LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
Не треба да црташ, те сваќам што сакаш да кажеш.

Рековте погоре дека Бен сето тоа го измислил, односно дека лаже (го болдираше тоа од лостпедиа, нели?). Ако го измислил, значи дека не постои. А ако е така, тогаш петтата сезона ве побива. Џејкоб сепак постоел.

back on topic... Во три саат е новата епизода? :)



Се е тоа ок, но прочитај неколку страници назад ќе видиш дека некој вика дека Џејкоб не излегол од статуата (ногата на плажата).

За тоа почнавме и види кај завршивме. :)
Ма битно е да се дискутира нешто за да се загрееме за новата епизода:)
 
Не треба да црташ, те сваќам што сакаш да кажеш.

Рековте погоре дека Бен сето тоа го измислил, односно дека лаже (го болдираше тоа од лостпедиа, нели?). Ако го измислил, значи дека не постои. А ако е така, тогаш петтата сезона ве побива. Џејкоб сепак постоел.

back on topic... Во три саат е новата епизода? :)

Ф.А. не е работата дали Џејкоб постои или не, туку дали му зборувал навистина на Бен во колибата или не? Подоцна во колибата беа Клер и Кристиан, очигледни сојузници на МИБ, нели? Колибата беше опкружена со пепел, мислам дека Хуго или некој друг се сопна и го растури кругот по што МИБ излезе. Гласот Хелп ми е на МИБ или на некој трет, ама сигурно не е на Џејкоб.

Епизодата е во 3.00
 
1. Зошто Ben го носи во кабината?

- Ben верва дека таму живее Jacob
- Ben ги лажи "The Others" и John дека комуницира со Jacob само заради тоа што е лидер (некаков договор со Richard).

Вториот одговор ми изгледа многу поверојатен.

2. Зошто подоцна пука во него и го прашува што му кажал Џејкоб?

- Се плаши дека John го слушна Jacob и дека ќе ја изгуби лидерската позиција.

3. Ако за сето ова лажел, значи дека Џејкоб не постоел.

- Ако Ben лажи не значи дека Jacob не постоел. Едноставно го нема видено никогаш и сите наредби ги добива преку Richard.

Ilana (која го познава лично Jacob) откако ќе ја посети кабината, наредва кабината да се изгори и кажва дека ДОЛГО време НЕКОЈ ДРУГ ја користи кабината.

Епа тоа дека немаме точен одговор на ова прашање доведува до повеќе мислења. Јас не реков дека моето е 100 %, но некој вика дека тоа е Џејкоб во колибата (јас), некој дека тоа е MIB, некој дека е сосема некој трет. И за секој од овие одговори има различни варијанти. За тоа и всушност зборевме. :)

Како што гледаш, ни ти не го знаеш одговорот, ни јас, ни Иван ни CIL.
 
Ќе се корегирам малку: можно е првиот пат да бил Џејкоб, по растурањето на кругот да ја напуштил колибата, а подоцна ја зафатиле МИБ, Кристиан и Клер. Не сум сигурен за ова зошто го заборавив редоследот на настаните.
 
Ф.А. не е работата дали Џејкоб постои или не, туку дали му зборувал навистина на Бен во колибата или не? Подоцна во колибата беа Клер и Кристиан, очигледни сојузници на МИБ, нели? Колибата беше опкружена со пепел, мислам дека Хуго или некој друг се сопна и го растури кругот по што МИБ излезе. Гласот Хелп ми е на МИБ или на некој трет, ама сигурно не е на Џејкоб.

Епизодата е во 3.00

Па тоа зборам де. :) Бидејки цела трета сезона збореа за Џејкоб, очигледно беше дека Бен го носеше во колибата на Џејкоб. Дали зборел или не, според лостпедиа изгледа дека не, мене не ми се верува во тоа.

Подоцна кога Илана и компанија дојдоа до колибата односно многу подоцна откако Бен и Лок беа во колибата. До тогаш можеби MIB бил во неа (со Клер и Кристиан), можеби MIB и Џејкоб се брака, таму се родиле или што ти јас знам...

Многу варијанти има, а немаме вистински одговор. Затоа може да дискутираме до без крај.
 
Епа тоа дека немаме точен одговор на ова прашање доведува до повеќе мислења. Јас не реков дека моето е 100 %, но некој вика дека тоа е Џејкоб во колибата (јас), некој дека тоа е MIB, некој дека е сосема некој трет. И за секој од овие одговори има различни варијанти. За тоа и всушност зборевме. :)

Како што гледаш, ни ти не го знаеш одговорот, ни јас, ни Иван ни CIL.

Никогаш не реков дека знам 100% шо се дешава :)

Само:
lF.Al напиша:
Испага дека Бен сето ова со колибата, со писмата, со патот до колибата, со наредбите од Џејкоб го измислил и на крај на 5та сезона испаѓа дека Џејкоб сепак постоел.
сакав да ти кажам дека иако Ben лажел за неговата комуникација со Jacob, то не значи дека Jacob не постоел до 5. сезона. То значи дека само Ben не го знај лично Jacob.

Ако сега јас тебе ти кажвам нешто за цимерот, па ти ги лажиш останатите дека го знајш мојот цимер, то не значи дека цимерот не постои.
 
Џејкоб го нарече МИБ пријател, кога му се појави на Хуго: ме уби еден стар пријател на кого му здосади моето друштво.

Инаку кога сме кај објаснувањата, во 2h секогаш оди предходната епизода со екстра објаснувања и некои од нив се навистина интересни и корисни, има работи кои или сме ги испуштиле или објаснувања кои сме ги чекале. На пример, за Хуго велат дека е на островот затоа што има способност да зборува со мртви луѓе. Толку. Затоа Џејкоб му се јавува само нему (ако чекавте објасување за ова). Хуго го гледаше и Чарли во лудницата.

Исто, кога одеа кај пештерата Флок и Сојер, најдоа инхалатор. Тоа е истиот оној кој Сојер не и го даваше на Шенон кога беше болна. Незнам дали забележавте, јас не, видов само дека најдоа нешто. После стигна објаснувањето.

Исто напишаа и дека мелодијата што ја свири синот на Џек е истата што ја свиреше Фарадеј (ако воопшто нешто значи).

И уште една интересна работа запамтив, пред куќата на Џек на огледалото се гледаат хранот во кој се венчаа Сан и Џин и црквата во која беше погребот на родителите на Сојер. Џејкоб изгледа гледа па се телепортира :)

Значи, ви препорачувам кој може да си ја гледа епизодата од 2h вечерва, сигурно ќе откријат некој детал кој не сме го забележале. Исто ви препорачувам да го гледате на veetle.com (бара инсталација на програмче предходно), ако го има таму, сликата и звукот се супериорни во однос на другите стримови.

.
.
.
.
.
.
.
S06 денешната епизода:

Бенџамин Лајнус, куче едно... :pos2:

Good, good... тргна на добро работата. Повеќе акции, добри пресврти, нема досадни муабети. Расчистивме зошто
и била пепелта на Илана
. Расчистивме и тоа дека
сите се на островот со причина, man of science премина во man of faith и тоа до тој степен што немаше против да се дигне во воздух за каузата
:pos:

Ми се допадна оваа епизода и не сакам да пишувам повеќе да не оставам спојлери. Ќе ве замолам до утре попладне да внимавате на спојлерите да не му расипеме некому, а после тоа пишувајте слободно.
 
S06 денешната епизода:

Бенџамин Лајнус, куче едно... :pos2:

Расчистивме и тоа дека
сите се на островот со причина, man of science премина во man of faith и тоа до тој степен што немаше против да се дигне во воздух за каузата
:pos:
:nesvest::nesvest:
Does this mean what I think it means....?!

Не сум ја гледал уште епизодата сега се спушта ама не можев да се воздржам да не видам....Не е можно!...

Џек== Кабооом?
:pos2:
 
Уште колку епизоди има од оваа сезона што ја даваат на А1 ?
 
Па добро, се беше очекувано што би се случило во оваа епизода.

Џек полека сваќа дека има “дарба“ од Џејкоб и затоа така изреагира во Блек Рок со Ричард.

Она што беше интересно е дека Бен е сосема друг човек кој се грижи за другите. Така веќе не го обвинува татко му, не му замерува што го напуштиле островот, се откажа од моќта во училиштето за да и помогне на Алекс и сл...

Видмор сепак доаѓал на островот, а зошто доаѓа, останува да видиме.

“Островјаниве“ (ако така можам да ги наречам сите на островот) се делат во две групи. Едни на плажата кои се со Џејкоб, другите со MIB и се во хидра станицата на Дарма (онаму каде што беа држени Џек, Соер и Кејт во третата сезона).

Следната епизода за Ричард е, така?
 
Следната е за Соер. Да беше петта сезона ова таа со Ричард ќе ја чекав највеќе, сега meh. Уште еден прелажан Лок.

Интересна епизода, крајот потсети на прва сезона.

Глупоста, сите што ги допрел неможат да умрат а он може :tapp:
 
Следната епизода за Ричард е, така?

За Сојер (изглеа другата група ќе ја глеаме сеа) па после за Ричард (едвај чекам).

Крајот го очекував, добра епизода, тргна во некоја насока, ќе биди :D
 
Глупоста, сите што ги допрел неможат да умрат а он може :tapp:

Не можат да се убијат самите, друг може да ги убие.

И не отворајте ги спојлериве :)
 
A се сеќава некој на епизодата со Мајкл, 4 сезона, кога даваја каков бил живото од ко заминал од Острово. Таму Mr. Friendly му рече дека не можи да се убија, иако пробуваше, затоа што THE ISLAND WON'T LET HIM.

Допрен беше Мајкл од Џејкоб? -Не!

Lame, ultra lame.
 
И јас помислив на тоа веднаш по сцената вчера. Ама има две работи:
Една,
може да испадне дека го допрел, може да го уфрлат тоа кога било.
Втора,
може да има повеќе од една причина зошто не можеш да умреш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom