"Mакедонија во пламен"

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Како да се заштитиме од пироманите кој оваа година како да се размножија па ги палат шумите низ цела Македонија.Можеби со дозвола за пукање на шумската полиција која би пукала во случај да ги начека потпалувачите а тие да се дадат во бегство,како пред некој ден кога им избегаа пред очи.?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Како да се заштитиме од пироманите кој оваа година како да се размножија па ги палат шумите низ цела Македонија.Можеби со дозвола за пукање на шумската полиција која би пукала во случај да ги начека потпалувачите а тие да се дадат во бегство,како пред некој ден кога им избегаа пред очи.?
2004 год. јас војник...т.е. пожарникар (цивилно служев).
Ми се погоди овие времиња.
И, голем шумски пожар над Струмица. Го гасиме огнот, и го приметивме пироманчето како темна фигура, како потпалува зад нас. Се стрчавме по него, но не го фативме (темно беше, некаде околу 22-23 часот).
Во таа ситуација, човек е со многу високо ниво на адреналин. Се си мислам, потсетувајќи се на тие моменти, дека ако го фатев, ќе го фрлев да изгори со шумата заедно. И, стражаревме во три смени по двајца + шумар + полицаец, се додека не се изгаси пожарот целосно, значи се дур тлееше шумата, ние бевме таму, а пироманот беше подоцна фатен.
Како да се спречат? Можеби пукањето и не е баш соодветно, но мислам дека зачестени контроли би завршиле работа, како и почести шумарско - полициски патроли по шумите.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Како да се заштитиме од пироманите
Не би рекол дека се работи за пиромани. Шумите намерно се палат, за потоа легално да може да си ги однесат недогорените дрва.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Да им служи на честа и да даде Господ секој оној кој свесно ќе запали оган, да му изгори целата покуќнина сосе сите најблиски во неа!

Умоболна работа!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Не би рекол дека се работи за пиромани. Шумите намерно се палат, за потоа легално да може да си ги однесат недогорените дрва.
Да, обично тоа го прават дрвокрадците, за да можат после да соберат што останало, но и делумно да прикријат она што го украле.
Сепак, се третираат како пиромани.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Треба да се донесат подобри закони, со кои ќе се пропишуваат поригоризни казни за оние кои се дрвокрадци. Тие закони треба соодветно да се спроведат до шумската полиција која во овој момент (според еден прилог на А1) наместо да ги спречи дрвокрадците им помага во крадењето на дрвата.

Во секоја земја има шуми, но нема до волку подметнати пожари. Јас мислам дека доколку шумската полиција си ја работеше својата работа немаше да стигне до ова-цела Македонија да гори. Токму порад тоа, кога сево ова ќе се заврши и кога ситуацијата ќе си дојде во ред, мислам дека е редно некој за ова да одговара.

Очигледно е дека во Македонија само со санкции може да се постигне нешто, седење со скрстени раце во овој момент ни покажува дека не е во ред. Но како и да е, можеби овие 10 пожари кои беснаат, малку ќе ни ги отворат очите и ќе не освестат, за тоа што понатаму треба да се преземе. Затоа што во овој момент ситуацијата е сериозно и да не речам алармантна.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Полициски час во сите шуми и планински места, бидејќи очигледно нема друго решение за дрвокрадците.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Одлична постапка од владата но дали ќе наиде на подршка кај народот.Јас би рекол дека пироманијата е болест која тешко се лечи но сепак може да се спречи.Овие новосоздадени пиромани мора нешто да ги натерало да ја запалат шумата,можеби вистинска постапка против нив би била доколку недогорените дрва не им се продаваат на граѓаните или доколку со закон се забрани и со построги казни се регулира трговија со полуизгорени дрва.
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
87
Kako da se sprecat piromanite?
mnogu ednosttavno
prviot piroman sto ke bide faten,da se vrzi za edno drvo.Drvoto na koe sto ke bide vrzan da se zalee so nafta i da se zapali
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Kako da se sprecat piromanite?
mnogu ednosttavno
prviot piroman sto ke bide faten,da se vrzi za edno drvo.Drvoto na koe sto ke bide vrzan da se zalee so nafta i da se zapali
Не бива,ќе го снема па нема да служи за пример.:(
 

Бејко

unregistered user
Член од
14 ноември 2005
Мислења
222
Поени од реакции
1
Ете „прекрасна“ глетка: цел рид во пламен... градоначалникот (на Битола) повикува доброволци. Вести: Од огнот експлодирале 4 гранати останати којзнае од кога. Доброволци?!?
Едно луксузно (владино, општинско, буџоманско, олигарско...) возило чини колку и хеликоптер (или некое соодветно летало) за гасење пожари... добро нека се две, три, пет... десет нека се! - туку кој ќе го лета на овие жештини? батали!
Врвот од власта страда од алергија, нека се запали сета природа, нека се потури згора бетон, и нека дишат на рает.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Се запали, пиле Трено Ооодајчетооо ооооо....

„несериозно“ ....

Бејче, јас ќе ти кажам што не е сериозно...Ако си толку загрижен за Битолската шума, ајде земи, формирај здружение на граѓани...отвори фондација, привлекувај пари од битолските буџовани, засадувај дрвца, прави акции со материјал за внимавање со оган во шума и апелирај да не се пали бидејќи се работи за нашите бели дробови...се работи за флора...тебе ќе те сакаат, власта ќе ја мразат...излези и прашај во противпожарна како можеш да помогнеш, регрутирај неколку другари...викај медиуми...нека не остане на муабетот со седење пред компјутер и како никој ништо не прави за тоа...начекај некој пироман и згрбавете го од мавање...реагирај човече!!!
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Македонија во ПЛАМЕН!!!

Преку 200 пожари во републиката, ова веќе станува сериозен проблем. Денеска и во мојот град се запалија околните ридови. Во моментов целата околина на Битола е во пламен, пожарните возила фрчат низ битолските улици. Сепак цел ден неможат да го локализираат пожарот кој досега уништи преку 100 хектари шума и се протега на должина од 20 км. За да не испадни темава само за пожарот во Битола, тука ќе застанам. Зборот ми беше, што мислите има ли Македонија капацитет и моќ да се справи со огнената стихија и преку 200 пожари кои беснеат во моментов низ републиката. Со возилата стари и по 40 години и со 1 или 2 хеликоптери можеме ли да се спасиме ако ситуацијата стане уште полоша?


И воедно еден апел до кајганџиите од градовите кои се зафатени со пожарите: Да прекинат со вадење на дворовите, миење на колите и сл. бидејќи се намалува притисокот на водата а со тоа се отежнува работата на пожарникарите. Еве моментално и на локалните телевизии има таков апел.

Благодарам.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Kaтастрофална територијална организација! 9 саати веќе поминаа пожарот се повеќе и повеќе се шири и слегува кон градот а што превзедоа? Сеа дојде и мистер Гвујо...шо мајка бара не знам, градот полн е со полициски возила, чад(не се диши), уште пожешко е а од ветерот се побрзо се шири пожарот. Во 03 часот сите екипи на јавните претпријатиа ќе се соберат пред пожарната и ќе оделе во поход да го гасат пожарот. КАКО НЕ!!! ова до сабајле ако не се изгаси утре нема да можи да се живее во Битола сеа е како во зона на самракот чад, пепел, пекол! Како можеа ваква поделба да направат? На 100 000 жители 4 противпожарни возила од 1940 година? Па поздрав за децентрализацијата...и сак мај дик!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom