LOST

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    288

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Треба да ја гледаш серијата уште еднаш, или барем само 6та зашто ништо не си сватил/сврзал ко што треба.
Лелеј треба да почнам ептен да се присеќавам за да се објаснам за ова. А ме мрзи страшно и се нервирам кога читам и пишувам за ЛОСТ, ама шта ќеш кога сама си го барав да пишам овде :pos:. Ај вака сега, серијава се дели на две групи гледачи, едниве викаат сите биле мртви од почеток, другиве дека умирале постепено за да стигнат на крајот до чистилиштето откако се ослободиле од демоните во минатото ( остај ти што се смеам во претходен пост и двеве варијанти ги земам и како лажни и како точни, зашто нема константна вистина серијава, како и да ја свртиш дупки се отвораат, макар што признавам дека вторава има далеку поголема смисла). Значи да продолжам со вторава варијанта, во моментот кога ја прифаќаш својата смрт, веќе си и подготвен да преминеш на другата страна.

Еве една дупка која ми текнува земајќи ја предвид вторава варијанта.

Мислам дека смртта на Мистер Еко ( трета сезона ми се чини, VLJ подобро памти вакви работи) беше објаснета со фактот што човекот навреме ја прифатил својата смрт и премина на другата страна или што и да беше и токму затоа не бил со нив на обединувањето на крајот. Ако останативе постепено умираа ( патем хронолошки абер немаме кој кога умрел, освен Џек и неколку луѓе кои на една рака се бројат) и сепак на крајот се сретнаа цели "исчистени" што па Еко не беше таму?
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
RocknRolaa Според некаква логика која може да се извлече од дејството, може да се каже дека Еко не беше во црквата зашто не беше дел од елитата. Не беше толку поврзан со дружината, па најверојатно неговото лимбо е составено од луѓе кои повеќе му значат, на пример брат му. Тоа е верзијата ако се внесеме во серијата. Вистината е дека глумецот на Еко не сакал да се појавува повеќе во серијата, и покрај тоа што наводно продуцентите му нуделе големи суми.
 
Ова со Еко ме потсети кога заврши серијава и на прашањето каде го снема Волт, имаше одговор дека пошто детево нели не старее, а серијава трае шест сезони, го фатило пубертет, пораснало и морале некако да го тргнат од приказнава.:icon_lol:
 
nou

Член од
19 мај 2012
Мислења
31
Поени од реакции
13
Многу нелогичности,и јас се сложувам,посебно и кога испадна објаснувањто дека уствари сите умреле во одреден дел од времето поминато на островот(ако беше за така зошто воопште се даде смртта на одредени карактери а не на сите?и ако умираат сите карактери кој го продолжува дејството?!).Исто така голем фаил беше како наеднаш испадна дека островот уствари е чистилиштето и нивните души требало да се најдат за да продолжат понатаму?Со ова кажано значи испаѓа дека не се знае што кога и дали се случило на островот..пробувајќи да ги затворат сите дупки они ги направија уште поголеми.Сепак на крајот,како и да е,ми недостига цела таа екипа на глумци(ликови) и островот..
|
V
Дали тоа јас насеќам дека некој пробува да ја оправда 6та сезона?Чистилиштето беше спомнато во едно од интервјуата на сценаристите а исто така и на имдб во неодговорени прашања.Nice try Lost season 6 fans :pos:
Би сакал да не те наречам хејтер ама морам. Не си ја сфатил добро серијата.
Не знаеме дали сите ликови умреа на островот.
Flash sideways(флешбековите од 6та сезона) не постојат во времето, тука ликовите се во лимбо, или purgatory, или како сакаш наречи го тоа каде што се.
Островот не е чистилиште. (линк на интервјуто/IMDB?)
Flash sideways го создадоа самите ликови за да можат да се најдат меѓусебе(интервјуто на 385 стр.), ова го кажува и татко му на Џек во последната епизода.
Се знае што и како и кога се случило на островот(пак, интервјуто на 385 стр.)

...И така.

а) Кога Чарлс (The Others) го земаа детето, рекоа дека нема да се сеќава на ништо и дека повеќе нема да е тој Бен што бил претходно.
б) Да речеме беше во шок Саид за се тоа што во моментот се случување околу него и миљон мисли што му поминуваа низ глава, а и дека не тепаше се и сешто па уште и дете дека е.... така некако би му дошло.

