Лудоста на религиите

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Сигурен сум дека примерот подолу ќе се развие во дебата за религиите општо, па така и насловот го наведов. Конкретно...
Утрински весник напиша:
Смртта на шеснаесетгодиш ниот Џет Траволта на вториот ден од новата 2009 година беше тажна вест за интимна семејна трагедија, која прерасна во контроверзни толкувања за причините за
прераното заминување на синот на славните родители Џон Траволта и
Кели Престон. Во некои претпоставкие изразено нескриено сомневање дека смртта на Џет Траволта дошла прерано поради скиентолошките уверувања на неговите родители. Според учењето на скиентолошката црква, ментални болести не постојат, односно за нив се виновни самите болни, па тоа е и причината поради која Траволта - Престон не го лекувале синот, кој очигледно бил ментално хендикепиран кога на 16 години му било потреб-
но внимание на две дадилки.
Кога мене би ме прашале, ментални болести дали постојат може да разговараме, но да се лиши од медицинска помош момче на 16 години кое не е свесно се` уште ни како врвките да си ги заврзе а не пак да знае дека ментална болест не постои е далеку од глупаво. Тоа е лудо исто онолку колку и модерните постулати на илјада и едната религија која ја знаат вистината за нашето постоење, минатото и иднината :tapp:

Вакви примери има и во другите “религии“ вклучувајќи ги и нашите блиски и мега популарни. Каков е вашиот став по ова прашање?
 
Не е до религијата туку до здравоста на разумот на верниците,јас верувам во бог и итн ама не дозволувам таа вера да ме заслепи и да верувам дека ќе дојде бог да ме спаси или да излекува некој мој близок,Главинот проблем е во слепата верба на верниците за чабе ли бог ни го дал разумот за да го кориситме за уништување или за расудување правилно
 
Скеиентолошкито верување како механизам прилично е форсирано од приврзаниците, па полека еволуира(а, веќе има достигнато прилично висок степен) во механизам шо грицка од индивидуалниот интелект и го моделира во скиентолошко гомце шо ги следи поставките и верувањата кои му ги наметнале, а притоа не добива никаква реципрочност или компензација за оствареното.

Горенаведеното е дефиниција за перење мозок.
А, доколку тоа во главата ти е со големина на една сува слива и ти ќе се преобразиш во тоа шо претендирале да постанеш.

Со цитатот кој го изложи Виктор и со самото читање на болдираната реченица во текстот постанува јасно за срањата кои ги нуди оваа псевдорелигија.

Кој не ја гледал, нека ја гледа епизодата ''Trapped in the closet'' од серијата South Park каде шо преку пародија е прикажано лицето на Скиентологијата.(Се исмеваат Џон Траволта и Том Круз како едни од најпознатите приврзаници во глам сферата)
 
Виктор, а што ако Бог навистина постои?
Дали тоа што Јеховините Сведоци одбиваат да примаат крвна инфузија или тоа што одбиваат да одат во војска и да пукаат во невини луѓе ги прави фанатици?
Бог постои тоа е неприкосновен факт исто така факт е дека главните доктрини на кои се темели науката на Јеховините Сведоци се точни.
Од Божја гледна точка нема поголема лудост од тоа да се негира неговото постоење, тоа е полошо од самоубиство.

Кој си ти да одлучуваш што е лудо, а што не?
 
А што ако Бог навистина постои? А што ако неговите зборови се вистински според толкувањето на муслиманите, што ако се вистински оние на јеховините сведоци. Што ако Дедо Мраз навистина постои?

Верувај во што сакаш, факт е дека син ти ќе умре ако не го однесеш во болница кога ќе си ја удри силно главата од маса паѓајќи од дубакот.

И реков, дали ментални болести постојат или не можеме да разговараме, дали се Јеховините сведоци во право исто така можеме да разговараме, ама нема разговор кога е јасно дека син ти умира. Што ќе ти се сите тие пари кога си глуп као стап. Што ќе ти е тој гламур, и сета мистичност и длабочина. Што ќе ти е било што ако не можеш да најдеш духовен мир?
 
Сигурен сум дека примерот подолу ќе се развие во дебата за религиите општо, па така и насловот го наведов. Конкретно...

Кога мене би ме прашале, ментални болести дали постојат може да разговараме, но да се лиши од медицинска помош момче на 16 години кое не е свесно се` уште ни како врвките да си ги заврзе а не пак да знае дека ментална болест не постои е далеку од глупаво. Тоа е лудо исто онолку колку и модерните постулати на илјада и едната религија која ја знаат вистината за нашето постоење, минатото и иднината :tapp:

Вакви примери има и во другите “религии“ вклучувајќи ги и нашите блиски и мега популарни. Каков е вашиот став по ова прашање?
Да лудоста на религиите е стварна работа..од тоа нема бегање. Прашањето би било дали сеуште ќе си "играме" религиски игри или ќе му служиме на живиот Бог.
Односот со живиот Бог е едно ...глумењето религиозност и придржувањето кон некакви догми и првила кои врска немаат со она што Бог го бара е друго...За жал многумина се изгубиле во тоа и мислаат дека апстиненциите, ритуалите и автоматското практикување на одредени активности ќе ги доведе поблиску до Бога...Тешко тоа.
 
Nema Gospod, Naukata go ima pobieno postoenjeto na bog, osobeno na onakov kakov sto go srekavame vo religiite.
 
Науката се побива самата себе, онака, периодично, при што се случува пад на „вистини„ кои со децении и векови важеле за „вистинити„. А Бога сеуште никој не Го побил...освен оние кои не Го прифаќаат.
 
Науката се побива самата себе, онака, периодично, при што се случува пад на „вистини„ кои со децении и векови важеле за „вистинити„. А Бога сеуште никој не Го побил...освен оние кои не Го прифаќаат.
Bog e pobien kako poim, imas bog allah kogo hristijanite ne go prifakaat, imas bog sveta trica kogo muslimanite ne go prifakaat, imas bog jahve kogo ne go prifakaat ni ednite ni drugite...i se taka kolku religii tolku svakanja za bog.
 
Тоа што има повеќе религии, кои егзистираат паралелно, не значи дека има и толку богови. Исус на тоа јасно предупредува: „..Не можете да им служите на двајца господари, оти едниот ќе ве намрази, а другиот засака...Не можете да му служите на Бога и на мамона...„. Оттука, јасно е и очигледно дека Христос не посочил други богови, освен Едниот Бог. Надвор од Бога, нема други богови-или ќе Му служиме на вистинскиот Бог или на оној кој сакаше да стане бог.
 
ova e za deka ne moze da se sluzi i na parite i na boga, jas takvi tolkuvanja znam, se misli ne moze i po svetovnoto da se odi i po bozjeto, a inaku bog bidejki e eden toa e istiot bog na site religii osloboden ( kako sto nema vrska so coveckite pretstavi, oti bog ne moze da se ogranici na ona sto lugeto zavisno od vreme i kultura go pripisuvale na nego) od dogmite i ritualite, tuku bog koj e najblisku do srceto na vernikot bez razlika na koja vera formalno pripaga, bog koj se ogleda vo kosmosot.
 
Виктор, а што ако Бог навистина постои?
Дали тоа што Јеховините Сведоци одбиваат да примаат крвна инфузија .............
Бог постои тоа е неприкосновен факт .................
Од Божја гледна точка нема поголема лудост од тоа да се негира неговото постоење, тоа е полошо од самоубиство........................

Кој си ти да одлучуваш што е лудо, а што не?

Да ! Никој нема право да одучува се до моментот додека твојте верувања нештетат никому ...............ако јеховон сведок неоди на лекар и неприма крвна инфузија по негов избор е негова работа...............
Но да не однесе свое дете на лекар тоа да прима ифузија.........Е УБИСТВО !
ТОА И ТЕ КАКО Е ФАНАТИЗАМ .........ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ФАНАТИЗМИ што сум ги чул..
Е видиш друже Тука во вакви случаи ИМАМ ПРАВО ДА ОДЛУЧУВАМ ШТО Е ЛУДО А ШТО НЕ ... па ти се свиѓало тебе или не .!
Разбере ли ваков случај .......државата треба да им ги одзема децата.....да не се изживљаваат над нив..........децата не се играчки .

тоа за тебе "жими мајка веруј бог постои"...........бате бе сум ти отворил цела тема "Кој треба до го докаже бог"..............
немој какања од типот "вјерују".........туку докажи си ги тврдењата...и јас ќе ти верувам !
 
Науката се побива самата себе, онака, периодично, при што се случува пад на „вистини„ кои со децении и векови важеле за „вистинити„. А Бога сеуште никој не Го побил...освен оние кои не Го прифаќаат.

-Пак ги извртуваш и манипулираш со работите! Имено науката не се побива никогаш сама со себе во целост туку само врши надградба на постојното, таа е жива материја и е подложна на развој и надградба.
А за тие падови на вистини што ги спомнуваш...тоа се паднатите вистини што ги имаше наметнато црквата како за вистини. Значи имаме пад на црковните вистини а не на научните.:toe:

-За второто.....па како да го побијат...науката не се занимава со имагинарни творби т.е. не го есапи ни 2%!
 
ova e za deka ne moze da se sluzi i na parite i na boga, jas takvi tolkuvanja znam, se misli ne moze i po svetovnoto da se odi i po bozjeto, a inaku bog bidejki e eden toa e istiot bog na site religii osloboden ( kako sto nema vrska so coveckite pretstavi, oti bog ne moze da se ogranici na ona sto lugeto zavisno od vreme i kultura go pripisuvale na nego) od dogmite i ritualite, tuku bog koj e najblisku do srceto na vernikot bez razlika na koja vera formalno pripaga, bog koj se ogleda vo kosmosot.

Запишаното во Писмото служи за (само)оправдување на сите инквизиторски постапки, а не како наводно извршување на Божјата волја. Одговорот на прашањето за појавата на инквизицијата сепак не е надвор од незјините творци, туку ВО нив...

-Пак ги извртуваш и манипулираш со работите! Имено науката не се побива никогаш сама со себе во целост туку само врши надградба на постојното, таа е жива материја и е подложна на развој и надградба.
А за тие падови на вистини што ги спомнуваш...тоа се паднатите вистини што ги имаше наметнато црквата како за вистини. Значи имаме пад на црковните вистини а не на научните.:toe:

-За второто.....па како да го побијат...науката не се занимава со имагинарни творби т.е. не го есапи ни 2%!

-Не ги извртувам.
-Науката повеќепати се има себеси побивано! Најдобар актуелен (а не праисториски) пример за тоа е самиот Хокинг, кој тековно ги крпи дупките од својата теорија за наводната голема експлозија! Живо ме занима што од тоа ќе се изроди...
- Токму тој „развој„ и надградба се причините за неспобоноста од науките да ни доловат барем една конечна вистина: веќе имам напишано дека науките користат извртена логика на осознавање вистини-преку составување делови, сакаат да ја доловат целината а притоа немаат поим како таа целина изгледа!
- Црковните вистини, биејќи се од духовно-морално-етичка природа, не подлежат на промени! Се менува само отпаднатото човештво, од лошо кон полошо, кое истите тие вистни не сака да ги прифати и практикува!

П.С. Само не ми е јасно, како можеш да зборуваш за црковните виститни, кога ниту ги познаваш ниту со дел од Црквата, м?
 
Запишаното во Писмото служи за (само)оправдување на сите инквизиторски постапки, а не како наводно извршување на Божјата волја. Одговорот на прашањето за појавата на инквизицијата сепак не е надвор од незјините творци, туку ВО нив...

-Не ги извртувам.
-Науката повеќепати се има себеси побивано! Најдобар актуелен (а не праисториски) пример за тоа е самиот Хокинг, кој тековно ги крпи дупките од својата теорија за наводната голема експлозија! Живо ме занима што од тоа ќе се изроди...
- Токму тој „развој„ и надградба се причините за неспобоноста од науките да ни доловат барем една конечна вистина: веќе имам напишано дека науките користат извртена логика на осознавање вистини-преку составување делови, сакаат да ја доловат целината а притоа немаат поим како таа целина изгледа!
- Црковните вистини, биејќи се од духовно-морално-етичка природа, не подлежат на промени! Се менува само отпаднатото човештво, од лошо кон полошо, кое истите тие вистни не сака да ги прифати и практикува!

П.С. Само не ми е јасно, како можеш да зборуваш за црковните виститни, кога ниту ги познаваш ниту со дел од Црквата, м?

:pos2:Изгледа дека не ти е познат начинот како науката ги гради и надградува своите учења, таа никогаш не поставува догма наеднаш, веднаш и еднаш засекогаш како непроменлива големина како што тоа го направила црквата. И самата наука никогаш не тврди дека сознанијата се трајни туку напротив дека едно решено прашање отвара многу други досега непознати односно дека на развојот му нема крај, стално има и ќе има нешто ново, како напредуваат методите на истражување така се отвараат и нови хоризонти.

Да не беше тој од тебе оспоруван развој и да се владеевме по црковните вистини се уште ќе се лечевме со пуштање крв за да излезе ѓаволот од телото:pos2:......други комедии и да не набројувам...

За конечни вистини..ги има и премногу...земи ја само математиката за пример... таа е основата за се...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom