Maкедонија - Србија | 06.09, петок 21 часот |

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Две варијанти: - победа на Македонија со оставање на срцето на терен.
- победа на Србија со судиска поткрепа

Пошо, Македонија е мала земја, сите ја мразат, ја оспоруваат. А Србија, има светско реноме, и сите ја форсираат.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.172
Поени од реакции
2.642
Мора денес да влага Брчков.Ништо чудно да поигра некоја минута и Соколов.
 
StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
Ако сакаме да ја победимене Србија ќе мора неколку работи да поправиме:
1. На пикот нашиот 4 или 5 да не излегува повеќе од 6.50 бидејќи бековите на Србите се многу квалитетни и така ќе отвориме повеќе простор во рекет за Катиќ, Крстиќ, па и Гагиќ.
2. Ќе мора центрите да им помагаат на бековите кога Недовиќ, Богдановиќ, Анѓушич ќе продираат внатре на тој начин што ќе се обидуваат да им го блокираат шутот се со цел да им го отежнат поентирањето.
3. Нашите 4ки и 5ки ќе морат да се маргинализираат во нападот и да одиграат исклучиво во низок и висок пост бидејќи против Србија ни се шансите минимални да ги победиме со 3ки затоа што се екстремно талентирана репрезентација.
4. Мора бековите да влегуваат похрабро на влезови како Меккејлеб.

Инаку ја гледав играта на Србија и забележав дека малце се темели на играта на низок пост на центрите.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Предвидувам дека ке не победат со 5 до 10 поени разлика. А навијачки прогнозирам тесна победа на Македонија.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Штета прекинавте муабетите со правење малери и среќи, ќе ве терав сите да си ги ставите аватарите од септември 2011...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Пошто фудбал и онака сме отидени по ѓаволите, барем кошарка да тепаме, да се израдуваме на нешто во животов, две разочарувања во еден ден (од кои едно очекувано) се многу дури и за нас.
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Борче денес нема да можат да го застанат, тој ќе ги реши со мала помош на Перо и Пеџа. :)
 
G

Geezer

Гостин
Денеска сакам да играме кошарка, вистински. За разлика од првиве два натпревари. И играта да не ни е заснована на Бо + шут за три. Толку. Па и да изгубат, нема да ми биде криво.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Денеска сакам да играме кошарка, вистински. За разлика од првиве два натпревари. И играта да не ни е заснована на Бо + шут за три. Толку. Па и да изгубат, нема да ми биде криво.
Вчера во последна четвртина, кога на неколку пати ја спуштивме топката до центрите и тие изиграа стварно центарски т.е. кога постигнавме неколку поени од рекет, тогаш ја стопивме разликата на Литванците, а претходно со тие исхитрени шутеви за 3 ништо на праевме. За вечер, нека се спушти топката до Пеџа или Перо, нека изигра со грб против Крстич, можи да го ставиме во проблеми со лични уште во рана фаза, па да не може да ја изгра својата игра.
 
Немој те молам Самарџиски. Што ќе спуштат до него, кога тој се плаши да игра во рекет еден на еден. Без разлика дали е посилен или повисок од противничкиот играч.
Kрстиќ ќе ги уништи вечерва и Самарџиски и НБА играчов. Мене па ми оди напамет, нослакот Катиќ да не ја има партијата на првенството, па да има 15+ поени.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Немој те молам Самарџиски. Што ќе спуштат до него, кога тој се плаши да игра во рекет еден на еден. Без разлика дали е посилен или повисок од противничкиот играч.
Kрстиќ ќе ги уништи вечерва и Самарџиски и НБА играчов. Мене па ми оди напамет, нослакот Катиќ да не ја има партијата на првенството, па да има 15+ поени.
Покажа вчера Пеџа дека знае да игра со грб, ама како што спомнав, тој еднаш ваква партија во 4 години. За во одбрана мислам дека Гече може добро да го зачува Крстич, како и Антич, Пеџа ќе го посерат ако игра против Крстич. Сега и без Чековски, Дуда веројатно ќе инсистира на спуштање топка во рекет и уште рано некој од високите наши играчи да влезе во проблеми со лични.
 
Еј, немој Гечески, аман. Особено немој во варијанти дека може да го чува Крстиќ. Тој во најдобрите негови години, никогаш не играл посебно во одбрана, не па сега на 36.
Некако да го наполнат брзински со лични, да игра претпазливо и да седи на клупа повеќе, би било добро. Затоа што Катиќ без него е дупе, а немаат Србите баш достојна замена на клупа. Само сето тоа треба да се анализира, да се осмисли тактички, ама со стручен штаб во кој учествува Марјан Србиноски, тури му пепел.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Еј, немој Гечески, аман. Особено немој во варијанти дека може да го чува Крстиќ. Тој во најдобрите негови години, никогаш не играл посебно во одбрана, не па сега на 36.
Некако да го наполнат брзински со лични, да игра претпазливо и да седи на клупа повеќе, би било добро. Затоа што Катиќ без него е дупе, а немаат Србите баш достојна замена на клупа. Само сето тоа треба да се анализира, да се осмисли тактички, ама со стручен штаб во кој учествува Марјан Србиноски, тури му пепел.
Не викам цела утакмица, ама во одредени минути можи, сепак има огромно искуство. Да го наполнат, ама сигурно нема да влези во проблем со лични, ако Антич се извлекува на 9 за тројка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom