Не можеа апсолутно ништо полошо да одберат од недефиниран крај. Покрај разочарувањето кај фановите кои очекуваа одговори, докажаа и дека не знаеле кај тераат. Моја претпоставка е дека терале во некој правец, и се сплеткале со тајм-травелот и не можеле да ги поврзат точките. И на крај удрија на романтики.
Последната епизода не само што е врв на нелогичноста туку и поставува многу други прашања.
Прво, што мајка бараше островот потопен под вода на почетокот на сезоната?
Затоа што така беше замислено. Треба ли да има некоја посебна причина? Зошто Хуго беше среќен? Зошто Соер беше цајкан? Зошто Лок заврши со девојката? Зошто Дезмонд се напи од скапото виски? Одговорот е дека во можеби таа цела замисла на среќен крај кој го заслужија/добија островот мора да биде потопен под вода.
Испадна евтин трик за да не дефокусираат. Потоа, кога умре Џек? На крајот на 6-та сезона или во пилот епизодата? Раната е на истото место. Ако умре во пилотот и се ова е негов задгробен живот, во кој треба да ги средува работите за да може да замине на некое подобро место, тогаш што бараше авионот на Лапидус во сцената, и како се познаваа многу луѓе меѓу себе? Ако умре на крајот на сезоната после борбата со Лок (пологично е ова, Бен му се извинуваше на Лок што го убил, демек живи биле) тогаш како Хуго, Кејт и Клер... се мртви? Бен исто... Или сите умреле па откако умреле се барале во АЛТ. Ако ја форсираа оваа варијанта требаше островот да потоне и сите да умрат.
Парафразирам :
Кристијан:Џек дете, ти си мртов, сите се мртви во еден предходен живот. Некој подоцна некој порано.
Хуго:Бен беше многу добар втор човек... Што значи дека Хуго и Бен се грижеле за островот по случувањата.
И како бе мислите дека умреле во пилотот?! Е од каде тогаш сеќавањата во АЛТ-от . Ако Алт-от е чистилиште и го чекаат Џек да умре во пилотот од каде тогаш сите спомени? Не размисли некој за ова?
Ова ми вика дека се што се случи на островот се случи. Сличноста на смртта на Џек беше еден симболичен начин на затворање на кругот. Тој со тоа осигура дека ќе можат да го доживет алт-от. Ако островот потонеше,а Џек не се жртвуваше немаше да го добиеме АЛТ и среќниот крај.
Последната епизода требаше да одговори некои прашања, не да отвори нови. Ништо не и фали на епизодата во смисла на тоа дека е крај на едно дружење и така... ама не дава одговори никакви. Толку малку кажува што и теоријата со вонземјаните од која се плашев е далеку подобра. И теоријата што ја имав на почетокот на сезоната за која сите се согласивме дека не е добра, ќе беше далеку подобра од ова.
А зошто мора се да се објасни. Зошто мора да име некоја теорија која ќе испадне точна? Зошто само не ја гледаме серијата како она што е.... Приказна, патешествие од 6 години на група луѓе.. Кој завршува со жртвување на еден човек за она што мисли дека е правилно. Зошто да не е среќен крајот?
Мотивите кои беа земени од играта требаше да се искористат. Требаше да биде борба помеѓу доброто и злото, со правила и со разврска. Што значеа сите оние правила на Бен, Видмор, Флок, Џејкоб...? Што значеше грабнувањето на децата, кој ефект го имаше тоа? Што беше светлината? Што ќе се случеше ако Смоуки го напуштеше островот?
А како сакаш овие одговори да ги добиеш? Што ќе се случеше ако Смоуки го напуштеше островот? За ова треба да ги киднапираш писателите и со пиштол в чело да ги натераш да ти напишат друг крај каде смоуки бега и ја убива Пени на пример. Или како што ја изгуби моќта. Смоуки бега сите други умираат на островот а тој си пие текили во Мексико?
Како тоа некои луѓе го напуштаа и се враќаа на островот? Дали навистина оушеаник сикс се вратија после 3-та сезона или беа во некој АЛТ... Веројатно можам да одговорам некои од овие прашања ако размислам, ама не ми се размислува повеќе.
Еве да пробам јас.Луѓето ја користеа подморницата. Новите правила на игра што ги постави Џејкоб му овозможуваат на него да може да замине за кратко.А за правилата. Еве да речиме тој што го чува островот ја има таа моќ да поставува одредени правила/менува.
Инаку што се однесува до серијата, не ми е криво што ја гледав. Уживавме долго време, убаво беше замислена. Немало серија која покренала толку дискусии. Секогаш беше интересно. Не заврши како што сакав, но и многу добри филмови не завршуваат како што сакаме. Не е премногу страшно. За спин-оф серии и слично не сум заинтересиран, се понатаму би било дополнително расипување на впечатокот.
И конечно, нема да бришам спојлери секоја недела.
Тоа е и целата поента. Мене ми беше многу жал кога заврши. Буквално скокав за време на моменти од последнава епизода. Кога на сите им се враќаа спомените и кога ги гледав сликите од минатите епизоди. Размислував за промените и патот на секој од главните ликови. Не знам... Мислам дека е нелогично да се мисли дека серијава беше за островот и мистериите. Па и малку смешно и глупаво...
Островот е како некоја платформа, театар,студио на животот.
Не велам дека не сум разочаран од необјаснувањето на некои работи. Ама знам дека е детинесто да очекувам се да ми се постави на сребрена чинија. И да оставиле нешто за нови серии/филмови, тоа не го гледам како негатива. Напротив мислам дека е одлично....
На тебе останува да одлучиш сега. Дали си Man of Science или Man of Faith?!