Не би рекол дека баш тато и мама се главните. Влијателни секако.
Многу влијае и системот, другарите, опкружувањето. На пример кога ќе почнеш да истражуваш/ читаш и сакаш да споделиш размислување со некој од опкружувањето кој не е по тие работи, во најмала рака ќе ти каже досаден си, а најверојатно ќе се исмеваат. Ако девојка реши да биде невина до мажачка, 99% ќе ја озборуваат и исмејуваат, ќе ја третираат како ненормална. Ако им спомнеш дека секојдневна ејакулација не е корисна (за машките) што мислиш што ќе се случи
Сите сакаме да бидеме припадници на некоја група, да се поистоветуваме, па се трудиме да ги задоволиме луѓето од таа група. На форумов исто можеш да забележиш групирање на членовите, па едната група која се смета за интелектуална каста, исмејува кој им налета, иако често без аргументи.
Но за човек пошироко да гледа, како и кај 99% случаеви, мора некоја работа да ти се случи (здраствен проблем најчесто ), да те извади од комфорната зона, од рамнотежата.
Плус земено историски наназад, развојот се движел циклично, па сега ние сме во некоја надолна фаза и тоа при дното.