Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

  • Креатор на темата Креатор на темата Morbidnio
  • Време на започнување Време на започнување
Ти стварно си тотален бот за филмови. Модератори, може бан за основно филмско незнаење?

БАН ЗА ОСНОВНО ФИЛМСКО НЕЗНАЕЊЕ?????? Зар и такво нешто има на форум? Ако е така и доста други треба да се банираат и во темата The Dark Knight
 
БАН ЗА ОСНОВНО ФИЛМСКО НЕЗНАЕЊЕ?????? Зар и такво нешто има на форум? Ако е така и доста други треба да се банираат и во темата The Dark Knight

Тие што викаат дека филмот е послаб од вториот дел или пак дека има премногу карактери необработени или пак дека Бејн го уништија зашто го направија мекуш? Брао.
 
Тие што викаат дека филмот е послаб од вториот дел или пак дека има премногу карактери необработени или пак дека Бејн го уништија зашто го направија мекуш? Брао.

Има и други работи. А и заедно со овие што ги наброја ти.
 
Production of The Hobbit video #9

Со Lord of the Rings го редефинираа и подигнаа стандардот на жарнот фантазија/авантура. Колку само труд и пари се вложени во снимањето на The Hobbit, овие се надминаа себеси. Горе доле иста екипа работи и на оваа трилогија, и нормално овој пат Џексон има одврзани раце и искуството од LotR, така да веројатноста и оваа трилогија да биде успех е голема. Уште малку до премиерата па да го видиме финалниот продукт. :)
 
Поврзани ли си Хобит и Господар на прстените? Имам голема желба за овој, додуша Господарот не ми се ни гледани, но секогаш сум имал некое скептично мислење за таа трилогија... :)
 
Поврзани ли си Хобит и Господар на прстените? Имам голема желба за овој, додуша Господарот не ми се ни гледани, но секогаш сум имал некое скептично мислење за таа трилогија... :)
И те како се поврзани. Скептичното мислење најверојатно ти е од тролањата на одредени особи по нет и вон нет, за преголемото времетраење на трилогијата.

Јас пак, би ти препорачал да си ги набавиш продолжените верзии (LOTR Trilogy extended version) на трите филма и да си удриш викендашки маратон. Филм на ден, пошто секој филм е минимум од 3 до 4 саати.

Приказната во новата трилогија Хобит се случува пред таа во Господар. Е сега, нека каже некој поексперт од мене дали да го чекаш првиот Хобит филм за 20 дена, па потоа да си ја изгледаш трилогијата, или обратно.
 
Само во никој случај немој сите еден по друг, знам дека звучи маратонски и како нешто со кое би се фалел, ама последниот дел го гледав како на дрога. Затоа по одредено време пак си го пуштив последниот. Во билокој случај, МОРАШ да ги изгледаш, незнам поради која причина си скептичен, ама најдобрата триологија некогаш направена е. Дури и како stand-alone ако ги оценуваме филмовите кај мене котираат прилично високо.
 
Маратонски секако не ги гледам, не сум таков тип, дури и Хари Потер ги гледав по еден филм на ден. Така ќе сторам и за Господарот, но малце кус сум со време ради учење за колоквиум али ајде ќе соберам сили до средина на декември да ги изгледам. :)
 
wot сите три филма ги имаш изгледано во еден ден? Човече тоа се девет саати, што кофеин ти требало за таков маратон?:D
 
wot сите три филма ги имаш изгледано во еден ден? Човече тоа се девет саати, што кофеин ти требало за таков маратон?:D
Продолжените верзии се 11 часа!!! :гик:
 
7tOo2OMUhB8

Совршенство.
Коефициент за победа на оскарите во категоријата најдобра песна очекувам да биде 0.99
Е сега на твојот клип, додај го овој:

 
Видео за The Hobbit, нешто во стил на вовед и трае 13 мин.

Предупредување за тие што несакаат ни најмал спојлер, има кратки сцени/исечоци од филмот (но не до тој степен да ви го уништи задоволството, туку да ве натера да го гледате во кино!).

 
Мех, вистинските фанови ја знаат книгата па не ги плашат спојлери. Освен што доделе малце повеќе и од другите книги но да не зборам сеа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom