Сега имаат момците заслужен одмор.Нека ги одморат коските и со нови сили кон нови победи(ова ко наслов на кампања на некоја политчка партија дојде).
Само молам Бога да не летнат во облаци и да ја потценат Грузија и после тоа да изгубат.Или пак да доживееме од некого пораз и после тоа да паднеме морално и психички.Пу пу пу,да се поместам од место.
Треба да се продолжи во овој ритам.Јака игра во одбрана,подобрување во нападот.
Видете,наше најсилно оружје до ова Европско беше шутот за три.За жал досега нема проработено како што треба.Но еднаш мора да пукне,нели?Епа ако не со Грузија тогаш некој од Словенија и Русија мислам дека ќе падне и дека ќе го обере бостанот.
Мислам дека ако ги тепаме Каладзе,Кобиашвили и компанија тогаш сме на добар пат да ја тепаме и Словенија на пример.
Но за тоа потоа,чекор по чекор,без многу возбудување.На добар пат сме да направиме изненадување и искрено верувам во такво нешто.
И гледам дека само за МекКелеб се пишува на темата.Најдобар играч ни е моментално,тоа да.Но мислам дека целиот тим стои зад овој успех.Букавлно сите.Е сега некој повеќе се истакнува и издвојува,а некој не.Но тоа е релативна работа.
После Бо,мислам дека Војдан ги игра натпреварите на неговиот живот можеби.Исто така и Чековски игра фантастично.Антиќ бајги се поправи во последниве два натпревари и се надевам дека освен во дефанзива ќе поентира и во нападот.
А да не го спомнувам искуството на Гечески и добрата контрола на Илиевски.Мада вториов ме разочара и според мене слабо игра на првенствово.Се надевам дека ќе ме демантира и дека го нема кажано последниот збор.
Значи во четврток 8-ми Септември,играме со Грузија.20 години од независност,државен празник.Поголем стиимул и мотивација од ова мислам дека нема.Па затоа дечки развалите!