Маде ин Југославија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Југославија е познато си го заврши „своето“ некаде пред 20 години.
Но што имате дома сега во овој момент а да е уште во употреба од МАДЕ ИН ЈУГОСЛАВИЈА.
Да така пишуваше на артиклите,предметите,производите,опаковката МАДЕ ИН ЈУГОСЛАВИЈА.
Кај мене дома се уште се во употреба многу работи „апарати“ со налепница МАДЕ ИН ЈУГО.....
И замисли повеќето работат беспрекорно. Како на пример пеглата ЕЛМА,секој ја знае од свадба ми е подарок и ќе закопа уште сто со МАДЕ ИН ЧАЈНА или ТУРКИШ.(кои се сега носат по свадби) но има и друго: еве цел алат ми е ИСКРА,дупчалки,циркулари,пили,брусалки и тие се над 30 години во употреба.Потоа правосмукалка една Слобода - Чачак,една Горење,не биле на мајстор до сега. А да и пералната е над 30 години (со ќерките врсници) и во одлична состојба е,како и фрижидерот и шпоретот Кончар. Но сигурно ќе издржат уште долго.
Добро имам и нешто наше од Прилеп ама пак МАДЕ ИН ЈУГОСЛАВИЈА и добро се држи,миксерот.
Е кола немам-поточно првата ми беше со такво МАДЕ ИН - ама отогаш сменив десетина.
---------------
Но друго ме потсети да ја отворам темава.Имаше ли квалитет во тоа МАДЕ ИН ЈУГОСЛАВИЈА. Да.
....Picture 439.jpg......еве и факти...еве и слики од жилети за бричењеPicture 440.jpgPicture 441.jpg...само незнам каде се произведувале ама е МАДЕ ИН ЈУГОСЛАВИЈА-гарант
(Овие жилети и некој ренген снимки и една сремска медаља ги најдов во куферот кои татко ми секогаш го чуваше заклучен и под негов кревет-сега му дојде редот)
и гарант со еден жилет ќе се бричам најмалку месец дена,додека со оние Супер силвер ни еднаш.
-----------------------
Ајде што имате вие дома МАДЕ ИН ЈУГОСЛАВИЈА.
Има многу „ДОБРИ“ работи што сега и мене не ми текнуват. Ај отидов на бричење.
 
Anco а колата зошто ја смени? Не беше доволно квалитетна или?
 
Zastava 101 Маде ин Југославија. По-тврда кола амин !!! И да се превитка , чукни 2 пати со чеканче се исправува и пали вози. Штета што новиве коли не се отпорни ни од тротоар да може да се спуштат без да оштетат. Или ќе испука пластика или без браник ќе останеш, или ќе ја гребнеш и ќе ти е страв на сервис да ја однесеш да ја испеглаат ( оти нели не работат они џабе ) и т.н. Ех златни ЈУГО времиња.
 
А замисли да отвориш тема "Маде ин Чајна" па тоа ќе биде навала вулкан :icon_lol:

Да така ќе биде,и тоа ќе биде тема што ќе ги сруши и престигне темите со секски теми.
--- надополнето: 29 јули 2013 во 16:09 ---
Имам едни украси за на sид, од дрво и едно од метал :)

Е тоа спаѓа веќе во антика (немој Паско Кузман да ти ги најде,отиде и ти кај него)
 
Да така ќе биде,и тоа ќе биде тема што ќе ги сруши и престигне темите со секски теми.
--- надополнето: 29 јули 2013 во 16:09 ---


Е тоа спаѓа веќе во антика (немој Паско Кузман да ти ги најде,отиде и ти кај него)
Немај гајле, тие си стојат на sид и собираат прашина, кога треба се бришат :)
 
Anco а колата зошто ја смени? Не беше доволно квалитетна или?

Е сега кај удараш, па младост,ергени,лудории,пари малку колку за едно Фичо со отварање на вратите напред, еееј..тоа беше кола едно време кога се сеќавам се качив со тоа Фичо во Инче и Бенче, деца веднаш се стрчаа и го обиколија да го гледаат.
Па и тристачите беа МАДЕ ИН ЈУГОСЛАВИЈА, е тоа беше веќе лимузина.
 
Која глупава споредба ми е со тие јус производи и сега. Порано немаше избор, се знаеше, пр. пегли само 2-3 од Југославија, фрижидери исто итн... сите некоја средна калса на квалитет

Сега имаш од крш до високо квалитетни кои нормално коштаат, и кога ќе речат ее во југославија се занеше се што ќе купиш е квалитет, па и сега имаш квалитет само треба да го платиш, нормално дека пегла за 200 денари мадето од кина нема да истера ни 1 месец, додека пак ако купиш филипс или самсунг за некојси 100е ќе си турка генерации.
 
Го фаќа многу носталгија за тоа време , подобро да отвараш теми за некоја временска машина од колку вакви теми.
 
Чичко Анчо, до пред извесен период по подрум се моткаше легендарниот транзистор „Славуј“ од Руди Чајевец. На дедо ми омилената направа. Ни сам не знае колку многу преноси на фудбалски натпревари има преслушано.:)
slavuj1.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв