Maкедонија - Србија | 06.09, петок 21 часот |

Статус
Затворена за нови мислења.
З

Забавата е во Кругот

Гостин
Дрво до дрво.....
Уште се чудам како 2 дена неможат да направат асална акција.
Се гледа дека на Бо не му се игра, во одбрана му проаѓаат сите.
Чековски и Самарџиски дудуци.....
Антич мисли дека е звезда, кош не дал.. Мисли дека е опасен тројкаш, се спрема за олд стар у нба.
Илиевски да не го коментирам ич, од 7 обида 1 тројка, и се израдува мислеше дека е истата како од 2011 та.
Само браќава си ја вршат нивната работа, и они не се сјајни, немаат храброст посилно да го нападнат кошот.
Овие од клупа подобро и да ги нема.

Со ова што го покажаа овие 2 дена утре губат 20 разлика.
Се надевам дека ќе сменат нешто и затоа ќе ги ставам 2 ка у кладилниц за сите пари.. Мора да победиме, осеќам....
 
Член од
28 септември 2012
Мислења
7.957
Поени од реакции
18.933
Победа утре за мене е исто како медал. Тешко , многу тешко да се оствари , но секојпат ќе сум оптимист. :)
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
13.452
Поени од реакции
15.226
Дрво до дрво.....
Уште се чудам како 2 дена неможат да направат асална акција.
Се гледа дека на Бо не му се игра, во одбрана му проаѓаат сите.
Чековски и Самарџиски дудуци.....
Антич мисли дека е звезда, кош не дал.. Мисли дека е опасен тројкаш, се спрема за олд стар у нба.
Илиевски да не го коментирам ич, од 7 обида 1 тројка, и се израдува мислеше дека е истата како од 2011 та.
Само браќава си ја вршат нивната работа, и они не се сјајни, немаат храброст посилно да го нападнат кошот.
Овие од клупа подобро и да ги нема.

Со ова што го покажаа овие 2 дена утре губат 20 разлика.
Се надевам дека ќе сменат нешто и затоа ќе ги ставам 2 ка у кладилниц за сите пари.. Мора да победиме, осеќам....
Уште ваква глупост неам сретнато на темиве за Европсково,пази не сакал да игра одбрана:tapp:.А дечкото скока по секоја топка ко лав,игра повреден ради тоа.Ама тоа е нашиот гомнен менталитет никаков,една слаба партија,и све се заборава.И дај боже да паднеш у кладилница,и биди муж пиши ги за поголема сума.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
4.984
Поени од реакции
2.149
Со оглед на претходните два натпревари и како играа нашите, Србија вечер може да ги прегази со минимум 15-20 разлика, иако имаат помлад и понеискусен состав од нашиот. Далеку сме од формата од претходното првенство пред две години кога беа најголемо изненадување во Литванија и ги прегазија сите со исклучок на Шпанија и судиските малверзации на натпреварот со Русија. Пред почетокот на првенството секој ден слушавме и читавме како ги победиле Шпанија, Германија, Грција и други тимови, а сега на првенството ептен дудуци, играат како пијани кокошки. ОК, ај дека се наши и сепак си ги сакаме поради радостите од пред 2 години ќе кажам дека имаше некои одделни солидни одбрани и акции, ама не е тоа тоа, далеку сме под просекот. Синоќа беше тотална катастрофа, а можеше во последните 2 минути повторно да ги решат на Литванците. Имавме само 5 разлика, одбранија напад и тргнаа во контра, ама Самарџиски ја испушти топката од раце буткајќи се во Литванецот ( не сум сигурен кој беше ) во обид да изнуди лична и слободно фрлање, ама овој другиот го преигра и нашиов изгуби топка. После тоа два напади ни постигнаа по 2 поени, и им направивме и лична за која добија и 2 слободни фрлања и не решија пак со 8 поени разлика, а можевме да ги тепаме барем со 1 кош разлика ако ништо повеќе. Ама и не е финтата да се надеваме дека во последните секунди ќе се случи чудо и ќе направиме пресврт и ќе победиме, играта ни е далеку полошо и тоа е факт. Сега не сум сигурен само ако вечер изгубиме од Србија, дали имаме уште шанси за понатаму и да влеземе во осмина финале или завршуваме уште вечерва со првенството? Некој?
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.165
Поени од реакции
30.722
Имаме и да ја изгубиме вечер. Со победи над Летонија и БиХ.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
4.984
Поени од реакции
2.149
Имаме и да ја изгубиме вечер. Со победи над Летонија и БиХ.

Значи со три изгубени а две победени може да играме понатаму. Убаво, само да ја средат малку играта и дај боже можеби ќе постигнеме некаков успех како во Литванија.
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.165
Поени од реакции
30.722
Не се секирајте. Ќе се израдуваме вечер, било да е Македонија - Велс или Македонија - Србија.
Ако не, ќе чекаме до Вардар - Металург во ЛШ. Тогаш сигурно ќе победи македонска екипа.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.054
Поени од реакции
6.440
Вчера не ми излезе математиката со Литванија , ама ептен малку фалеше (една тројка ) и готови беа. Денес Србите нема каде да одат
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Денес мора да се изгине на терен!!!!! Макар и да не одиме понатаму нека падне Србијa. И штета за повредата на Станко :mad:
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
233
Поени од реакции
28
Перо ако игра пак како Тони Кукоч на времето тури пепел.Ја губиме сигурно.Нека му каже на Перо некој дека на центар не е работа да шутира тројки,сваќам дека му е мерак,али немој бе Перо..
Шо ги е*ам, ќе ги шутирам :)
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
65
Поени од реакции
21
Бидејќи шансите да ја победиме Србија се мали, плус Чековски ќе го нема, подобро другиве од клупа да играат, за да се соберат повеќе сили за натпреварите со Летонија и БиХ, кои се критични за проаѓање понатаму. Таман денес повеќе одмор, утре и не се игра, па во недела играње до максимум.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.398
Поени од реакции
13.557
Главно оружје на србите е Крстич. 80% од позиционите напади на Србите, прво гледаат да спуштат топката кон Крстич. Со оглед на тоа што и тој не е брз, ама има огромна кошаркарска интелигенција, сепак мислам дека и Тоше може да го чува, што не беше случај со Валанчиунас кој беше многу многу поенергичен од Тоше, ако некако го запраме Крстич имаме шанси за победа. Друга работа се тројките. Србите најчесто играат или за Крстич, или градат акција за тројка, имаат одлични шутери ама верувам во близнациве дека можат да му го затворат шутот од периметар. Се на се не чека многу тешка утакмица, ама со тимска игра, добра одбрана, можеме секој да победиме, а не пак Србија.
 
Член од
23 април 2012
Мислења
107
Поени од реакции
37
Го ебавме ежот вечерва, Српоите играат како нафиксани, со игра како вчера незнам како ке биде
Ќе не растурат КАКО ПОП САРМА НА ЗАДУШНИЦА
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom