Лош или добар пристап?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Кога некој прави поголема грешка, како треба да биде третиран потоа?
Со строг, директен и навредлив или разговор полн со разбирање, смирен и поучен?
Како "грешникот" подобро може да ја сфати и поправи својата грешка, кога во лице му се плеснува вистината и крајно се критикува или кога би наишол на разбирање од тој кој е на некој начин одговорен за него или едноставно му е блиска личност?
На што повеќе реагира човечката психа? На осуда или простување?

Од друга страна, кој третман кај вас повеќе делува? Кога повеќе сте свесни за направената грешка, се каете и сфаќате дека треба да се поправите?
 
Јас сум голем инат и ако ме искара човек тоа делува контра на мене. :pos:
Сите реагираме различно, тоа е индивидуално, кај некој треба со лошо, а некому тоа му ствара контра ефект, како на мене.
Но јас не ги анализирам луѓето кој како сака да биде третиран, туку ако ми згреши нешто, како што кажа ти, ако направи поголема грешка, ќе биде третиран онака како што заслужува. Нема сакам/нејќам.
 
Ако му простиш ќе згреши пак , ако го казниш колку толку ќе му дојде умот па нема да греши пак
 
Кога некој прави поголема грешка, како треба да биде третиран потоа?
Со строг, директен и навредлив или разговор полн со разбирање, смирен и поучен?

Mислам дека зависи.
Има луѓе кои не се разбираат од збор, кои колку и да се обидуваш да бидеш смирен и полн со разбирање кон нив, тие го игнорираат тоа и се уште подрски и не ни ја увидуваат грешката, сметаат дека друг е крив за тоа што го направиле, па не се ни замараат, така што со такви луѓе треба што подрско, директно, па и навредливо ако треба, зашто само така ќе се замислат.
Има луѓе кои поради икс причини ќе направат грешка, но ја согледуваат, се каат за грешката, ги боли тоа што го направиле, така што во овие случаи не би требало да се постапува дрско со нив од причина што уште повеќе ќе ги боли и ќе направи да се чувствуваат уште побетер од тоа што осеќаат, така што со нив треба на помирен начин, да им се објасни дека се луѓе, дека е добро што таа особа ја согледала грешката и дека на секој може да му се случи грешка, сепак никој не е безгрешен и да им се објасни дека секој си носи последици од своите дејствувања. Но, смирено, утешително дури.

Како "грешникот" подобро може да ја сфати и поправи својата грешка, кога во лице му се плеснува вистината и крајно се критикува или кога би наишол на разбирање од тој кој е на некој начин одговорен за него или едноставно му е блиска личност?
На што повеќе реагира човечката психа? На осуда или простување?

Човекот како несовршено суштество, лесно може да му се случи кога ќе види дека луѓето туку - така му опростиле и не му го сфаќаат тоа толку лично, пак да продолжи со своето однесување и слично.
Сепак сметам дека осудата е најлош начин при постапување со одредена особа, особено ако таа ни е блиска. Мислам сепак да бидеме искрени, нема човек кој не згрешил или не постапил лошо во својот живот, така што ниеден од нас не е компетентен да суди. Како викаат:“Пред да покажеш со прст кон некој,погледни дали твоите раце се чисти“
Сепак, реков многу зависи и од личноста.
Има и други фактори: Дали нешто е направено со намера, со намера да се повреди некој, да се одземе нешто или несвесно.
Има злобни луѓе, чии постапки се со намера да уништат некој, а од друга страна има и луѓе кои мислејќи дека го прават најдоброто, грешат. А поголемиот дел, едноставно се луѓе и грешат.
Сметам дека секој заслужува шанса да се докаже повторно, шанса да се поправи, да размисли. Сепак се си има свои последици и секој човек ги сносува последиците од неговите дејства.

Од друга страна, кој третман кај вас повеќе делува? Кога повеќе сте свесни за направената грешка, се каете и сфаќате дека треба да се поправите?

Секогаш кога и да направам грешка, сум свесна и се каам. Бидејќи и онака сум сама на себе најлошиот, најстрогиот судија кој човек може да го добие, не ми треба некој дополнително да ме осудува. И без тоа се осеќам како најдолно го*но, така што потребна ми е поддршка во тие моменти, за да се постигне некоја одредена стабилизација. Осудата од “судијата во мене“ и поддршката од најблиските.
Сама себе си правам огромен товар, дури и за најмалата згрешена ситница и за најмалата утната постапка. Така што потребен ми е некој кој во тие горки моменти ќе направи да се осеќам убаво или барем попријатно.
 
Јас позитивно реагирам на добар пристап кон моја грешка.
Да, во основа инат сум, и магаре сум, и разгалена сум, и одмаздлива сум, но тука ми е најмоќната добра жичка, функционирам на добар пристап.
Бидејќи така сум воспитана.
Се разбира од страна на татко ми, жалам што мајка ми никогаш не ма да можам да ја вметнам во некаков позитивен исказ.
Никогаш проблемите со мене дома од негова страна не биле решавани со насилство, со нервоза, со директни казни, со иронија и сарказам (најлош можен пристап кога родителот е свесен дека е посилниот), со циркузи.
Ми се кажало дека негово мислење е дека правам грешка, ми се објаснило каде е таа грешка, се барало мое мислење и коментар на неговото, ми била дозволена дискусија иако морало да се жртвуваат многу нерви за да истрае додека не ми ги побие сите детски, безвезални, инаетчиски аргументи со неговите реални, ми се барало искажување на чувствата и проблемот кој ме натерал да направам нешто, па се правело муабет за компромис за да бидеме и двајцата среќни.

Признавам дека тој пристап често ми се случувало да го искористам, сум рекла -аха, добро- и сум продолжила понатаму знаејќи дека он нема да го смени тој свој однос бидејќи го смета за вистински.
Но од друга страна и сигурна сум дека токму тој пристап ме направи свесна за туѓата мака, ме натера да сфатам дека немам срце некогаш уште еднаш да плукнам врз некој кој толку се потрудил, а можел да ги решава проблемите со само еден потежок замав.

На лош пристап, понижувачки и одбивно се насмевнувам и си ја гледам наредната работа на списокот за тој ден.
На добар пристап, размислувам двапати.
И сакам кога ми се пристапува така, разумно и со потенцијал за добар муабет од кој ќе се извлече нешто.
Дури накрај и да заклучиме дека не заслужувам да постојам, ќе бидам благодарна.


А гледам дека кај другите е обратно.

Па, кај што оценувам дека можам да бидам правилно сфатена и моето мислење да биде испочитувано, почнувам позитивно.

А кај што не е тој случај, тепам.
 
У фаца се шо имаш кажи .. така според мене е најубаво .. оти у последно време никој не се разбира човечки ,мора да бидеш говедо и ти ..

Шо ако му простам .. обратно ќе свати . ќе помисли дека си ти послаб од него и полошо ќе си напраиш ..Директ у фаца и чао-пријатно .. шо те е**м ..

барем така е кај мене .. можда и грешам :toe:
 
Кога некој прави поголема грешка, како треба да биде третиран потоа?
Со строг, директен и навредлив или разговор полн со разбирање, смирен и поучен?
Како "грешникот" подобро може да ја сфати и поправи својата грешка, кога во лице му се плеснува вистината и крајно се критикува или кога би наишол на разбирање од тој кој е на некој начин одговорен за него или едноставно му е блиска личност?
На што повеќе реагира човечката психа? На осуда или простување?

Од друга страна, кој третман кај вас повеќе делува? Кога повеќе сте свесни за направената грешка, се каете и сфаќате дека треба да се поправите?
Од моето досегашно искуство во укажување на грешки секогаш смирениот и аналитички пристап имал подобар ефект.
Луѓето по природа се инаетливи и суетни без разлика дали во хороскоп се јарец или риба. Кога им пристапуваш агресивно тие веднаш импулсивно реагираат и тогаш им се намалува капацитетот за рационално носење на одлуки или согледување на грешки. Додека пак ако им пристапиш дипломатски и аналитички тогаш постои можност за вистинска дискусија и добивање на подобара перспектива врз работите.
Јас сум иста. Многу ми смета кога некој ми кажува што треба да правам, а не се консултира со мене. Како ако не преку дискусија ќе ме убеди дека подобро знае од мене како треба да постапам или е попаметен/а од мене? Сигурно не преку “Оти јас така велам“ репликата.
 
Ако му простиш ќе згреши пак , ако го казниш колку толку ќе му дојде умот па нема да греши пак


А,не. Не се согласувам со тоа. Се зависи од карактерот на луѓето. Некои позитивно реагираат на казната, а некои негативно. Јас на пример многу негативно реагирам кога некој сака да ме казни или кога некој ми се дере и ми вика, додека пак наспроти тоа на мирниот начин на објаснување реагирам со убаво и доста позитивно. Повеќе преферирам дипломатски однос. Така што се зависи од личноста.
 
Кога некој прави поголема грешка, како треба да биде третиран потоа?
Со строг, директен и навредлив или разговор полн со разбирање, смирен и поучен?

Многу зависи од самото тоа колку сум блиска со таа личност и колку мене ме повредила таа постапка.
Пред се`, ако ми е ептен блиска таа особа сигурно нема да наредам куп навреди и ај нека соџвака се` па нека ми се јави кога ќе реши да се поправи. Секако дека ќе има момент на нервоза и желба да го/ја треснам од земја, ама не би можела туку-така да си заминам, зашто тоа би било уште поголема грешка од веќе сторената.
Обично кога сум лута, не мора тоа да го манифестирам преку навреди, бидејќи и со муабет може соговорникот да примети дека и не ми е баш мило што поради тоа што се случило и дека нареден пат ако пак се повтори-нема да помине толку лесно.

Како "грешникот" подобро може да ја сфати и поправи својата грешка, кога во лице му се плеснува вистината и крајно се критикува или кога би наишол на разбирање од тој кој е на некој начин одговорен за него или едноставно му е блиска личност?
На што повеќе реагира човечката психа? На осуда или простување?

Од друга страна, кој третман кај вас повеќе делува? Кога повеќе сте свесни за направената грешка, се каете и сфаќате дека треба да се поправите?

Ова е многу релативно прашање, па би се задржала на тоа што кај мене повеќе “пали“.
Јас во различна ситуација, врз основа на тоа за кој се работи- така и реагирам. Некогаш во истиот момент, па дури и за ситница ако се работи се извинувам и без да ми укажуваат на грешката, некогаш ќе ми биде непријатно итн.

Поблиските ми се далеку поважни во животот и се трудам воопшто да нема причина за извинување и за држење лекции, ама ете, се дешава, ненамерно.

И кога се работи за некои не толку блиски, но сепак што ги гледам ( скоро ) секој ден, не би сакала непријатни ситуации да има и ќе се извинам ако е потребно, само воопшто не сакам некој од нив да ми соли памет, едноставно НЕ, мислам дека ако некој од клас почне да ми префрла за нешто ќе го зачукам, а камо ли да му се извинам.
Имав ситуација, кога од мене се очекуваше да изигравам баба Ванѓа, и на некоја што едвај година дена ја знаев од еднаш цел нејзин карактер на послужавник да го имам и ми прекипе и на мене и ја одјебав ( не со навреди, не со муабети, туку едноставно се дистанцирав ).
( него, ај да не одам многу офтопик )

Се разбирам од збор, со оние со кои што треба. Доколку дојде до навреди од другата страна, не само што ќе се запрашам дали да се извинам, туку и побајаги може тоа да ме оддалечи и да ми створи одбивност кон таа личност.
Прифаќам совети од блиски, кои доволно долго ме познаваат, но не толерирам дробење од страна на некои кои не се ни од далеку компетентни да ми солат мене памет.
 
Кога некој прави поголема грешка, како треба да биде третиран потоа?
Со строг, директен и навредлив или разговор полн со разбирање, смирен и поучен?
Зависи и од грешката. Но, за што и да се работи, не оправдувам навредлив разговор. Некогаш треба да се биде директен, а некогаш да се воздржи човек и да разговара смирено разгледувајќи ги сите причини и последици кои ги донесла грешката.
Дивајн напиша:
Како "грешникот" подобро може да ја сфати и поправи својата грешка, кога во лице му се плеснува вистината и крајно се критикува или кога би наишол на разбирање од тој кој е на некој начин одговорен за него или едноставно му е блиска личност?
На што повеќе реагира човечката психа? На осуда или простување?
Читајќи ги коментарите на членовите кои пишале на темава, може да се заклучи дека кај секого е различно. Најверојатно треба да се процени кој пристап е поправилен за да се постигне саканиот ефект. Има луѓе кои применуваат тактика на разбирање, има луѓе што применуваат тактика на директност, а има и такви кои комбинираат од двете. Ако сметаме дека за одредена грешка имаме основа за да ја коментираме, мислам дека лесно може да се укаже на грешката и да биде сфатена. Кој начин и да го употребиме, ако кај личноста не се појави грижа на совест и ако самиот не сфаќа дека направил грешка, џабе ќе е секој начин за укажување на истата.

Дивајн напиша:
Од друга страна, кој третман кај вас повеќе делува? Кога повеќе сте свесни за направената грешка, се каете и сфаќате дека треба да се поправите?
Викање и издеравање кај мене не делува. Само ќе се влоши ситуацијата. Ај што ќе дојде до расправија, туку несакајќи нема да се зборува за конкретниот случај, ќе се забега на друга страна.
Ако сум направила некоја грешка и некој сака да ми даде до знаење, ценам седнување со кафенце (добро де, може и без тоа) и смирен муабет. Разгледување на ситуацијата, зборување за грешката и дискутирање за последиците. Директно, отворено, а истовремено и смирено и поучно.
 
