Кога некој прави поголема грешка, како треба да биде третиран потоа?
Со строг, директен и навредлив или разговор полн со разбирање, смирен и поучен?
Mислам дека зависи.
Има луѓе кои не се разбираат од збор, кои колку и да се обидуваш да бидеш смирен и полн со разбирање кон нив, тие го игнорираат тоа и се уште подрски и не ни ја увидуваат грешката, сметаат дека друг е крив за тоа што го направиле, па не се ни замараат, така што со такви луѓе треба што подрско, директно, па и навредливо ако треба, зашто само така ќе се замислат.
Има луѓе кои поради икс причини ќе направат грешка, но ја согледуваат, се каат за грешката, ги боли тоа што го направиле, така што во овие случаи не би требало да се постапува дрско со нив од причина што уште повеќе ќе ги боли и ќе направи да се чувствуваат уште побетер од тоа што осеќаат, така што со нив треба на помирен начин, да им се објасни дека се луѓе, дека е добро што таа особа ја согледала грешката и дека на секој може да му се случи грешка, сепак никој не е безгрешен и да им се објасни дека секој си носи последици од своите дејствувања. Но, смирено, утешително дури.
Како "грешникот" подобро може да ја сфати и поправи својата грешка, кога во лице му се плеснува вистината и крајно се критикува или кога би наишол на разбирање од тој кој е на некој начин одговорен за него или едноставно му е блиска личност?
На што повеќе реагира човечката психа? На осуда или простување?
Човекот како несовршено суштество, лесно може да му се случи кога ќе види дека луѓето туку - така му опростиле и не му го сфаќаат тоа толку лично, пак да продолжи со своето однесување и слично.
Сепак сметам дека осудата е најлош начин при постапување со одредена особа, особено ако таа ни е блиска. Мислам сепак да бидеме искрени, нема човек кој не згрешил или не постапил лошо во својот живот, така што ниеден од нас не е компетентен да суди. Како викаат:
“Пред да покажеш со прст кон некој,погледни дали твоите раце се чисти“
Сепак, реков многу зависи и од личноста.
Има и други фактори: Дали нешто е направено со намера, со намера да се повреди некој, да се одземе нешто или несвесно.
Има злобни луѓе, чии постапки се со намера да уништат некој, а од друга страна има и луѓе кои мислејќи дека го прават најдоброто, грешат. А поголемиот дел, едноставно се луѓе и грешат.
Сметам дека секој заслужува шанса да се докаже повторно, шанса да се поправи, да размисли. Сепак се си има свои последици и секој човек ги сносува последиците од неговите дејства.
Од друга страна, кој третман кај вас повеќе делува? Кога повеќе сте свесни за направената грешка, се каете и сфаќате дека треба да се поправите?
Секогаш кога и да направам грешка, сум свесна и се каам. Бидејќи и онака сум сама на себе најлошиот, најстрогиот судија кој човек може да го добие, не ми треба некој дополнително да ме осудува. И без тоа се осеќам како најдолно го*но, така што потребна ми е поддршка во тие моменти, за да се постигне некоја одредена стабилизација. Осудата од “судијата во мене“ и поддршката од најблиските.
Сама себе си правам огромен товар, дури и за најмалата згрешена ситница и за најмалата утната постапка. Така што потребен ми е некој кој во тие горки моменти ќе направи да се осеќам убаво или барем попријатно.