А од серијава, најмногу ми е криво што не ги дообјаснија бројките, туку MIB кажа како демек: "Jakob had a thing for numbers.." и толку...
Саид го застрела Бен и мислеше дека е мртов. Но, иднината не може да се промени па така Кејт и Џек(или Соер?) го однесоа кај Чарлс и другите. Уште еднаш се виде дека се за џабе сите обиди да сменат нешто.
Во врска со бројките: The Numbers
Интересна статија.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
|Flash sideways го создадоа самите ликови за да можат да се најдат меѓусебе(интервјуто на 385 стр.), ова го кажува и татко му на Џек во последната епизода.
Јас ова никако не можам да го разберам. Знам дека го кажа татко му на Џек, знам дека сите упорно го повторуваат, ама не ми прави никаква смисла. Како тоа ликовите „го создале за да се пронајдат?“.

Реторичко прашање, не чекам одговор :)
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Ова со Еко ме потсети кога заврши серијава и на прашањето каде го снема Волт, имаше одговор дека пошто детево нели не старее, а серијава трае шест сезони, го фатило пубертет, пораснало и морале некако да го тргнат од приказнава.:icon_lol:
Да, ама овде требало продуцентите да бидат креативни. Можеа да пронајдат некое решение, особено во ваква серија каде се' е можно. Еве и Ариа од GoT ќе ја фати пубертет, па тоа не значи дека треба да ја качат на чамец и да ја пратат во цивилизацијата.
 
bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
with the power of love.

Булшит е, не се ни труди да го разбереш. Тоа е чисто за да има на некој начин серијата хепи енд.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Не се трудам ништо, just pointing out...
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Надежни сте, ќе успеете ваљда да го убедите Iosono дека крајот бил добар. :)
 
nou

Член од
19 мај 2012
Мислења
31
Поени од реакции
13
Јас ова никако не можам да го разберам. Знам дека го кажа татко му на Џек, знам дека сите упорно го повторуваат, ама не ми прави никаква смисла. Како тоа ликовите „го создале за да се пронајдат?“.

Реторичко прашање, не чекам одговор :)
Кога ќе смешаш религија со sci-fi...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Кога ќе смешаш религија со sci-fi...
Во Америка има сериозен проблем за секој сценарист на вакви серии:
а) Серијата е Sci-fi
б) Големото мнозинство гледачи се религиозни, со акцент на „новородените“ кои се ем многу, ем фанатици.

И сега што да прави еден сценарист кој сака шоуто да му биде гледано, освен да флертува со публиката. Затоа Волтер во Фринџ мора да го спомнува Бог во секоја втора епизода. И во „V“ имаше поп во главните улоги.

Man of science, man of faith е работава. Секоја чест за Star Trek, тие не онадеа жива сила, си ја направија серијата за себе, кој гледа гледа...

Забегав... работата е што очекувано беше да има конфликт science/religion во Lost, ама акцентот требаше да биде на science и на Дарма. Тоа пред да тргнат комплетно во друг правец.
 
...Не ни сетив дека направија такво нешто оти ја гледав серијата турбо.
До негде сум и среќен што вметнаа религија.
ХЕПИ ЕНДИНГ ЈЕЕЕЕЕЕЈ.
(„V"... for Vendetta?)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
|
V

Би сакал да не те наречам хејтер ама морам. Не си ја сфатил добро серијата.
Не знаеме дали сите ликови умреа на островот.
Flash sideways(флешбековите од 6та сезона) не постојат во времето, тука ликовите се во лимбо, или purgatory, или како сакаш наречи го тоа каде што се.
Островот не е чистилиште. (линк на интервјуто/IMDB?)
Flash sideways го создадоа самите ликови за да можат да се најдат меѓусебе(интервјуто на 385 стр.), ова го кажува и татко му на Џек во последната епизода.
Се знае што и како и кога се случило на островот(пак, интервјуто на 385 стр.)
Ме мрзи сега да барам,а не е ни толку битно.Значи јас како што те разбрав:Не се знае кој кога умрел значи еквивалентно од тоа ние не знаеме кој останал и дали останал жив,значи по тоа испаѓа дека ликовиве или умреле сите заедно или пак се чекале да умрат сите па да можат да се најдат.А тоа како сами си создале flash sideways од кога умреа можеме само да нагаѓаме.Исто и ова:Во последната сцена во црквата можеме да ги видиме "душите" како што викаш ти на Пени и на Арон,значи за они да се најдат со другиве "души" ќе требало да бидат мртви,а единствен начин затоа што не беа на островот е да бидат убиени од страна на некој додека се сеуште во цивилизација(Кој?)..Што е со Волт?Зошто се појавуваше кај одредени ликови и им даваше насоки/совети?Што е со татко му на Џек?Зошто се појавуваше и во вистинскиот свет кога се вратија?Зошто се појави во "куќата на Џејкоб"?Што е со храмот?Што е со водата од храмот?Кој го изградил?Од каде испаднаа тие што живееја во храмот и Јапонецот што ги водеше?Зошто по толку работи што се случија на островот они не реагираа/појавија во сите предходни сезони?Останаа многу работи необјаснети не се само овие,ме мрзи и да пишувам...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom