- Член од
- 18 ноември 2010
- Мислења
- 38
- Поени од реакции
- 5
Се е променливо па дури и личноста може да се промени поради влијание на некои фактори на промена. Познато ви е дека општата теорија во психологијата за развој на личноста е динамичен процес, теорија која вели дека цртите на личноста не се дадени еднаш за секогаш, туку тие се менуваат во зависност од влијанието на дадените фактори. Личноста е резултат на заемно влијание на следниве фактори: Прв и основен фактор е средината во која живее, округот на луѓето околу вас, пријателите, партнерите, работната средина и сл. Втор фактор е семејството, како што знаеме има различни семејства, некои се патријархален или матријархален тип, современо(нуклеарно) семејство и др. И трет фактор е активноста на индивидуата. Ова се фактори под кои се создала личноста но истовремено се фактори под кои личноста може да се промени. Овие три фактора не се подеднакво застапени како просторно така и временски на една индивидуа. Тие се менуваат а со тоа нужно се менува и личноста. Едно нешто што постојано го негирам е тоа што психологијата премногу значење има посветено на адолесцентната возраст. Личноста како да се оформува до адолесцентниот период. Но мислам дека таа се менува се додека личноста искусува твори, уништува, создава и размислува за себе. Доколку вие сакате да промените нешто кај некоја сакана личност, која според вас мислите дека неправилно постапува, нема да ви биде ни најмалку лесно. Овие три фактори се всушност богови спрема вас а вие како четврт фактор сте само обичен смртник. За да смените некоја личност и ја извадите од калта потребно е да и овозможите да го согледа што е тоа што вие мислите дека е правилно или погрешно, што е добро а што лошо. Клучниот момент е кога тој/таа ке разбере за последиците поради своето однесување и следува моментот на преобразба, стекнување волја за нештата да се сменат.