Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Јас би рекол.Глејте на 3.00 ;)
како ја фаќа за врат,и како се мести во поза за парење ;)

Во ред,не ги читај коментарите под клипот како прво и прво ;)
А како второ и второ треба барем малку да ја знаеш психологијата на мачките.
Еден мачор го имам дома година дена и знам како дише.
Ако според тебе на 3.00 се мести за парење,тогаш што прави на 1.14 кога легна до мртвата мачка и ја потпре главата на нејзе ?
Не е кај мачките се во парењето,тие се многу паметни животни и знаат што за нив е добро,што лошо.
Многу се сочувствителни,не за џабе велат дека ако си тажен,тие можат за минута да те расположат.
Значи знаат,гледаат кога некој е среќен,кога тажен,кога мртов.
Така е и на клипот,мачорот само се обидува да и помогне на мачката,веројатно негова партнерка.
 
Знаете шо? Мачките се кул.
Онака. Мачки.
Кул.

Али некој да сака животни повеќе од луѓе, и да им дава човечки карактеристики? well f*ck you!
Иди напрај харикири и надевај се дека ќе се реинкарнираш во животно или достоинствено и ВИСТИНСКИ кажи дека си добар човек (не постои таков).
Фала, имајте среќен човечки живот.
 
Од Дардан-иа е попаметно тоа е факт.
Трајче, можда не е попаметно ама со овој пост си ја докажуваш својата несебична глупост.
Размисли што пишуваш пред да кликнеш испрати мислење, знаеш дека се јаде бан за ова нели? Се надевам не ти е намерата тоа.

Он топик - Го имам гледано и порано видеово и стварно е чудно, едноставно неможев да си поверувам кога прв пат го гледав, без коментар ...
 
Е вака сеа, како голем љубител на животни ќе го кажам следново, само да биде јасно дека не хејтам туку пробувам да бидам реален.

На почетокот, мачорот стварно се обидува да ја освести - оживее мачката, реакција при која осеќа дека нешто не е во ред...

Е сега после тоа во понатамошниот дел од видеото моментот кога ја гризе за врат, тоа е веќе инстинкт за парење, и нема што да се обидувате да го "оправдате" таквото однесување со цел да се направи по трогателно и точно тврдењето дека мачорот сака да ја разбуди партнерката, никој не го оспорува тоа но во првиот дел од видеото како што реков, понатаму е јасно дека се работи за обид за парење - интеракција.

Тоа е тоа, сепак се животни кај нив мозокот не е доволно развиен за да можат трезвено да прават разлика помеѓу живот и смрт, нивното однесување и социализација се повеќе засновани на инстинкт.
 
Мачкава и стој на раце да направи џабе и е ... мразам мачки ... оти не си им газда, туку хранител.
 
Незнам за вас, али јас заплакав на видеово.
Секогаш кога ми се плаче си го пуштам видеово :D
Мачките се најпосебни суштества, затоа и си имам две покрај мене :)
 
Не сум знаел дека и кај мачките е застапена некрофилијата :ROFLMAO:
 
Aј да прашам и јас нешто :)

Што пари е кастрирање и која е најдобрата ветеринарна станица за таа работа ?
Мачорот ме мрднува секој ден по малку, вчера го немаше цела ноќ, а надвор беше -100 степени и ми беше страв да не му се случило нешто.
Тргнав низ улици да го барам, од него ни трага ни глас, за сабајлето кога станав да ме пречека на стол и да ми се “пофали“ дека е повреден од некој друг мачор или мачка, каснат е на ногата и кривеше малку.
Му ја средив раната, го преврзав иако претрпев јас поголеми оштетувања од него на рацете.
Е сега, ова е втор пат откако е повреден и не сакам повеќе да се случува тоа, би сакал да го кастрирам, а и ме интересира дали уште може да се кастрира, бидејќи има година веќе од кога го чувам.

Мачорите секогаш бегаат од домовите во потрага по партнерка и скоро секогаш ги нема по неколку дена ... а некогаш знаат да не се вратат и по неколку недели, па и месеци.
И скоро секогаш кога ќе се вратат дома, они се целите со лузни од борбите со други мачори.

Затоа ако сакаш повеќе да не ти бега мачорот во потрага по женки, најдобро е да го однесеш на кастрација.
Незнам точно да ти кажам колку пари е кастрирањето бидејќи сегде е различно, секој ветеринар си има свои цени.
А ти препорачувам да го однесеш кај Диме во Капиштец бидејќи е најстручниот ветеринар во Скопје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom