Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали ми е за тука прашањево.. али.. ако има некој што добро ги познава расите на мачки.. нека ми пише во пп, итно ми е..
фала
 
Не знам дали ми е за тука прашањево.. али.. ако има некој што добро ги познава расите на мачки.. нека ми пише во пп, итно ми е..
фала
Ги знам повеќето раси на мачки ... за која раса поточно те интересира ?
 
Имам домашна мачка само дома ја чувам и ја хранам со мачешка храна стара е неполни 5 месеци дали има потреба од апче за глисти и како се дава дали цело или половинка??

После 10 дена ти одговарам али подобро да ти објаснам во врска со апчињава за глисти...Значи апчињата можат да се даваат како превентива до 1 година, потоа нема потреба, освен ако фати мачето глисти... Апчето се дава еднаш месечно !!! Да не мислиш дека се даваат секој ден пред јадење :icon_lol: Бидејќи се работи за маче од 5 месеци, доволно е да му даваш по пола апче, цело многу му е, кога ќе биде поголемко доволно е по едно апче... Најубаво е да им истолчиш во оние конзервите и да им промешаш...И бидејќи им купуваш храна за мачки, комбинирај им :) Јас им комбинирам пилешко,зајачко,рибешко :D мачките сакаат комбинации :)
 
Можеби е веќе одговорено на претходните страни, но многу се за барање а имам итен проблем.
Мачорот мој се чисти премногу и на стомакот кај брадавиците скоро и да нема влакна (што не беше така до пред некое време), исто така и на десната нога кај што се превиткува ногата.
Дома е чуван цело време, никогаш не бил надвор (во зграда живеам).
Што може да е?
 
Се глеат море охридски мачки, такви се, со некој длабоки погледи џо филозофи, ево мојава кајшо глеат вести.

2012-12-15%2012.27.11.jpg
Дај стави уба слика да ја видиме мачката оваја не отварат нешто.
 
На фејсбук имам еден пријател Маџар кој става најдобри слики од животни...

cat.jpg
 
Ова моево 5-6 месечно кога ќе го фатат будалите не знае за доста (под тоа подразбирам длабоко гребење што иде до крв пуштање, чекање у заседа и скокање со тие ноктитињата врз нога итн). Дајте ако има некој tip за полесно да го смирам кога е апла бесно, пошто имам членови у фамилијата што ќе го фрлат низ тераса ако продолжи вака :D
 
Не мојш.. Се сеќавам и мојата дур беше мала беше таква. Буквално. Ќе ме чекаше во заседа негде и ќе ми скокнше на нога. Ако му пуштев рака партали ја правеше.
Ама од ко роди веќе готово, ништо од тоа, сеа може да ја фатит така еднаш на 2-3 дена да му се играт ама ретко и слабо.
 
Ако некој имал искуство или познанство, да каже нешто околу пораѓање на мачка. Што и како треба да се прави, што понатаму со мачињата и сл.
 
Ако некој имал искуство или познанство, да каже нешто околу пораѓање на мачка. Што и како треба да се прави, што понатаму со мачињата и сл.

Мачката моја која се има пораѓано многу пати, сама се пораѓаше, ќе отидеше во подрумот на некое темно место и сама се снаоѓаше. Така да оставија не треба ништо да правиш.
 
Каде ќе се пораѓа?

Најверојатно некаде низ дома ...

Мачката моја која се има пораѓано многу пати, сама се пораѓаше, ќе отидеше во подрумот на некое темно место и сама се снаоѓаше. Така да оставија не треба ништо да правиш.

А околу згрижувањето на малите ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom