Првиот пат кога мојата мачка беше бремена се породи скришно во еден од регалите, мачињата беа здрави, немаше никакви несакани последици... денес кога видов дека на мачката повторно и е дојдено време за пораѓање и сака пак скришно да влезе на некое место каде што стојат алиштата и да се породи, навреме ја извадов надвор и ја ставив во една кутија во која што претходно постелав голема вреќа и крпи и партали над вреќата, но не сакаше да се породи, застана пред вратата и мјаукаше така десетина минути... кога и на мене ми досади ја внесов внатре заедно со кутијата, пак проба да се пикне таму кај што не треба, али кога виде дека не може се породи во кутијата... пораѓањето е сеуште во тек додека го пишам постот (во друга соба секако

), али одвреме-навреме ѕирнував и забележав дека веќе едно маче е мртво родено, а другото за среќа е живо...
се прашував, зошто мачката сака да се породи внатре, а не надвор... ? :/
и која би можела да биде причината што едно од мачињата е мртво родено ?