Sekogas so razbiranje, sekoj moze sve da sfati samo treba nacin(zborovi i primeri) kako toj toa da go sfati. Ako posle toa ne saka da sfati se ide do pristam vikanje vo smisla 2-3 recenici da mu velezat vo glava. Ako ne sfati nisto, obidise povtorno dodeka ne sfati.
 
Кога некој прави поголема грешка, како треба да биде третиран потоа?
Со строг, директен и навредлив или разговор полн со разбирање, смирен и поучен?
Како "грешникот" подобро може да ја сфати и поправи својата грешка, кога во лице му се плеснува вистината и крајно се критикува или кога би наишол на разбирање од тој кој е на некој начин одговорен за него или едноставно му е блиска личност?
На што повеќе реагира човечката психа? На осуда или простување?

Од друга страна, кој третман кај вас повеќе делува? Кога повеќе сте свесни за направената грешка, се каете и сфаќате дека треба да се поправите?


Хмммм... ФАКТ е дека поголемиот дел од луѓето не прифаќаат критики.Па макар и да се потрудиш да бидеш што по фин со таа особа,тој си мисли дека ти се правиш сезнајко.Тоа не е убаво кога некој си прави секогаш по свое,бидејќи тој незнае како изгледаат неговите постапки од страна не се гледа самиот себеси освен ако наиде на некој сличен на него.
А за мене .... :kesa: хахаха За мене ,кога некој ќе ме искритикува за било што,можеби и ке прифатам пред да се замислам за околу 3-4 секунди,а можеби и не ама тоа се случува многу ретко.Додека може да се случи и утредента да исконтактирам со онаа личност и да и речам дали се согласувам со неа со соопштение за неа дека има право или не... :salut:
 
Секогаш мислам дека најголем ефект има контра-ефектот. Некој кога ќе погреши очекува некоја казна, но ако се направи спротивното од тоа што се очекува, мислам дека ќе се добијат поубави резултати. Сепак најголема казна е совеста (доколку проработи секако).
 
Зависи.Јас секогаш сум за добар пристап,на смирен начин на некој да му укажиш дека згрешил и дека повеќе не смее така да се однесува,така да прави,ама па има луѓе со кои очигледно мора да се однесуваш малку построго пошто си размислуваат,ај сега овај смирен беше,не креваше паники и сл.,па друг пат пак ќе го направи истото и пак ќе продолжи исто да си се понаша.
Затоа,зависи од човекот, од неговиот карактер.
 
Кога некој прави поголема грешка, како треба да биде третиран потоа?
Со строг, директен и навредлив или разговор полн со разбирање, смирен и поучен?
Како "грешникот" подобро може да ја сфати и поправи својата грешка, кога во лице му се плеснува вистината и крајно се критикува или кога би наишол на разбирање од тој кој е на некој начин одговорен за него или едноставно му е блиска личност?
На што повеќе реагира човечката психа? На осуда или простување?

Од друга страна, кој третман кај вас повеќе делува? Кога повеќе сте свесни за направената грешка, се каете и сфаќате дека треба да се поправите?

Дознај го менталниот склоп на човекот, ќе му го дознаеш и пристапот кој што најмногу ќе му одговара.Она во што вчера ме убедуваа, дека сите луѓе не се направени од ист калап, не на сите истите методи им влијаат.

Кога би генерализирала, сепак морам да се одлучам за осуда, затоа што тој што простил еднаш, обично алудира на тоа дека ќе прости два пати.Веројатно тоа е грубо поставена теза, но во природата на човекот е да ги избегнува своите грешки и својата вина, наметнувајќи им ја други, по таа аналогија, ако му се прости, тешко дека ќе се опамети. :)

Јас лично, се обидувам пред се да не правам грешки, не затоа што сум безгрешна или си имам некој филм уфурано во глава.Едноставно не сакам да ги повредувам тие што ми се блиски и сум страшно одмаздољубива кога било кој на било каков начин ќе ги повреди!
Инаку, да, се каам, кога знам дека нешто не било исправно, а јас сум била доволно голем кретен за да го направам, ама, се обидувам потоа да биде подобро.
Кај мене лично, зависи од тежината на грешката, како треба да се постапи.Ако е нешто минорно, убаво е да ми свикаш, за да не го направам пак, ако е нешто големо, повеќе би сакала да ме разберат и да ми помогнат тоа да го решам, отколку да ми викаат.:nesum:
Иако, едно добра лекција прво, не би била на одмет за да ја сфатам тежината на тоа што сум го направила.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom