Луѓето се водат од емоции или од логика?

  • Креатор на темата Креатор на темата GlaDijaTor
  • Време на започнување Време на започнување
Порано луѓето се воделе според логиката, паметта. Денес емцоиите надвладуваат. Ама сепак верувам дека водењето по емоциите е вештачка работа. Така да човекот се истакне како животно.
 
Nagonite ..tie se dvigatelite na covekot .. so drugi zborovi emociite ..
 
Глеаш циганка у партали цела облечена како проси на улица, али убава е Страшно! Ептен ти се свиѓа.
Ги слушаш емоциите и ја викаш на кафе како би ја запознал подобро, па можеби и оженил, или ти светнува логиката и поминуваш покрај неа ладнокрвно?

А зашо е логично да ја одминеш?
Нели е некако пологично да бидеш со некој шо ти се свиѓа?

Зашо е циганка?Зашо е у партали?Зашо претпоставуваш дека татко или брат и и подарил ХИВ/Сифилис/Пицајзли или све заедно?
Ја...ја би ја одминал...од шо сум срамежлив:jaj:
 
Aj najdi mi post od 2007ma i citiraj go.
 
Постот ти е од 31-01-10 а темава ја воскреснале пред некој ден.
Али ок,не се гњави да ми враќаш.
Всушност,нема ни да прочитам.
 
Моментално, силно ме притискат емоциите неможам да воспоставам контрола, едноставано ја сакам и ми недостига, неможам против тоа..:toe:
 
Мое мислење е дека човекот најпрвин секогаш реагира инстиктивно, импулсивно, емотивно, а потоа седнува и ги рационализира работите (ако воопшто реши да ги рационализира). Интиутивноста или она шесто сетило често многу пати не тера да реагираме на одреден начин или да направиме нешто што одвнатре ни кажува дека е правилно. Затоа сметам дека човекот е пред се емоционално, а потоа рационално суштество, ИАКО многу често емоционалната страна може да се поттисне и да изгледа како да не постои и дека се што прави некој е рационално, што е грешка ако се прашувам јас. :)
 
Емоциите се она што го има научено човештвото да бара причина, логика, да осознава. Така што гласам за емоциите, они се коренот на све.
 
Многу логично дека се водиме според емоциите.
Јас на пример, го правам она што го сакам и после тоа наоѓам логично објаснување или оправдување зошто сум го направила. Не верувам дека некој прво седнува со ливче и пенкало и ке става плусови и минуси на секоја одлука. Прво правиме а потоа се правдаме пред другите и пред себе за тоа што сме го направиле.
 
Порано луѓето се воделе според логиката, паметта. Денес емцоиите надвладуваат. Ама сепак верувам дека водењето по емоциите е вештачка работа. Така да човекот се истакне како животно.
Ти веројатно си од минатото, па велиш дека тогаш се воделе според логика. Од каде тоа? Од каде овој заклучок?
Водењето според емоции - вештачка работа?!? Да не ни ги вбризгуваат емоциите кога се раѓаме?

Anyway, on topic:
Одлуките донесени под излив на емоции се секогаш грешни!
Луѓето ги прават најголемите грешки во животот, водени од емоциите, мислејќи дека го прават правилното нешто.
Имаме разум, како луѓе, и треба да го користиме.
Да ги потиснеме емоциите и да ја направиме правилната одлука.

И да, кај жените ова е потешко, затоа што се поемотивни т.е. слабаци.
Мажите полесно го спроведуваат ова во пракса.
 
Да ги потиснеме емоциите и да ја направиме правилната одлука.

И да, кај жените ова е потешко, затоа што се поемотивни т.е. слабаци.
Мажите полесно го спроведуваат ова во пракса.

Самото потиснување на емоции преставува емоција.

Дека мажите се посилни, исто не се согласувам. Зависи од профилот на маж/жена снагата на крарактерот, т.е. способноста да се надмине некој предизивик во животот без разлика од која свера на истиот доаѓа. Што значи она слабаци жени...силни мажи, не е поврзанo директно со полот него со градењето на личноста, искуствата (семејствово во кое раснел/а) и осознавањето, (self exploring) во животот.
 
Да, зависи и од тоа, но повеќето жени се емотивки. Можеби, пред да родат деца биле „машки“ жени, водени од разумот, но откога се случила таа врска мајка-дете, жената се менува и станува многу поемотивна и потолерантна, но тоа се случува само кон детето. Да, верувам дека има и емотивци мажи и дека има „машки“ жени, но во глобала, жените се емотивки, а мажите се разумни. Префектна комбинација.

И тоа што велиш дека самото потиснување на емоцијата, претставува емоција.
Да, но тоа е разионализирана емоција и емоција поттикната од согледување на целата ситуација.

Ти си чувствувал нешто и не си се префрлил веднаш на пренесување на твоите чувства во дела.
Туку, си ја согледал целата ситуација, разумно си видел дека твоите чувства не се добри за околината, и си ги потиснал тие чувства т.е. преминале во некое друго чувство.
Истото е.
Тоа е разумното, а неразумното(емотивното) е чувствата твои да ги ставиш пред се и да не ти е гајле за последиците од твоите емоции, за околината, за луѓето кои би ги повредил...ги задоволуваш своите страсти и ништо повеќе.
 
Лугето се водат од амбиции.
Амбициите се производ на егото.
Егото е резултат на незнаење-немање мудрост и намерно наметнати погрешни концепти и дезинформации од страна.
Резултат на сево ова е дека лугето се водат од илузии.
Целото постоење(жив свет) нема никаква цел , а и човек се рага и живее во тој рај првите неколку години од животот.
Адам сакаше да знае , еве дозна и на крај пак ке се врати назад од кај што потекнува се .
Можеше да биде и помалку болно ама може и така требало да биде.
 
А самото его е производ на емоциите, така да емоциите се кулучот на све, како и на настанокот и напредокот на човештвото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom