Како да се заштитиме од пироманите кој оваа година како да се размножија па ги палат шумите низ цела Македонија.Можеби со дозвола за пукање на шумската полиција која би пукала во случај да ги начека потпалувачите а тие да се дадат во бегство,како пред некој ден кога им избегаа пред очи.?
2004 год. јас војник...т.е. пожарникар (цивилно служев).
Ми се погоди овие времиња.
И, голем шумски пожар над Струмица. Го гасиме огнот, и го приметивме пироманчето како темна фигура, како потпалува зад нас. Се стрчавме по него, но не го фативме (темно беше, некаде околу 22-23 часот).
Во таа ситуација, човек е со многу високо ниво на адреналин. Се си мислам, потсетувајќи се на тие моменти, дека ако го фатев, ќе го фрлев да изгори со шумата заедно. И, стражаревме во три смени по двајца + шумар + полицаец, се додека не се изгаси пожарот целосно, значи се дур тлееше шумата, ние бевме таму, а пироманот беше подоцна фатен.
Како да се спречат? Можеби пукањето и не е баш соодветно, но мислам дека зачестени контроли би завршиле работа, како и почести шумарско - полициски патроли по шумите.