Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби не е на место моево прашање но јас да си прашам.
Дали знае некој која е процедурата да можам мачка од странство да донесам во Македонија?

Подетално какви документи треба да извадам од овде за да немам проблеми на граница во Македонија?

Фала

Треба да и извадиш пасош и треба да е вакцинирана.
За подетални информации јави се во ветеринарна станица (ако сакаш ќе ти дадам број на приватна порака) да ти кажат подетално како оди процедурата за вадење пасош.

За кучиња знам дека треба и зимање на крв и испитуање на крвта, а за мачка незнам точно како е, можеби и за мачка треба зимање на крв и испитуање на крвта.
 
Жал ми е да го кастрирам, нека мјаучи по цел ден. Греотка е :(
Ако не ти смета маркирањето, а тоа многу смрди и како што е домашен мачор цел стан ќе ти го помоча :confused: Инаку мојот пак се качува на мачката иако е кастриран, ама бар не ми моча по ќошиња и неможе бебиња да прави :D А и со кастрацијата далеку помирен стана, порано од него неможев да спијам, тоа не беше мјаукање туку како турска музика (завивање) јаујаумјаујуууу по цела вечер и тоа глас ко бугарски микрофон да имаше голтнато.
 
Се наоѓа ли по оглас женка за парење? Искуства? Ви се јавил досега некој? :( Многу ми е жален...
 
Аууу!!!
Исто така мојот мачор е бел ...Чисто бел .
Кога беше мал го ставиве во вангла и со туш.Се фати за ванглата и не мрда.Срцето му лупаше ко лудо ...
Али беше малечко,сега нема шанси !
Со влажни марамчиња го бришам и го чешлам,а за туш мало сутра .
 
Абе мачка не се бања, они сами си се бањаат, т.е. се лижат, ако премногу ги бањате, посебно во ладни периоди може да настинат и да умрат. Ако веќе мачката е превише прљава, земете влажни марамици и избришете ја...
 
Ајде и јас конечно да поставам слики од мојот Сијамец Рио
Инаку Рио го чувам веќе 2 недели и супер е маченцето,старо е 2,5 месеци.

Многу сака да пие вода од аквариумот

vd3ihc.jpg


2s5ywww.jpg


149wcip.jpg


А тука си спие со неговата другарка,Пудлата Луна.
Кој вели дека куче и маче не се слагаат - греши.

29gexjm.jpg


205339c.jpg


2hovawx.jpg

Денес, точно 1 година откако го земав Рио :)
 
Aј да прашам и јас нешто :)

Што пари е кастрирање и која е најдобрата ветеринарна станица за таа работа ?
Мачорот ме мрднува секој ден по малку, вчера го немаше цела ноќ, а надвор беше -100 степени и ми беше страв да не му се случило нешто.
Тргнав низ улици да го барам, од него ни трага ни глас, за сабајлето кога станав да ме пречека на стол и да ми се “пофали“ дека е повреден од некој друг мачор или мачка, каснат е на ногата и кривеше малку.
Му ја средив раната, го преврзав иако претрпев јас поголеми оштетувања од него на рацете.
Е сега, ова е втор пат откако е повреден и не сакам повеќе да се случува тоа, би сакал да го кастрирам, а и ме интересира дали уште може да се кастрира, бидејќи има година веќе од кога го чувам.

Eве и една слика од него, колку да не бидам без ништо :P

Инаку мора да напоменам дека е многу палаво, да не речам нездраво, на две улици, на мојата и соседната е газда, ниту еден друг мачор не смее да припари на тие улици, одма ги средува по кратка постапка, а според мене, ситно е како глушец, ни дебело ни слабо, манекенски струк има :P

Сликава е при крајот на Август, кога беше помал и не толку дебел :)

dxCsI.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom