Во македонски Телеком префрлете се, имате поволности преку Магента Моментс во припејд, така да, со срцата ќе можите да имате бесплатен интернет, минути и смс и многу други поволност, ќе можете и да имате попусти кај партнерите на Телеком.
Моја препорака исто така оди и да се префрлите во А1, неограничено се за 299 денари (освен интернетот дополнителен од 10Гб што се користи за да имате неограничено на социјалните мрежи) и ќе можете по цел ден да имате интернет и повици и смс, 24/7, ова го тврдам и е вистина, јас си активирав пак од понеделникот и можам да кажам дека интернетот го закачува на 4G+ и цел ден имам интернет. Доста често пишувам пораки преку facebook messenger и доста добра опција е пакетот на А1, особено за студенти и возрасни луѓе. Претплата не сакам воопшто сега да имам, откако излезе овој пакет со 10GB и 50 денари поскапо за тие 5GB што ги додадоја на пакетот, буквално по цел ден можеш да се разбереш и со клиенти ако работиш.
Нека ви ги сменат сега картичките со МТЕЛ и дополнете 300 денари и префрлајте се на МНО оператор од овие два, препорака имате за А1, за телеком исто имате.