе во единица време. Затоа производите се со све посрање квалитет.
Значи, општо производите беа поквалитетни тогаш, порано, праени за поише да траат.
Тука доаѓа и приказната за сијалицата на Едисон, кој ја знае.....

Ова е дел од причината за тоа како у СФРЈ, беше све поквалитетно. Остатокот стварно лежи во фактот дека самата држава имаше таква nobullshit политика, за разлика од денешниве банани.
 
Последно уредено:
Земи еден Гољф 2 ќе го надживее сопственикот
 
Обично производите беа лиценцни...
Кај мајка ми уште работи Кончар фрижидер од 1976, произведен во кооперација со италијански Зануси.
До скоро уште еден Кончар од 1989 работеше, пак наравен во кооперација со Калекс.
И на двата така пишува де...
Квалитетни производи, дефинитивно, ЈУС стандард.
Борово правеше Пума патики, Планика правеше Адидас. Обуча од Белград мислам Симод правеше... Вартекс од Вараждин правеше Левис фармерки... носев како дете...
Најголем дел од алатот дома ми е Униор, купуван од татко ми на времето... Бор машината на Искра (лиценца на Бош) уште работи, хехехе
 
Борово правеше Пума патики (и Најк имаа кратко време лиценца), Планика правеше Адидас, Астра Загреб - Конверс. Обуча од Белград мислам Симод правеше...не, Симод у Врње ги правеа
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom