RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Лелеј треба да почнам ептен да се присеќавам за да се објаснам за ова. А ме мрзи страшно и се нервирам кога читам и пишувам за ЛОСТ, ама шта ќеш кога сама си го барав да пишам овде . Ај вака сега, серијава се дели на две групи гледачи, едниве викаат сите биле мртви од почеток, другиве дека умирале постепено за да стигнат на крајот до чистилиштето откако се ослободиле од демоните во минатото ( остај ти што се смеам во претходен пост и двеве варијанти ги земам и како лажни и како точни, зашто нема константна вистина серијава, како и да ја свртиш дупки се отвораат, макар што признавам дека вторава има далеку поголема смисла). Значи да продолжам со вторава варијанта, во моментот кога ја прифаќаш својата смрт, веќе си и подготвен да преминеш на другата страна.Треба да ја гледаш серијата уште еднаш, или барем само 6та зашто ништо не си сватил/сврзал ко што треба.
Еве една дупка која ми текнува земајќи ја предвид вторава варијанта.
Мислам дека смртта на Мистер Еко ( трета сезона ми се чини, VLJ подобро памти вакви работи) беше објаснета со фактот што човекот навреме ја прифатил својата смрт и премина на другата страна или што и да беше и токму затоа не бил со нив на обединувањето на крајот. Ако останативе постепено умираа ( патем хронолошки абер немаме кој кога умрел, освен Џек и неколку луѓе кои на една рака се бројат) и сепак на крајот се сретнаа цели "исчистени" што па Еко не беше таму?