Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Дали мачето го чуваш во двор ?
Ако го чуваш надвор, можеби некој го шутнал по грбот или го удрил со камен па затоа сега го боли на тоа место, најдобро е да го однесеш мачето на ветеринар и да проверат точно што е работата, ако треба нека му направат и снимка, можеби нешто му е скршено или набиено.
Излегува надвор ама 100% сум сигурен дека никој до сега не го има удрено ама баш со ништо.. Освен можеби некој друг мачор/мачка
А еве се јави и уште еден на кој мачето му има осет на тоа место, значи нормално е..
 
Абе сите мачки се осетливи кај коренот од опашката, али ти викаш дека го болело мачето кога ќе си го допрел таму.
Затоа најдобро е да го однесеш на ветеринар и ќе ти кажат во што е точно проблемот и зошто осеќа болка на тоа место.
 
Мачките додека предат убаво е да се галат, за срцето на човекот е добро.
Исто така убаво е кога ве боли некој дел од телото да легнат на тоа место.

Ова е вистина,кога бев нервозна мојата мачка не сакаше да се гали со мене.
Може да ми каже некој зошто?:confused:

This is my pretty girl... Се вика Маја...

maja3ze9.jpg

oh,that sweet hear!!!:P
 
Да но мачката предеше и мјаукаше за да ја пуштам.

Дали мачките се осетливи на тоа што кога човекот е лут, тажен или слично???
Јас мислам дека ДА.
 
И јас исто мислам. Дека се осетливи.
 
Дали мачките се качуваат по маси и лижат чинии??
Ве молам итно инаку сакам да си земам маче зато се распрашувам..
:)

Според мене да ти кажам мачката прави како што ќе ја научиш. Сакам да кажам дека ако мачката не ја контролираш дур е дома таа прави што сака... на пример кога е гладна се беси за маса да душне дали има нешто за јадење ако има ќе се качи и ќе ти направи проблем.:mad: А и мачката јаде се што ќе и дадеш дур е малечка, но кога ќе порасне јаде само тоа што си и дала дур била мала.
На пример мојата мачка НЕ јаде сирење, а јадат крем.:cautious:
 
Ова е вистина,кога бев нервозна мојата мачка не сакаше да се гали со мене.
Може да ми каже некој зошто?:confused:

Затоа што кога си била нервозна си испуштала негативна енергија од себе, а мачките не сакаат негативна енергија и затоа твојата мачка не сакала да се гали со тебе.
 
Бесмислици зборувате. :)

Мачките се најсамостојните домашни миленичиња на планетата. Нив не им треба никакво внимание доколку имаат простор за шетање и дружење со други мачки. Поентата е дека ако твојата мачка не сакала да се гали со тебе во моментот, тоа е затоа што така и текнало. Ако мачката не сака да се гали, нема сила на светот што ќе ја убеди да го прави тоа ти кога ќе сакаш. И нема тука енергии - менергии.

Има легенда која вели дека кога се чувствувате лошо мачката ќе дојде да ја сподели тагата со вас. Можеби е вистина, ама тоа ќе го направи само кога таа сака и ако сака. Ништо насилно со нив не можете да добиете.
 
Да ако сме тажни мислам дека мачката ке не утеши. Ова е вистина,кога бев тажна мојата мачка дојде во мојот скут и одма се развеселив.(y)
 
Бесмислици зборувате. :)

Мачките се најсамостојните домашни миленичиња на планетата. Нив не им треба никакво внимание доколку имаат простор за шетање и дружење со други мачки. Поентата е дека ако твојата мачка не сакала да се гали со тебе во моментот, тоа е затоа што така и текнало. Ако мачката не сака да се гали, нема сила на светот што ќе ја убеди да го прави тоа ти кога ќе сакаш. И нема тука енергии - менергии.

Има легенда која вели дека кога се чувствувате лошо мачката ќе дојде да ја сподели тагата со вас. Можеби е вистина, ама тоа ќе го направи само кога таа сака и ако сака. Ништо насилно со нив не можете да добиете.

Хах жива вистина е ова, имаше и едно стрипче на 9gag демек чоеков доаѓа дома од работа, и кучево му рипа, го лиже, радостии, а мачката мртва ладна само стои на страна не го ни погледнува хаха :D
 
Мачката е животно со карактер, кога сака спие, кога сака јаде, кога сака се милува... Кога не сака очи вади :D За разлика од кучето кое е научено на наша команда, кога ние сакаме го шетаме, во секој момент можеш да го милуваш, секој 5 мин да му фрлаш нешто за јадење ќе јаде итн, додека мачката кога е сита и пастрмка да и фрлиш нема да ја чепне, или пак пробај да ја носиш на каивче во шетња :pos:
Инаку мојот Џејџеј (мачор) секое сабајле ме поздравува и и се тркала пред мене не дека толку ме сака туку да му дадам за јадење :D После јадењето свиткува опаш и не ме познава...
 
Во последно време мојата мачка се однесува ептен чудно. Се врти на грб и мјаука, се така непрестајно додека не и „здосади“ и прекине за по неколку часа пак да си го започне ритуалот. Прво нешто што ми падна на памет е дека е болна, но воопшто не се чуствува дека е малаксана туку полна со енергија, трча и скока на сите страни. Да не бара партнер за парење? Има седум месеци и до сега не сум ја пуштал многу да се меша со други мачки. Совети ? Искуства?
 
Бара партнер :) Обично се влечаат по под со кренат задник и испуштаат некој чуден звук повеќе како мрау отколку мјау :D И 7 месеци е баш време кога почнуваат мачките, кај мачорите малку покасно.
 
Јас пак се исплашив и бевме на ветеринар. Ми го рече истото. Вика имаш девојка дома, дојден и е циклусот :D.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom