STEALTH
God is a DJ
- Член од
- 25 ноември 2011
- Мислења
- 10.731
- Поени од реакции
- 14.838

@SaltNPepa
Ја опериравме мачката (во Штип) пред скоро 10 дена, и извадија матка (полна со гној) и јајници. 5-6 дена ја боцкаа отпосле со антибиотик.
Првите 1-2 дена беше како дрогирана кокошка, смешно беше, ама и жалосно хахах, а зениците и беа како 5 денарки. После се мачевме некој ден, нејќеше да јаде и пие, па и дававме се преку шприц директно у уста. Дали од болка, првите 4-5 дена дури и не предеше кога ја галам (што не се десило никогаш). Горе над раната имаше огромен подлив, ама за повлече за некој ден. Сега е ОК, пожива е, а и јаде како шо треба.
Ваљда ја спасивме
