Луѓето се менуваат или....?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Се е променливо па дури и личноста може да се промени поради влијание на некои фактори на промена. Познато ви е дека општата теорија во психологијата за развој на личноста е динамичен процес, теорија која вели дека цртите на личноста не се дадени еднаш за секогаш, туку тие се менуваат во зависност од влијанието на дадените фактори. Личноста е резултат на заемно влијание на следниве фактори: Прв и основен фактор е средината во која живее, округот на луѓето околу вас, пријателите, партнерите, работната средина и сл. Втор фактор е семејството, како што знаеме има различни семејства, некои се патријархален или матријархален тип, современо(нуклеарно) семејство и др. И трет фактор е активноста на индивидуата. Ова се фактори под кои се создала личноста но истовремено се фактори под кои личноста може да се промени. Овие три фактора не се подеднакво застапени како просторно така и временски на една индивидуа. Тие се менуваат а со тоа нужно се менува и личноста. Едно нешто што постојано го негирам е тоа што психологијата премногу значење има посветено на адолесцентната возраст. Личноста како да се оформува до адолесцентниот период. Но мислам дека таа се менува се додека личноста искусува твори, уништува, создава и размислува за себе. Доколку вие сакате да промените нешто кај некоја сакана личност, која според вас мислите дека неправилно постапува, нема да ви биде ни најмалку лесно. Овие три фактори се всушност богови спрема вас а вие како четврт фактор сте само обичен смртник. За да смените некоја личност и ја извадите од калта потребно е да и овозможите да го согледа што е тоа што вие мислите дека е правилно или погрешно, што е добро а што лошо. Клучниот момент е кога тој/таа ке разбере за последиците поради своето однесување и следува моментот на преобразба, стекнување волја за нештата да се сменат.
 
Да, човекот е променлив.
У постојана флуктуација на персони(личности).
Се прашувам кога ќе дојде до израз индивидуата у него.
Може треба тотална смрт на егото на планетава
 
Да луѓето се менуваат, но промената не се случува преку ноќ, за неа треба та помине време и да се вложи многу труд .
 
кој повеќе кој помалку но сепак се менуваат и соодветно на менталитетот и околните случувања, некој на подоборо некој на полошо! :toe:
 
Се менуваат доказ сум јас ! Само таа промена настана не по моја волја туку по ничија едноставно настана и тоа огромно промена детаљи не пишувам важно се менуваат и тоа без да осетиш
 
Човек не се менува. Само го прикрива она што е.
Да,човек никогаш не се менува,барем карактерски нели?!
Мене ми се има случувано да кажам на некој некоја забелешка и тој демек се сменил,но пак си тера по она како на него му одговара,т.е.пак не се сменил.
Колку и да кажува некој дека се сменил не е вистина.Само се залажува и себе си а и другите (ако мора).
 
Да,човек никогаш не се менува,барем карактерски нели?!
Мене ми се има случувано да кажам на некој некоја забелешка и тој демек се сменил,но пак си тера по она како на него му одговара,т.е.пак не се сменил.
Колку и да кажува некој дека се сменил не е вистина.Само се залажува и себе си а и другите (ако мора).

Точно така. Никој не се менува. Може само да го скрие вистинското лице со нешто привидно, но кога-тогаш ќе му се смачи да биде тоа што другите сакаат да биде.
 
Одговор на првиот пост:

Луѓето се менуваат. Се менуваат заради животни околности и заради подобро себеспознание (или отуѓување од себе).
Некои на подобро, други на полошо.

Сепак, никогаш не се менуваат оти друг сака да се сменат.
 
Јас мислам дека секој може да се промени во смисла да го промени карактерот особините и све друго начинот на комуницирање и ред други работи...но таа промена треба да се сака пред се..и не е толку едноставна туку е тешка да се здобие..исто како што читаме разни мисли поучни од глеми мислители..секоја таа мисла си има одреден концепт,секоја мисла кажува едно и кога ке прчиаш дека не требе да си ваков онаков дека треба тоа воа,и ти ке си каеш во себе ке променам ова кај мене,нема да бидам ваков ке бидам онаков пример, но тоа е само така кажано од сите нас реално да го сториш и навистина да се промениш како човек пред се треба тоа да го сакаш..секој според мене може да направи и најмала промена кај себе..почнувајќи од најмали нешта..и како што јас би рекол ЧОВЕКОТ е најнепредвидливата машина која не се знае што ке направи во секој момент...никогаш не е касно за промена било каква,само треба цврсто да се посакува тоа :)
 
Никој не се менува, може само да претрпиме варијации во однесувањето кон другите во суштина мозокот никој не успеал да го промени. А се од него почнува. Глумењето промена трае кратко време додека личноста не се врати повторно на стари патеки. Кад тад.
 
Никој вистински не се менува. Каков му е карактерот - таков му е. Може да мисли дека се сменил, но тоа глума не е он и кога тогаш ќе си го покаже вистинското лице.
 
Се менуваат зависно од влијанието и притисокот што им се наметнува а и доколку има стварно волја за промена, али тоа иде малце потешко и побавно, а има и такви кои што се толку крути како личности кои речиси никогаш не се менуваат :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom